Коктел за сон
„Коктел за сон“ — збирка од поезијата за деца на македонскиот писател Видое Подгорец.
Автор | Видое Подгорец |
---|---|
Земја | ![]() |
Јазик | македонски |
Жанр | поезија |
Издавач | Григор Прличев |
Издадена | 1995 |
Медиум | печатено издание |
Содржина
уредиЗбирката содржи 45 песни за деца кои можат да бидат поделени на песни со различна тематика и еден вид циклуси. :[1]
- Песна за детската песна, претставува програмска песна за поетовата инспирација да пишува детски песни.
- Драга мамо е втората песна посветена на личноста која остава трен белег кај детето.
- Будење, Вестоносци на пролетта, Пролетна треска, Априлски оркестар,Мајско утро, Мајски цвет се песни за помените во природата во пролет.
- Што е среќа, Три убави збора, Четири желби, Дремка и сон, Ветре,Заспивалка, Лулка, Прашања без одговор, За убави сништа, заедно со Коктел за сон се песни за соништата и сликаат поетски пејзажи за сонот, надежта, среќата.
- Глувчешка заспивалка, Пајак и оса, Изгубеното мравче, Гавран и лисица, Соседовиот петел, Две мечиња, Два полжава, Неблагодарното куче,Песна за верверичката- песни-басни во кои животните говорат и раскажуваат приказна.
- Ред по ред, Роса, Необични прашања, Бесмртна вода, Што би се случило, Си бил еднаш, Топла песничка се поетски слики за прашања кои се јавуваат во детската душа.
- Села, села,Во Глумово сите глумат, Зошто е шарена Шара, Во Мокрино сè е мокро, Песна за Сушево, Белица и Црник- песни за топоними кои на интересен начин за децата раскажуваат приказни за различни места.
- Песна за водите, Рибја песна, Лекција за морињата, Кој бил Капетан Кук се песни за патувања и мориња
- Изгубеното мече (поема)- последниот запис е поема, приказна за портагата на мечето по мајка си со среќен крај.
Изданија
уредиВо 1995 година, книгата била објавена како издание на издавачкото претпријатие „Григор Прличев“ во едицијата Бреза. Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 94 страници. Нацртот на корицата е дело на Бојана Чаминска. Книгата е испечатена во НИП „Нова Македонија“ во Скопје. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-661-04-9.
Осврт кон делото
уредиПочнувајќи од првата „Песна за детската песна“ до последната поемата „Изгубеното мече“ збирката поезија дише со ведрина и вештина на создавање на поезија за детската читателска публика. Според програмската песна, песната на Подгорец е „светла, чиста, палава, искрена и штедра, со широчина и слобода, таа тагата ја зема и во неа сè е можно“. Тој знае да зборне со мравката, пчелата, птицата, цветот. Подгорец ги знае и желбите на сите деца, па во светот на децата нема војни ниту глад. Басновидните песни имаат своја приказна и поука, но и задолжително хумор со кој изобилува поезијата на овој автор. Во насловната песна „Коктел за сон“ авторот кажува што сè е потребно за убав сон, сликајќи со зборови прекрасни пејзажи од облаци, месечина и ѕвезди. Во песната „Села, села...“ авторот со игра на зборови ги набројува селата во Македонија правејќи на тој начин географско поетско четиво. Со истиот мотив си поигрува со имињата на селата во песната „Во Глумово сите глумат“, а не го изостава и родното Мокрино „ Во Мокрино сè е мокро“, песната за Шара, Сушево, Белиаца и Црник. Овие навидум непоетични теми и тоа како се мајсторски, поетски насликани што младиот читател создава слика за селскиот живот, природата и одликите на селото. Поетот ги води на патување своите читатели со песната „Лекција за морињата“, а со песната „ Кој бил Капетан Кук“ на ведар начин го опишува познатиот морепловец. Збирката завршува со поемата „Изгубеното мече“- поема за изгубеното животинче, и претставува еден вид на продолжение на сликовницата „Чудесна шума“.
Наводи
уреди- ↑ Коктел за сон, Видое Подгорец, 1995,„Григор Прличев“, Скопје (Едиција Бреза)