Кнут Велики

(Пренасочено од Кнут Големниот)

Кнут Велики или Кнуд Велики (старонордиски: Knútr inn ríki, дански: Knud den Store or Knud II, староанглиски: Cnūt se Micela норвешки: Knut den mektige, англиски: Canute the Great, шведски: Knut den Store; ~ 985/ 995 – 12 ноември 1035) — крал на Данска од 1018 г., крал на Англија од 1016 г, на Норвешка, а од 1028 г. и на дел од Шведска.

Кнут Велики
Портрет на Кнут Велики од XIII век
Крал на Данска
На престол1018–1035
ПретходникХаралд II
НаследникХардекнут
Крал на Англија
На престол1016–1035
ПретходникЕдмунд II
НаследникХеролд
Крал на Норвешка
На престол1028–1035
ПретходникОлав II
НаследникМагнус I
Крал на Шведска
На престол1026–1030
ПретходникАнунд Јаков
НаследникАнунд Јаков
Почивалиште
СопружникЕлфгифу Нортхемптонска
Ема Нормандска
ДецаСвен I
Харолд Брзоногиот
Кнут III
Ганхилда
ДинастијаКнитлинзи
ТаткоСвен Вилобрадиот
МајкаСигрида Гордата

Роден е во 985 или 995 година, а починал во 1035 година. Бил син на Свен Вилобрадиот[1][2][3]. Имал помалку од дваесет години кога неговиот татко го испратил кон поход на Англија во 1015 година. Со војска од околу 10.000 војници, многу бргу постигнал успеси, па во април 1016 година ја започнал опсадата на Лондон. По започнувањето на опсадата, кралот Едмунд II успеал да побегне од градот, но за ова дознал Кнут, па многу бргу го пресретнал и го поразил. Според договорот, целата земја требала да биде управувана од страна на двата крала, но Едмунд починал. Така, Кнут кон крајот на јануари 1017 година станал крал на Англија.

Како крал на Англија, Кнут вовел голем број на реформи. Во 1017 година ја поделил земјата на четири грофовии: Весекс, Мерсија, Источна Англија и Нортамбрија. Кога ја стабилизирал својата власт во Англија, повторно се упатил кон Данска. Во 1018 година на престолот на Данска го наследил својот брат. Поради отсуството на кралот во Данска, норвешкиот и шведскиот крал ја нападнале Данска. Улф Јарл исто така не покажал лојалност кон кралот. Ги наговорил на Данците за свој крал да го изберат Хардекнут. Подоцна, Јарл му помогнал на Кнут да ги порази на Швеѓаните и Норвежаните. И покрај тоа, Кнут Велики во 1026 година наредил Јарл да биде убиен.

Во 1028 година, Кнут успеал да ја освои Норвешка. Така, тој станал крал на цела Англија, Данска, Норвешка и делови на Шведска.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Encomiast, Encomium Emmae, ii. 2, pg. 18
  2. Thietmar, Chronicon, vii. 39, pgs. 446–447
  3. Trow, Cnut, p. 40.

Надворешни врски

уреди