Отвори го главното мени

Клотар IV е крал на Франките од Австразија од 717 до 719. Роден околу 685, веројатно како трет син на кралот Теудерик III, бил одбран од мајордомот на палатата на Австразија Карло Мартел за да му се спротивстави на кралот Хилперик и на мајордомот на Неустрија Раганфред. Починал во 719.

Клотар IV
Крал на Франките
Владеење717-719
ПретходникДагоберт III
НаследникХилперик II
(Обединување на сите франкиски кралства)
ДинастијаМеровинзи
ТаткоТеудерик III ?

ИзвориУреди

- Поглавје 10 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

Карло [...] си одбра крал по име Клотар. Хилперик и Раганфред побрзаа да испратат тогаш амбасадори кај Одо, барајќи ја веднаш неговата помош и му дадоа кралство и подароци. Овој дигна војска од Гасконци, стигна докај нив и тие тргнаа против Карло. Но тој, без да трепне од страв побрза да ги пресретне. Одо, исплашен дека нема да може да му се спротивстави, побегна. Карло го гонеше сé до Париз потоа, откако ја помина Сена, сé до Орлеан, но овој успеа да побегне преминувајќи ги границите на неговите региони и носејќи го со себе Хилперик и богатствата што му ги зема. Тогаш умре кралот Клотар. Карло, преку посредници, ги прими Одо и таканаречениот крал Хилперик. Овој дојде во Нојон и после кратко време, го снема од живите и од тронот: Умре откако владееше шест години. [...].


Види истоУреди