Клодовик IV
Клодовик IV е крал на Франките од 691 до 695. Понекогаш се меша со Клодовик III во генеалогиите кои ги земаат предвид само кралевите на Франките од Неустрија. Понекогаш и самите историчари намерно го именуваат како Клодовик III, ако се земе тоа дека другиот Клодовик бил таканаречен ’’лажен крал’’, односно измамник наместен на престолот од страна на мајордомот Еброин.
Клодовик IV | |
---|---|
Крал на Франките | |
![]() | |
На престол | 691-695 |
Претходник | Теудерик III |
Наследник | Хилдеберт IV брат му |
Династија | Меровинзи |
Татко | Теудерик III |
Мајка | Клотилда |
Роден околу 680, постар син и наследник на кралот Теудерик III, доаѓа на престолот на возраст од 11 години, и умира на 15. Бидејќи е малолетен во тек на целото негово владеење, мајордомот на палатата на Австразија, Пипин Хересталски, владее во негово име. Неговиот брат Хилдеберт го наследува после неговата смрт во 695.
ИзвориУреди
- Поглавје 6 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :
Кралот Теудерик умре, откако владееше седумнаесет години. На чело на кралството го ставија Клодовик, неговиот мошне млад син. Меѓутоа, по неколку години, таканаречениот крал падна болен и умре после четири години владеење. Неговиот брат Хилдеберт седна на престолот[...].
Клодовик IV Роден(а): 682 Починал(а): 695
| ||
Претходник Теудерик III |
Крал на Франките 691–695 |
Наследник Хилдеберт III |