Клодовик III е крал на Франките од Австразија од 675 до 676.

Клодовик III
Крал на Франките од Австразија
Portrait Roi de france Clovis IV.jpg
Клодовик III крал на Франција » од Жан Дасие (1676-1763). Национална библиотека на Франција. Белешка : Оваа претстава е плод на фантазијата и не одговара на ниедна историска вистина
На престол675676
ПретходникХилдерик II
НаследникДагоберт II
ДинастијаМеровинзи
ТаткоКлотар III ?

Роден околу 670, за него се мисли дека му бил син на Клотар III, но впрочем веројатно обичен измамник кој го измислил Еброин. Во 675, после убиството на кралот Хилдерик II, Неустријците и Бургондите за крал го прогласиле Теудерик III. Австразијците и поранешниот мајордом на палатата Еброин, тргнати од власт, за крал на Австразија го прогласиле, младиот Клодовик, едно петгодишно дете. Гледајќи дека нема голема поддршка, Еброин се откажува од идејата да го поддржува Клодовик во замена да стане мајордом на палатата на Неустрија. Клодовик III бил симнат од престолот. Најверојатно бил однесен во манастир каде починал. Датумот на неговата смрт не е познат.

ИзвориУреди

- "Животот на Св.Леже владиката од Отен" (vers 680) :

[...] Откако тоа се стори, одмаздата не чекаше да ја донесе својата пресуда врз Хилдерик : неговите лоши навики воопшто не им се допаѓаа на големците од палатата; и едниот од нив кој го трпеше понестрпливо од другите, му зададе смртен удар, додека во една шума, тој заштитен ловеше [...]. Теодорик, вратен во своето кралство, беше на сигурно во Сен-Клод, кога Еброин ненадејно пристигна со Австразијците [...]. Мајордомот на палатата беше убиен, и Еброин го стори овој злостор, поттикнат од лошите совети на тие ѓаволи од луѓе [...]. Тие земаа некакво дете, за кое тврдеа дека му е син на Клотар, и го прогласија за крал на Австразија. Така собраа околу себе многу луѓе на кои тоа им беше за верба за да војуваат [...]. Колку многу луѓе излажани со оваа измама веруваа дека Теудерик е мртов и дека Клодовик му е син на Клотар! [...]. Додека се случуваа сите овие нешта, после смртта на Хилдерик, откако владиците и големците од Неустрија и Бургундија кои го вратија Теодорик во неговото кралство мирно се вратија дома, лошите од своја страна креваа војска [...]. Сепак лошиот Еброин не можејќи долго да го крие својот злостор, ја напушти страната на неговиот лажен крал за да се врати во палатата на Теодорик. Тој тука беше примен со интрига и повторно стана мајордом на палатата’’[...].


Клодовик III
Починал(а): 676
Претходник
Хилдерик II
Крал на Австразија
675–676
Наследник
Дагоберт II