Отвори го главното мени

Клодовик II, наречен « Мрзливиот », роден во 635 и починат на 31 октомври 657, бил крал на Неустрија и крал на Бургундија од 639 па сé до неговата смрт.

Клодовик II
Крал на Франките од Неустрија и Бургундија
Златна монета од Клодовик II (639-657).
Владеење19 јануари, 63931 октомври, 657
ЗвањаКрал на Франките
ПретходникДагоберт I
Клотар III
НаследникКлотар III
ДецаКлотар III
Хилдерик II
Теудерик III
ДинастијаМеровинзи
ТаткоДагоберт I
МајкаНантилда
ПотписSouscription de Clovis II.jpg

БиографијаУреди

Клодовик II дошол на престолот по смртта на неговиот татко Дагоберт I, во 639. Дагоберт имал четири деца, а неговата жена Нантилда била регент во тек на нивното малолетство сé до нејзината смрт во 642. Понатаму владеењето на Клодовик II се одвива под влијание на мајордомот на палатата на Неустрија Ега како и Ерхиноалд (или Аршамбо). Кралската резиденција тогаш била во Клиши.

Во 649, Клодовик II се оженил со некоја англосаксонска слугинка што се викала Батилда (626-680). Купена во Јорк од страна на мајордомот Ерхиноал, таа била донесена во кралството на Франките за да се омажи со Клодовик II. Од овој брак му се родиле тројца синови :

  • Клотар III (652-673), кој го наследува својот татко како крал на Неустрија и на Бургундија (657-673) ;
  • Хилдерик II (653-675), кој станува крал на Австразија после смртта на Хилдеберт Посвоениот (662-673), потоа крал на сите Франки по смртта на неговиот постар брат Клотар III (673-675) ;
  • Теудерик III (654-691), кој станува крал на Неустрија и на Бургундија по смртта на брат му Клотар III во 673. Малку време подоцна постариот брат Хилдерик II го симнал од престолот. Теудерик станал крал на Неустрија и на Бургундија по смртта на Хилдерик II (675-679), потоа крал на сите Франки по смртта на неговиот братучед Дагоберт II (679-691).
 
Гробовите на Клодовик II (прв план) и на Карло Мартел (втор план) во базиликата Сен-Дени.

Клодовик II умрел на 31 октомври 657, на 22 годишна возраст, после 18 години владеење како крал. Закопан бил во Сен-Дени, до неговиот татко Дагоберт.

Според една легенда, два сина на Клодовик II дигнале бунт против својот татко во тек на некој аџилак во Светата земја. Тогаш, Клодовик II ги победил и сакал да им ги изгори нервите на нозете. Двајцата браќа тогаш се амонашиле во опатијата Жумиеж која отпосле богато била дарувана од Клодовик и Батилда. Оваа легенда нема никаква историска подлога: Клодовик II не бил никогаш во светата земја а тој умрел на млада возраст така што неговите синови биле премногу мали за да креваат бунт против него.

ИзворУреди

Поглавје 1 од « Продолжението на хрониката на Фредегер » (околу 760) :


БиблиографијаУреди

  • Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 .
  • Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001 .
  • Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). 2 édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm. .
Клодовик II
Роден(а): 637 Починал(а): 655
Претходник
Дагоберт I
Крал на Неустрија и Бургундија
639–655
Наследник
Клотар III