Отвори го главното мени

Клиторис (Грчки κλειτορίς) или дразница е женски полов орган. Клиторисот е најчувствителната ерогена зона на жената, и основен анатомски извор на женското сексуално задоволство. Познавањето за клиторисот е значително импактирано од културните сфаќања за органот. Студии укажуваат на тоа дека знаењето за неговото постоење и анатомија е слабо во споредба со она на другите сексуалните органи, и дека повеќе едукација за тоа би можело да помогне во ублажувањето на социјалните стигми поврзани со женското тело и женското сексуално задоволство; на пример тоа што женската мастурбацијата е табу тема. На конференцијата за Канадското Друштво на Жени во Филозофијата во 2002 година, д-р Ненси Туана тврдеше дека клиторисот е непотребен во репродукција; Таа вели дека тој е игнориран поради "стравот од задоволство. Тоа е задоволство одделено од репродукција. Тоа е стравот." Таа оцени дека овој страв предизвикува незнаење, кое става превез врз женската сексуалност. О'Конел тврди "тоа се сведува на ривалството меѓу половите: Идејата дека едниот пол е сексуален а другиот репродуктивен. Вистината е дека и двата се сексуални и репродуктивни."

Клиторис
Clitoris anatomy labeled-en.jpg
Внатрешна анатомија на вулва, со клиторис и labia minora. Клиторисот се протега од видливиот дел до пубичната коска.
Податоци
ПрекурзорGenital tubercle
АртеријаDorsal artery of clitoris
живецDorsal nerve of clitoris
Назнаки
MeSHA05.360.319.887.436
TAA09.2.02.001
FMAFMA:9909