Кишава (планина)

планина во Тесалија, Грција

Кишава (грчки: Κίσσαβος, Кисавос) или Оса (Όσσα) — планина во Ларискиот округ на областа Тесалија, Грција, висока 1.978 м. Сместена помеѓу планините Пилио (Пелион) на југ и Олимп на север, од која е одделена со Темпејската Долина. Словенското име „Кишава“ има значење „мокра“ или „дождлива“[2] и го дели потеклото со истоименото село во Битолско.

Кишава
Όσσα / Κίσσαβος
Distant view of Kissavos.jpg
Највисока точка
Надм. вис.1.978 м [1]
Истакнатост1.854 м [1]
Координати39°47′49″ N; 22°41′13″ E / 39.7969° N; 22.6869° E / 39.7969; 22.6869Координати: 39°47′49″ N; 22°41′13″ E / 39.7969° N; 22.6869° E / 39.7969; 22.6869[1]
Географија
МестоЛариски округ, Грција
Местоположба на Кишава во рамките на округот

Во митологијатаУреди

Во старогрчката митологија, Алоадите направиле обид да ја стават планината Пелион врз Оса (Кишава) за да се искачат на Олимп.[3]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Oros Ossa (Kissavos), "Europe Ultra-Prominences". Peaklist.org. посет. 19 февруари 2012 г
  2. Vasmer, Max (1941). Die Slaven in Griechenland. Berlin: Verlag der Akademie der Wissenschaften. стр. 100.
  3. Псевдо-Аполодор, Библиотека i, 7, 4.

Надворешни врскиУреди