Киро Лазов Наков ( 1921Скопје25 април 1945 во Срем, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Киро Наков
Роден 1921 година
Скопје, Македонија
Починал 25 април, 1945 година
Срем, Србија

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа работел како работник. По ослободувањето на Македонија бил дел од Козјачкиот партизански одред, па cтaпил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Се истакнал со својата храброст во борбите за ликвидирање на балистичките банди на Косово. Потоа со Бригадата заминал за Срем. По пробивот на Сремскиот фронт, храбро загинал на 25 април 1945 година, во еден жесток судир со германако-усташките сили.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 98. На |first= му недостасува |last= (help)