Кирил Билбиловски

Кирил Билбиловски (30 мај 1920, Скопје - 24 септември 1989, Охрид) – 24 септември 1989, Охрид, Македонија) — македонски режисер, фотограф, филмски снимател.[1][2]

Кирил Билбиловски
Роден 30 мај 1920
Скопје,  Кралство Југославија
Починал 24 септември 1989
Охрид,  Македонија
Националност Македонец
Занимање режисер, фотограф, филмски снимател

Животопис уреди

Пионер на македонската кинематографија, еден од првите уметнички фотографи и втемелувач на професијата филмски снимател во Македонија. Животната преокупација – филмската уметност ја работел со неверојатен ентузијазам, снимајќи повеќе од сто документарни филови и десеттина играни филмови.

Како филмски снимател неговото име се јавувило и на шпицата на првиот македонски игран филм „Фросина“. Пред 1947 година односно пред доаѓањето во продуцентската куќа „Вардар филм “ - Скопје работи како професионален фотограф. Покрај неговиот богат снимателски опус, има и неколку филмски остварувања како режисер и сценарист. Добитник е на повеќе награди и признанија за својата работа.

Филмографија уреди

  • 1948: Филмски преглед бр. 3 ( Снимател, )
  • 1948: Филмски преглед бр. 4 ( Снимател, )
  • 1948: Филмски преглед бр. 5 ( Снимател, )
  • 1948: Филмски преглед бр. 6 ( Снимател, )
  • 1948: Илинден 1948 ( Снимател, )
  • 1948: Сточарството денес ( Режија, Снимател, )
  • 1949: Филмски преглед бр. 8 ( Снимател, )
  • 1949: Филмски преглед бр. 10 ( Снимател, )
  • 1949: Филмски преглед бр. 11 ( Снимател, )
  • 1949: Филмски преглед бр. 12 ( Снимател, )
  • 1949: I конгрес на КПМ ( Снимател, )
  • 1950: Пет години НРМ ( Режија, )
  • 1951: Културен живот во Македонија ( Режија, Сценарио, )
  • 1952: Фросина ( Директор на фотографија, )
  • 1953: Преспа ( Режија, )
  • 1953: Тито меѓу нас ( Режија, Снимател, )
  • 1954: Охрид ( Режија, )
  • 1954: Втор конгрес на СКМ ( Снимател, )
  • 1954: Македонски тутун ( Режија, )
  • 1954: Македонски тутун II ( Режија, Снимател, )
  • 1955: Кумановска Отља ( Режија, )
  • 1955: Десет години слободен мај ( Снимател, )
  • 1956: Шести скопски саем ( Снимател, )
  • 1956: Прва изложба на југословенскиот тутун ( Снимател, )
  • 1957: Полог (економски преглед) ( Снимател, )
  • 1957: Полог (туристички преглед) ( Снимател, )
  • 1957: Подарок од веселиот молер ( Директор на фотографија, )
  • 1958: Во пазувите на Шара ( Снимател, )
  • 1958: Охридско Езеро ( Снимател, Сценарио, )
  • 1958: По трагите на јагулите ( Снимател, )
  • 1958: Македонски тутун III ( Режија, Снимател, )
  • 1959: Прилеп, вчера и денес... ( Сценарио, )
  • 1959: Нерадосни игри ( Снимател, )
  • 1959: Допири со смртта ( Снимател, )
  • 1959: Претседателот Тито се врати во земјата ( Снимател, )
  • 1960: Први Мај 1960 ( Снимател, )
  • 1960: Шарпланинецот Мургош ( Снимател, Сценарио, )
  • 1960: Погон 3 ( Снимател, )
  • 1960: Давид, Голијат и петел ( Директор на фотографија, )
  • 1961: 14 финале на фудбалскиот куп ( Снимател, )
  • 1961: Први Mај 1961 ( Снимател, )
  • 1961: Детето од колоната ( Снимател, )
  • 1961: 11 Октомври 1941-1961 ( Снимател, )
  • 1961: Сфинга ( Снимател, Сценарио, )
  • 1961: Македонија 1941 ( Снимател, )
  • 1962: Зимски импресии ( Снимател, )
  • 1962: Афион ( Снимател, )
  • 1962: Кој е виновен? ( Снимател, Сценарио, )
  • 1962: Охридска пастрмка ( Снимател, Сценарио, )
  • 1963: Стопанството под ударот на катастрофата ( Снимател, )
  • 1963: Замрзнато езеро ( Снимател, )
  • 1963: Школите и универзитетот во скопската катастрофа ( Снимател, )
  • 1963: Катастрофа, страдања, надежи ( Снимател, )
  • 1963: Девојките од Мали ( Снимател, )
  • 1963: За нови достигања ( Снимател, Сценарио, )
  • 1964: Додека владееше оризот ( Снимател, )
  • 1964: Рибарството во Катлановско езеро ( Снимател, )
  • 1964: Кеј 13 Ноември ( Снимател, )
  • 1964: Светлостите во канон заклучени ( Снимател, )
  • 1964: Средба на солидарноста ( Снимател, )
  • 1965: Денови на искушение ( Директор на фотографија, )
  • 1965: Од ден во ден ( Снимател, )
  • 1965: Рудник „Дамјан“ - Радовиш ( Снимател, )
  • 1965: Весници, весници ( Снимател, )
  • 1966: Темели на солидарноста ( Снимател, )
  • 1966: Мариовска свадба ( Снимател, )
  • 1966: Охридскиот светилник - Климент Охридски ( Снимател, )
  • 1967: Каде по дождот ( Директор на фотографија, )
  • 1967: Македонска крвава свадба ( Директор на фотографија, )
  • 1967: Тито во железарницата „Скопје“ ( Снимател, )
  • 1967: Тито во Охрид ( Снимател, )
  • 1967: На охридските извори ( Снимател, )
  • 1967: Лето господово ( Снимател, )
  • 1968: Довикување на пролетта ( Снимател, )
  • 1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени... ( Снимател, )
  • 1969: ЗИК Пелагонија ( Снимател, )
  • 1969: Еден летен ден во Охрид ( Снимател, )
  • 1969: Свилен конец ( Снимател, )
  • 1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија“ ( Снимател, )
  • 1969: Песталоци ( Снимател, )
  • 1970: Разбудени копови ( Снимател, )
  • 1970: Свадба на Шарпланинецот ( Снимател, )
  • 1970: Кирил и Методиј ( Снимател, )
  • 1970: Празник ( Снимател, )
  • 1970: Надевај сè додека дишеш ( Снимател, )
  • 1970: Рудник „Тајмиште“ Кичево ( Снимател, )
  • 1970: Скопје ( Снимател, )
  • 1971: Македонски дел од пеколот ( Директор на фотографија, )
  • 1971: Рудник Демир Хисар - Сопотница ( Снимател, )
  • 1971: Рудник Жван ( Снимател, )
  • 1972: Град на човечко препознавање ( Снимател, )
  • 1975: Видувања ( Снимател, )
  • 1976: Најдолгиот пат ( Директор на фотографија, )
  • 1977: Исправи се, Делфина ( Директор на фотографија, )
  • 1977: Матуранти ( Снимател, )
  • 1978: Лето Господово ( Снимател, )
  • 1979: Охридското културно и природно наследство (Охрид Унеско) ( Снимател, Сценарио, )
  • 1980: Кога ( Снимател, )
  • 1982: Вангел Наумовски ( Снимател, )
  • 1982: Мистериозниот предмет ( Директор на фотографија, )
  • 1982: Полноќно сонце ( Директор на фотографија, )[3].

Награди уреди

1950 Владата на НРМ со Указ доделува одликување / „Пет години НРМ“

1950 Владата на НРМ со Указ доделува одликување / „Прв Конгрес на КПМ“

1950 Владата на ФНРЈ доделува Одликување за режија и камера / „Сточарите денес“

1951 Владата на НРМ доделува Награда за режија и камера / „Културен живот во Македонија“

1955 Јубилејна плакета по повод 10 години југословенска кинематографија

1958 Туристички сојуз на [[Југославија, Прва маграда за камера / „Охридско Езеро

1958 МФФ, Тренто, Сребрена чинија - Специјална награда / „По трагите на јагулите“

1965 Јубилејна плакета по повод 20 години југословенска кинематографија

1967 ФФ”Лов и риболов“, Нови Сад, Награда за режија и камера / „По трагите на јагулите“ 1967

Награда 13 Ноември на град Скопје / „Денови на искушение“ и „Охридскиот светилник“ 1970

ФЈДКФ, Белград, Златен медал - Белград / „Свилен конец“

1971 ФЈДКФ, Белград, награда Орво-филм за една од најуспешните награди

„Надевај сè додека дишеш“ 1976 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за камера

„Најдолгиот пат“ 1976 Републичка награда Награда „11 Октомври“

„Најдолгиот пат“ 1977 ФЕСТ, Београд, Диплома ја најдобра камера

Голема повелба за придонес во развојот на југословенскиот филм 1990 Југословенски фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Битола.

Посмртна награда за снимателската дејност.

Наводи уреди

  1. / Кирил Билбиловски
  2. Petruševa, Ilindenka (1991). Filmološka bibliografija: kinematografijata vo dnevniot i periodičniot pečat vo Makedonija : bibliografija, 1944-1954. Kinoteka na Makedonija.
  3. илбиловски Киро

Надворешни врски уреди