Киевските листови (или Киевски мисал; научна кратенка Ki) се седум листови од старословенски ракопис напишан на глаголица, кои содржат делови од римската литургија. Вообичаено се смета за најстариот и најархаичен старословенски ракопис,[1] и се датира не подоцна од втората половина на 10ти век.[2] Седумте пергаментни листови се во мал формат (ок.14.5 cm × 10.5 cm), односно биле дел од лесно пренослива книга која ја користеле мисионери кои често се движеле од едно на друго место.

Киевски мисал
Листови од Киевскиот мисал. Копија. Киевски историски музеј
Создаден10ти век
Откриен19ти век
Сегашна локацијаКиев

Откривање

уреди

Киевските листови биле откриени во 19ти век во Ерусалим од страна на архимандритот Андреј Капустин, кој ги поклонил на Киевската духовна академија.[3] По револуцијата во 1917, листовите биле префрлени во библиотеката на Украинската академија на науките, каде што се чуваат и денес.

Датирање и потекло

уреди

Првата страница од листовите е напишана подоцна во споредба со другите страници, веројатно на преминот од 11ти во 12ти век.[3] Лингвистичките, палеографските и графичките особености ја индицираат јужна Хрватска како место на потекло на оваа страница.[3]

Останатите листови содржат дел од римскиот мисал, и се датираат не подоцна од втората половина на 10ти век.[3]

Лингвистички особини

уреди

Киевските листови од страна на славистите се сметаат за најстари меѓу старословенските ракописи, иако тие имаат некои западнословенски одлики што укажуваат на зачетокот на чешко-моравската рецензија на старословенски.[4] Тие се:

  • Наместо старословенските шт, жд присутни се западнословенските рефлекси на прасловенските */tj/ и */dj/, т.е. наместо помошть, просѧште, даждь, туждимъ, тъжде се среќаваат помоць, просѧце, дазь, тузимъ, тъзе итн.[4]
  • На местото на прасловенските *stj и *skj каде се очекува старословенскиот рефлекс шт, но се среќава шч: очишчениѣ, зашчити (императив), зашчитить.
  • Генетив на прво лице на заменката азъ во старословенски е мене. Во Киевските листови се среќава мне.

Наводи

уреди
  1. Lunt (2001:9) "The seven glagolitic folia known as the Kiev Folia (KF) are generally considered as most archaic from both the paleographic and the linguistic points of view..."
  2. Damjanović (2003:15)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Damjanović (2003:16)
  4. 4,0 4,1 Damjanović (2003:17)