Кжиштоф Пендерецки

Кшиштоф Еугениуш Пендерецки (роден на 23 ноември 1933 година во Дебица, починал на 29 март 2020 година во Краков ) - полски композитор, диригент и професор по музика. Претставник на полската композиторска школа во 1960-тите. Професор и ректор на Академијата за музика во Краков .

{{{Name}}}
Основни податоци
Инструмент(и)skrzypce, fortepian

Тој има компонирано четири опери, осум симфонии и голем број други оркестарски дела, инструментални концерти, хорски амбиент главно за религиозни текстови, како и камерни и инструментални дела. Меѓу неговите најпрепознатливи дела се Жртвите на Хирошима - Тренодија, Страста според св. Лука, полски реквием и симфонија бр. 3

Студирал композиција на Државното високо музичко училиште во Краков (сега Музичка академија во Краков ), каде што по дипломирањето започнал да работи како академски учител. За првпат стана познат во 1959 година по премиерата на дела строфи, еманации и Псалмите Давидови на фестивалот Варшавска есен . Тој бил посебно ценет за композицијата Трен за гудачки оркестар, посветена на жртвите од атомскиот напад на Хирошима и хорското дело Страст според св. Лука . Неговата прва опера, Ѓаволите на Лодун, беше премиерно изведена во Хамбург и Штутгарт во 1969 година. Почнувајќи од средината на 1970-тите, композицискиот стил на Пендерецки се променил, а неговиот прв концерт за виолина се фокусирал на полутон и тритон. Во 1980-тите, тој го напишал своето хорско дело, Полски реквием .

Неговата музика е користена неколкукратно од филмаџиите. Делата на Пендерецки се прикажани во филмови како „Егзорцистот“ на Вилијам Фридкин, „Сјајот“ на Стенли Кјубрик, „Диво во срцето“ на Дејвид Линч, „Човечки деца“ на Алфонсо Куарон, „Катин“ на Анджеј Вајда и „Островот на тајните“ на Мартин Скорсезе . Тој исто пишувал музика за голем број полски и странски филмови [1] .

Добил голем број престижни награди за својата работа, вклучувајќи ја и наградата Италија, двакратно: во 1967 и 1968 година, и четири Греми награди : во 1988, 1999 година (две) и 2017 година. Голем број универзитети во Европа и САД му доделиле титулата почесен доктор . Пендерецки имал почесно државјанство на Бидгошч [2] и бил почесен претседател на Сојузот на полските композитори [3] . Добил голем број државни одликувања. Витез на највисокото полско одликување, Орденот на белиот орел. Исто така, постојано бил номиниран за наградите на Фонографската академија „Фридерик“ во категориите класична музика (вклучувајќи го четири пати во категоријата композитор на годината на класична музика ). Во 2009 година го добил Златниот Фрајдерик за животно дело во класичната музика [4] .

Бил член на Полската академија за учење [5] и на ЗПАВ фонографската академија.

Во 2012 година, Гардијан го нарече „веројатно најголемиот жив полски композитор“ [6] .

Раните годиниУреди

Роден е на 23 ноември 1933 година во Дебица [7] . Бил син на адвокатот Тадеуш Пендерецки и Зофија [8] . По неговата баба од страна на таткото, Стефанија Шилкевич, тој имал ерменско потекло, додека од страната на неговата мајка - Германец [9] [10] . Потекнувал од семејство со уметнички традиции [11], музичари биле неговиот татко, како и неговиот дедо, Роберт Бергер (професионално банкар); Тадеуш Кантор бил негов братучед [9] .

На шестгодишна возраст [12], посетувал часови по пијано [11], од кои се откажал поради неедагошкиот пристап на неговиот учител [12] . По завршувањето на Втората светска војна почнал да учи да свири виолина [12] . Работел и со Станислав Дала [12], покрај него почнал да ги пишува своите први композиции [12]. За време на војната се соочувале со недостатокот на ноти за виолински етиди, а тоа  ги принудило сами да ги пишуваат вежбите [12] . Тој, исто така, земал часови по композиција од Францишек Сколишевски. Во периодот 1955–1958 студирал композиција на Државната виша музичка школа во Краков во класата на Артур Малавски.

КариераУреди

Во 1959 година, тој освол три први награди на конкурсот на Здружениоето на Полски Композитори [12] за неговите композиции: строфи, еманации и Псалмите Давидови. Како награда добил стипендија која му овозможила да оди на странски универзитет [12] . Во тој период со пријателите (вкл. Пјотр Скржињецки и Бронислав Хроми ) го основале Пивница под Баранами (под овните) [12] .

Во исто време започнува да компонира музика за театар и филм. Првата театарска претстава со музиката на Пендерецки била Златен клуч / на Јекатерина Борисова во режија на Владислав Јарема (премиерата е изведена на 12 мај 1957 година во Краков во куклениот театар „Гротеска“ ) [13] . Во 1959 година, во студиото за цртани филмови во Биелско-Биала, тој создал музика за првиот анимиран филм, Буландер и ѓавол, во режија на Јержи Зицман и Лехослав Маршалек [14] . Во 1959 година ја напишал партитурата за првиот краток фантастичен филм на Јан Ломницки, „ Нема крај на големата војна“ (WFDiF Варшава) [15] . Во следните години, создал над дваесет оригинални музички поставки за драмски и над четириесет куклени претстави и компонирал оригинална музика за најмалку единаесет документарни и играни филмови како и дваесет и пет анимирани филмови за возрасни и деца [16].

Меѓународно познат по дела со оригинални звучни бои, често користејќи неконвенционални техники на артикулација [17] (на пр. тапкање по дното на гудачките инструменти). Оваа композициска техника беше наречена соноризам, а во овој стил меѓудругото беше создадена Страста според св. Лука. Набргу потоа ја создал првата опера Ѓаволите на Лодун, која била премиерно прикажана на 20 јуни 1969 година во операта во Хамбург, во режија на Конрад Свинарски.

Од 1973 година се занимавал со диригирање, водејќи полски и светски симфониски ансамбли,, изведувајќи меѓу другото, дела од Бетовен, Шуберт, Менделсон, Шостакович како и сопствени дела.


Од 1978 година бил член на Социјалниот комитет за реставрација на спомениците во Краков (СКОЗК) .

Во 1996 година го компонира симфонискиот ораториум Седум Порти на Ерусалим нарачан од градот Ерусалим по повод јубилејот 3000 години на Светиот Град. Папремиерата поставена во Ерусалим на 9 јануари 1997 година, а првата изведба во Полска била одржана во Варшава на 14 март 1997 година. десно|мини|200x200пкс|Интервју со Кшиштоф Пендерецки, направено од Музејот на модерна уметност во Луизијана, видео (2013) Ја основал меѓународната музичка академија, Европскиот музички центар во Луславице, каде што живеел од 1976 година. Академијата е отворена на 21 мај 2013 година [18] [19] .

ТворештвоУреди

Тој е еден од првите композитори што ја користел техниката на добивање на звук со помош на нетрадиционални методи од традиционални инструменти [17], која била наречена соноризам. Овој стил е карактеристичен за делата, како - Жртвите на Хирошима - трен, Полиморфија, Де натура сонорис и во Страста според св. Лука, иако во ова дело епизодите на медитација кои се однесуваат на традиционалната мелодија и хармонија се контраст на авангардните драмски сцени.


На извонреден начин ги создал постулатите на тогашната авангарда.Еден од нив беше „ ненамерниот алеаторизам “, кој се состои во неточно пишување на партитури. Иако тоа ја отежнало изведбата и поради протестите на изведувачите во подоцнежните изданија, композиторот дозволил нотите да бидат напишани на конвенционален, прецизен начин (што јасно се гледа во првото и подоцнежните изданија на Страста според св. Лука), но самиот концепт бил видливо подобрување во процесот на запишување на сложени партитури за огромни вокално-инструментални ансамбли и овозможил побрзо реализирање на следните изведби.


На почетокот на 1970-тите, тој ја напушта својата сонористичка техника и сè почесто компонира тонски, оркестрирајќи во стилот на германската симфониска музика од крајот на 19 век ( Симфонија на Бадник ). Бил обвинет за „предавство на авангардата“, но овој стил бил одобрен од пошироката јавност. Во Полска, во 1980-тите години, интерес предизвикуваат дела кои се однесуваат на политички настани, на пр. Полски Реквием, едно од делата вклучени во т.н литургиски социјалистички реализам .

На оригинален начин ги конструирал своите комплексни повеќеделни композиции. Најпрво создавал еден или повеќе делови, а потоа им додавал и други. На овој начин делото многупати било претставувано во своја премиерна изведба. Тоа ја потврдува посветеноста на композиторот кон процесот на создавање на делото и постојаниот стремеж кон совршенство. На овој начин е создаден Полскиот Реквием, како и во 2020 година продолжувањето Симфонијата бр. 7, чија првична верзија беше нарачана за отворањето на Луксембуршката филхармонија и изведена таму во 2005 година.


Тенденцијата за подобрување на креативниот процес, чија прва манифестација беше ненамерниот алеаторизам, го поттикна Пендерецки да ја пренесе на музика традицијата позната во минатото меѓу сликарите, која се состои во тоа што музичкиот мајсторот прифаќа нарачките и ја координира работата, додека учениците извршуваат конкретни задачи, како адаптација на дело за следната актерска екипа или развој на идеи запишани од музичкиот мајсторот.


Меланхоличната природа на многу епизоди во делата од последните години произлегувала од личните преференци на композиторот, кои тој лично не ги открил.

Фрагменти од делата на Пендерецки биле користени од Анджеј Вајда во филмот „ Катин “; саундтракот го подготви Станислав Радван, а претходно и Стенли Кјубрик во филмот „Сјаење“ The Shining .

Педагошка дејностУреди

 
Диригент Кжиштоф Пендерецки

Набргу по дипломирањето, тој започнава да предава на својот матичен универзитет . Меѓу другите негови ученици беа: Марек Стачовски, Абел Коржениовски, Станислав Радван, Aнтони Вит, ЈJоана Внук-Назарова и Kшиштоф Мајер, кој напоменува дека во текот на двете години од своите студии со Пендерецки се сретнал „точно седум пати“ и дека неговата дипломска работа, Пендерецки само ја прелистал [[20] .

Во 1972 година Пендерецки, кој не беше  член на Полската Обединета Работничка Партија, а благодарение на својот авторитет и реакцијата на група универзитетски професори (вклучувајќи ги Миечислав Томашевски, Кжиштоф Мејер и член од партијата, Кжиштоф Мисона) во Министерството за Култура бил номиниран за ректор, наместо Тадеуш Махл, кој бил избран од власта [21]. Во тоа време, Државното Вишо Музичко Училиште во Краков било единствента образовна институција со непартиска власт, а самиот Пендерецки бил наречен „чадор“ [22]. Ректоратот на Пендерецки непрекинато траел 15 години.

СмрттаУреди

Починал на 29 март 2020 година во Краков [23] [24] . Урната со неговата пепел била поставена во базиликата Св. Флоријан, а на 2 април 2020 година се одржала погребна литургија [25] [26] . Погребните церемонии на композиторот се закажани за 29 март 2022 година [27] .

Приватен животУреди

На 21-годишна возраст се оженил со пријателка од средно училиште, пијанистката Барбара Граца [28], , која го земала неговото презиме [29]. Тие имаале ќерка Беата, која дипломирала на Музичката Академија и  била новинарка во Полското Радио во Краков. Сопружниците се развеле[30].

На 19 декември 1965 година [31] се оженил со Елизабета Солечка, која исто така го земала неговото презиме. Со неа имал две деца, Лука (роден 1966 година) [32] и Доминика (родена 1971 година) [32] . Синот дипломирал на четири области на студии: медицина, психологија, менаџмент и полски литература, а исто така се занимавал и како психијатар [33],, а ќерката дипломирала италијанска филологија [34],.


На 13 ноември 2007 година, тој стана член на Комитетот за почесен развој на Центарот за онкологија во регионот Лублин. ул. Јован Дукласки [35] .

Тој станал член на почесниот комитет за поддршка на Бронислав Коморовски пред предвремените претседателски избори во 2010 година [36] и пред претседателските избори во Полска во 2015 година [37] .

Создадени делаУреди

Сценски делаУреди

ОпериУреди

  • 1968–1969: The Ѓаволите на Лодун ( The Devils of Loudun ) - опера во три чина ( либрето на композиторот базирано на Ѓаволите од Лодун на Олдос Хаксли, уредено од Џон Вајтинг )
  • 1975: Најхрабриот витез (детска радио опера) ( либрето Ева Сзелбург-Зарембина )
  • 1976-1978: Изгубениот рај - Sacra rappresentazione во два чина (заснована на песна од Џон Милтон - Изгубениот рај )
  • 1984–1986: Црна маска - опера во еден чин (Текст на Хари Купфер и Кшиштоф Пендерецки, базирана на драмата од Герхарт Хауптман )
  • 1990–1991: Убу Рекс - опера во два чина (либрето: Јежи Јароки, базирано на драмата на Алфред Жари, Убу Рои )

Инструментална музикаУреди

Вокална музикаУреди

Награди, ордени и признанијаУреди

  • Орден на знамето на трудот, 1 степен
  • Награда на министерот за култура и уметност (1961) [38]
 
Церемонија на наградата Per Artem Ad Deum 2015 - од лево: Винсенти Куќма, Волкер Ресинг (издавачка куќа Хердер), Кшиштоф Пендерецки
  • Витежки крст на Орденот на Polonia Restituta по повод 20-годишнината на Народна Полска, доделен од Државниот Совет (1964) [39]
  • Државна награда од 1 степен во пресрет на Националниот ден на повторното раѓање на Полска (1968)[40][41] .
  • Награда на Сојузот на полските композитори (1970)
  • Награда за градот Краков (1972, 2000) [42]
  • Командантски крст на Редот на Polonia Restituta во врска со јубилејот на Народна Полска (1974)
  • Награда Gottfried von Herdera (1977)
  • Државна награда од 1 степен (1983)
  • Награда Jean Sibelius (1983)
  • Premio Lorenzo Magnifico (1985)
  • Награда од Израелската фондација Karl Wolff (1987)
  • Четири Греми награди (1988, 1999 - Две награди, 2017) [43]
  • Велик крст за заслуги од Орденот за заслуги на Сојузна Република Германија (Германија, 1990 година)
  • Награда Grawemeyer на Универзитетот во Луисвил (1992)
  • Командантскиот крст со ѕвезда од редот на Polonia Restituta (1993)
  • Награда на Меѓународниот Музички Совет на УНЕСКО (1993)
  • Орден за заслуги за култура (Кнежество Монако, 1993)
  • Медал за Науката и Уметност - за извонредни достигнувања во областа на уметноста и науката, доделена од претседателот на Република Австрија (1994)
  • Награда Pro Baltica (1995)
  • Орден за Уметност и Книжевност (Франција, 1996)
  • Орден на големиот војвода од Литванија Гедиминас (Литванија, 1998)[44]
  • Музичка награда на градот Дујсбург (1999)
  • AFIM India Award (1999)
  • MIDEM Classical награда како најдобар жив композитор на годината (2000)
  • Офицер со Орден за заслуги на Италијанската Република (2000) [45]
  • Premio Principe de Asturias de las Artes (2001)
  • Награда на Фондацијата за култура (2002)
  • Награда Romano Guardini (2002)
  • Preis der Europäischen Kirschenmusik (2003)
  • Медал на Фондацијата Јудаика (2003)
  • Praemium Imperiale (Јапонија, 2004)
  • Златен медал за „Заслуги за културата Глорија Артис“ (2005)
  • Орденот на белиот орел (2005) [46]
  • Орденот на Трите Ѕвезди (Латвија, 2006) [56]
  • Орден од Редот на Bernardo O’Higginsa (Чиле, 2008)
  • Награда на Министерот за Култура и Национално Богатство (2008)
  • Орден од Редот на Лавот на Финска (2008)[47]
  • Награда Józef Chełmoński (2008)
  • Награда од градоначаникот на градот Гдањск „Нептун“ (2008) [48]
  • Медал за служба за татковината I класа (Ерменија, 2008) [49][50]
  • Медал на Леонардо да Винчи од Европската Академија на Науките во Хановер, доделен во Ереван (Ерменија, 2008 година)
  • Почесна значка „Заслужен за Мазовско Војводство“ (2008) [51][52]
  • Медал „Торуниум“ (2008)[53]
  • Орден на Честа од претседателот на Република Ерменија (2009)
  • Орден за заслуги на Големото Војводство Луксембург (2009)
  • Награда Тансман за извонредна музичка индивидуалност и бескомпромисна работа (2010) [54]
  • Голем крст на Орденот на Pro Merito Melitensi (Орденот на Малта, 2011)
  • Награда Viadriny за придонес во полско-германското договор (7 мај 2012 година) [55]
  • Пасош на „Политика“ за 2012 година во категоријата Културен творец (со сопругата Елизабета Пендерецка) [56]
  • Лауреат на натпреварот „Извонреден Полјак“ (2013) [57]
  • Почесна значка на Подлаското војводство (2013) [58]
  • Орден на крстот на Terra Mariana, 1 степен (Естонија, 2014) [59]
  • Медал Per Artem ad Deum (2015) [60]
  • Краковски Ловор на 21 век (2016) [61]
  • Награда Греми за албумот „Penderecki conducts Penderecki vol.1“ во категоријата Најдобра хорска изведба (2017) [62]
  • Златен Медал на Честа за Заслуги на Малополското Војводство (2013) [63]
  • Почесна значка „Заслужни за Подкарпадско Војводството “ [64]

Почесни докторатиУреди

 
Кжиштоф Пендерецки (2008)
  • Универзитетот во Рочестер - февруари 1972 година
  • Колеџот Свети Олаф, Нортфилд, Минесота - март 1977 година
  • Универзитетот во Бордо - мај 1979 година
  • Универзитетот во Лувен - февруари 1979 година
  • Универзитетот Џорџтаун, Вашингтон - ноември 1984 година
  • Универзитет во Белград - април 1985 г
  • Универзитет во Мадрид - април 1987 година
  • Универзитетот во Адам Мицкевич во Познан - јуни 1987 година [65]
  • Универзитет во Варшава - ноември 1993 година [66]
  • Universidad Catolica, Буенос Аирес - 1994 година
  • Академија за музика во Краков - 1994 година
  • Академија за музика во Варшава - 1994 година [67]
  • Универзитет во Глазгов - 1995 година
  • Јагелонски универзитет - 1998 година
  • Универзитет Клуж, Романија - 1999 г
  • Конзерваториум Пјотр Чајковски во Москва - 1999 година
  • Универзитет Duquesne, Питсбург - 1999 година
  • Универзитет Луцерн - 2000 година
  • Државен универзитет во Санкт Петербург - 2003 година
  • Универзитетот Јеил, Њу Хевн - 2003 година
  • Универзитет Лајпциг - 2003 година
  • Колеџот Болдвин-Волас, Охајо - 2004 година
  • Национален универзитет, Сеул - 2005 година
  • Вестфалски универзитет Вилхелм, Минстер - 2006 година
  • Академија за музика во Гдањск - 6 ноември 2008 година
  • Естонска академија за музика и театар - 27 септември 2009 година
  • Универзитетот за уметности Иван Котларевски во Харков - 2010 година
  • Национален универзитет на Ирска, Мејнут - 2010 година
  • Универзитет во Зиелона Гора - 2014 година [68]
  • Универзитетот во Индијана - 2017 година [69]

Подготвено врз основа на изворниот материјал [70] .

Исто така видиУреди

  • (21059) Пендерецки

ФуснотиУреди

  1. FilmPolski.pl - Krzysztof Penderecki (полски)
  2. „Penderecki honorowym obywatelem Bydgoszczy“. 2009-09-02.
  3. Nowe władze ZKP i nadania tytułów honorowych 2015 Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  4. Nie żyje Krzysztof Penderecki, 2020-03-29
  5. Polska Akademia Umiejętności – Członkowie PAU.
  6. „Jonny Greenwood reveals details of Krzysztof Penderecki collaboration“. 23 stycznia 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. Kto jest kim w Polsce: informator biograficzny. Warszawa: Wydawnictwo „Interpress”. стр. 547. ISBN 83-223-2644-0.
  8. „Krzysztof Penderecki – opowieść o życiu i twórczości“. 2013-11-24.
  9. 9,0 9,1 „Mistrz“. 2018-11-18.
  10. Ciągle myślę o Fedrze – wywiad z Krzysztofem Pendereckim, Rzeczpospolita, dodatek Opera Narodowa we Lwowie, 21 grudnia 2007.
  11. 11,0 11,1 Zwierzenia kontrolowane. Warszawa: Prószyński i S-ka. 2004. стр. 131. ISBN 83-7337-452-3.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 12,7 12,8 Zwierzenia kontrolowane. Warszawa: Prószyński i S-ka. 2004. стр. 132–133. ISBN 83-7337-452-3.
  13. Teatr Groteska
  14. Filmy - SFR Bielsko-Biała
  15. FilmPolski.pl (полски)
  16. O projekcie – Muzyczny Ślad Krakowa (полски)
  17. 17,0 17,1 Zwierzenia kontrolowane. Warszawa: Prószyński i S-ka. 2004. стр. 134–135. ISBN 83-7337-452-3.
  18. Europejskie Centrum Muzyki w Lusławicach – Bryła (полски)
  19. Otwarcie Europejskiego Centrum Muzyki Krzysztofa Pendereckiego (англиски)
  20. Krzysztof Meyer, Mistrzowie i przyjaciele, Kraków 2012, s. 176.
  21. P. Ćwikliński, J. Ziarno. Pasja. O Krzysztofie Pendereckim. POW BWG 1993, s. 63.
  22. P. Ćwikliński, J. Ziarno. Pasja. O Krzysztofie Pendereckim. POW BWG 1993, s. 63.
  23. NIE ŻYJE KRZYSZTOF PENDERECKI
  24. Krzysztof Penderecki, Polish Composer With Cinematic Flair, Dies at 86
  25. Urna z prochami Krzysztofa Pendereckiego złożona w bazylice św. Floriana w Krakowie
  26. „Penderecki nie żyje blisko rok. Nadal go nie pochowano, rodzina ma ważny powód“.
  27. „Państwowy pogrzeb Krzysztofa Pendereckiego za rok. "W drugą rocznicę śmierci kompozytora pandemia osłabnie".
  28. Kompozytor, dyrygent, pedagog. Sylwetka Krzysztofa Pendereckiego, polskieradio.pl, [dostęp:] 3 kwietnia 2020.
  29. Agnieszka Groza, Krzysztof Penderecki – opowieść o życiu i twórczości, kultura.onet.pl, 23 listopada 2013.
  30. Agnieszka Groza, Krzysztof Penderecki – opowieść o życiu i twórczości, kultura.onet.pl, 23 listopada 2013.
  31. „Byli razem ponad pół wieku... Oto niezwykła historia Krzysztofa i Elżbiety Pendereckich“. 29 marca 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  32. 32,0 32,1 Kompozytor, dyrygent, pedagog. Sylwetka Krzysztofa Pendereckiego, polskieradio.pl, [dostęp:] 3 kwietnia 2020.
  33. [autor:] Mg, styl.pl, Penderecki poderwał żonę, gdy miała 16 lat. Ile miał on?, fakt.pl, 19 czerwca 2015.
  34. [autor:] Mg, styl.pl, Penderecki poderwał żonę, gdy miała 16 lat. Ile miał on?, fakt.pl, 19 czerwca 2015.
  35. „Koncert dedykowany Centrum Onkologii Ziemi Lubelskiej“. 2007-11-13.
  36. Komitet poparcia Bronisława Komorowskiego, 2010-05-16
  37. „Kto wszedł do komitetu poparcia Komorowskiego, a kto z niego wypadł? Cała Lista“. 2015-03-16.
  38. Kto jest kim w Polsce. Informator biograficzny, Warszawa 1984, s. 732–733.
  39. „Dziennik Polski”, rok XX, nr 171 (6363), s. 6.
  40. „Dziennik Polski”, r. XXIV, nr 172 (7599), s. 1–2, 6.
  41. Предлошка:Cytuj stronę
  42. Encyklopedia Krakowa, s. 655, Wydawnictwo Naukowe PWN, Warszawa – Kraków 2000.
  43. Предлошка:Cytuj
  44. Предлошка:Cytuj stronę Jako „Krzysztofas PENDERECKIS”.
  45. Penderecki Sig. Krysztof Ufficiale Ordine al Merito della Repubblica Italiana.
  46. Предлошка:Monitor Polski.
  47. Odznaczenie Komandora Orderu Lwa Finlandii dla Krzysztofa Pendereckiego.
  48. Предлошка:Cytuj stronę
  49. Krzysztof Penderecki i ks. Czesław Sadłowski otrzymają odznakę „Zasłużony dla Mazowsza”. ekai.pl.
  50. Предлошка:Cytuj
  51. Krzysztof Penderecki i ks. Czesław Sadłowski otrzymają odznakę „Zasłużony dla Mazowsza”. ekai.pl.
  52. Предлошка:Cytuj
  53. Предлошка:Cytuj
  54. Предлошка:Cytuj
  55. Предлошка:Cytuj stronę
  56. Предлошка:Cytuj stronę
  57. Edycja światowa – Wybitny Polak.
  58. Krzysztof Penderecki z Honorową Odznaką Województwa Podlaskiego. wrotapodlasia.pl.
  59. Предлошка:Cytuj stronę
  60. Предлошка:Cytuj stronę
  61. Предлошка:Cytuj stronę
  62. Grammy dla Krzysztofa Pendereckiego. idziemy.pl, 2017-02-13 [dostęp 2019-03-23].
  63. Finał Święta Małopolski: Złoty Medal Honorowy dla Krzysztofa Pendereckiego malopolska.pl [dostęp 18 czerwca 2017].
  64. Предлошка:Cytuj stronę
  65. Doktorzy honoris causa Uniwersytetu im. Adama Mickiewicza w Poznaniu, 1980–2000, Tom III, 2016 Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  66. Doktoraty HC
  67. „Doktorzy honoris causa“.
  68. Doktorzy Honorowi. dn.uz.zgora.pl [dostęp 2019-03-23].
  69. Krzysztof Penderecki doktorem honoris causa Uniwersytetu Indiany | Wydarzenie
  70. „Doktoraty honoris causa“.

БиблиографијаУреди

Надворешни врскиУреди