Кетеринг
Кетеринг — угостителска услуга за обезбедување на храна и/или пијалаци на оддалечена локација или на места како што се хотели, пабови, локали и сл.

Историја на кетерингот Уреди
Првата поголема кетеринг услуга била забележана во Соединетите Американски Држави, на балот во Филаделфија во 1778 година при прославата на заминувањето на британскиот генерал Вилијам Хоу [1] Во САД како бизнис кетерингот почнал да се формира во дваесеттите години на XIX век со центар во Филаделфија[1] Кетерингот бил профитабилен и респектабилен бизнис.
Мобилен кетеринг Уреди
Под мобилен кетеринг се подразбира кетеринг при кој угостителот нуди храна и/или пијалаци директно од наменско возило. Оваа услуга обично се нуди на концерти, спортски натпревари, пикници и слични настани.
Кетеринг на свечености Уреди
Кетерингот на свечености обезбедува храна и пијалаци за разни свечености (свадби, свршувачки, матури...) . Може да се ангажира посебно или да биде дел од пакет со просторот каде што истите се изведуваат.
Наводи Уреди
- ↑ 1,0 1,1 Chastain, Sue (March 5, 1987). „Philadelphia's Historic Feasts How Blacks Carved Out A Niche In Society Through Catering“. Philadelphia Inquirer.
Надворешни врски Уреди
„Кетеринг“ на Ризницата ? |