Квота претставува облик на нецаринско (количинско) ограничување на меѓународната трговија. Квотата го претставува количеството од некој производ што може да се увезе во домашната економија или да се извезе од неа. Оттука, постојат увозни и извозни квоти.

Економски ефекти на квоитите уреди

Квотите се количински ограничувања на меѓународната трговија, но нивните економски ефекти се слични на оние на царините (кои се ценовни ограничувања). На пример, со увозните квоти се ограничува количеството на некој производ што може да се увезе во земјата. Така, квотите ја намалуваат понудата на домашниот пазар и предизвикуваат пораст на цената на производот. Слично на царините, тоа предизвикува намалување на побарувачката и потрошувачката на производот, како и вклучување на домашните неефикасни фирми во производството и продажбата на тој производ. Меѓутоа, квотите не ги зголемуваат приходите во државниот буџет, а тоа значи дека тие им предизвикуваат загуба на потрошувачите (ја намалуваат нивната благосостојба), а придобивките од квотите (профитот) целосно одат во рацете на фирмите кои ги добиле квотите за увоз на некој производ. Поради тоа, квотите се најштетниот инструмент на протекционистичката политика.[1]

Наводи уреди

  1. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 465.