Квинстаун (Нов Зеланд)

(Пренасочено од Квинстаун, Нов Зеланд)

Квинстаун (англиски: Queenstown) — одморалишно гратче во регионоѕ Отаго во југозападниот дел на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Гратчето е живописно изградено околу протокот на езерото Вакатипу, долго езеро во облик на буквата „Ѕ“, и ужива спектакуларен поглед на околните планини.

Квинстаун
Queenstown
Поглед на Квинстаун
Поглед на Квинстаун
Квинстаун is located in Нов Зеланд
Квинстаун
Квинстаун
Координати: 45°01′52″S 168°39′45″E / 45.03111° ЈГШ; 168.66250° ИГД / -45.03111; 168.66250
Земја Нов Зеланд
РегионОтаго
Територ. единицаКвинстаун-Езерски Округ
Површина
 • Округ8.704,97 км2 (336,101 ми2)
Население (Попис 2006)
 • Градскo10.416
 • Округ22.956
Часовен појасNZST (UTC+12)
 • Лете (ЛСВ)NZDT (UTC+13)
Пош. бр.9300
Повик. бр.03

Постојат разни образложенија за името на гратчето, од кои најпопуларно е дека некој локален трагач по злато извикал дека местото е „достојно на Кралицата Викторија“. Заради неговата популарност кај туристите поради разноликите активности, новозеланѓаните понекогаш го нарекуваат Квинстаун „Вегас крај езерото“.

Гратчето е најголемиот центар на Централно Отаго, но поради некои административни причини се смета за дел од регионот Саутленд. Според пописот од 2006 год, бројот на постојаното население на Квинстаун (вклучувајќи го Френктон и Келбин Хајтс) изнесува 10.416 жители.

Околни гратчиња и окрузи се Ероутаун, Ванака, Александра и Кромвел. Најблиските поголеми градови се Данидн и Инверкаргил.

Туризам уреди

Како одморалишен град, Квинстаун е центарот на авантуристичкиот туризам. Скијањето, глисирањето, банџи-скокањето, планинскиот велосипедизам и планинарењето се силна страна на местото.

Заедно со планината Руапеху, Квинстаун е најголемиот скијачки центар во Нов Зеланд, со голема посетеност на четирите главни терени од скијачи од земјата и ширум светот. Имињата на овие терени се (Кардрона, Коронетски врв, Инзвонредните и Троен корнет).

Друга причина зошто луѓето одат во Квинстаун е неговото реноме како центар за вино и храна. Блиското гратче Ероутаун има одлични ресторани и барови, а самиот Квинстаун се наоѓа близу до еден мал вински регион. Таму Пино ноар-от достигнува високи цени.

Одбрани активности уреди

Галерија уреди

Сообраќај уреди

Покрај аеродромот, до Квинстаун може да се дојде преку автопатот State Highway 6 кој го поврзува со Кромвел и Данидн на исток преку змијулестата и подложна на лизгање клисура Каварау, и на југ преку езерското крајбрежје до Ламзден и Инверкаргил. Постои и многу тежок пат преку планинскиот венец Краун Рејнџ кој води до скијачкиот терен Кардрона и до гратчето Ванака. Овој пат воедно претставува највисок јавен пат во земјата.

Клима уреди

Квинстаун се одликува со алпска клима со зими со ведри сини неба и снежни планини. Летата се топли преку целиот ден со температури кои достигнуваат до 30 °C (2007/2008).

Клима на Квинстаун
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 22,6 22,7 19,9 16,1 11,9 8,6 8,2 10,3 13,5 16,2 18,6 20,7 15,8
Просечна минимална (°C) 10,7 10,6 8,8 6,2 3,3 0,7 0,1 1,3 3,6 5,6 7,4 9,4 5,6
Просечно кол. врнежи (мм) 78 58 80 75 89 82 65 73 69 95 72 77 913
Извор: Климатски податоци: NIWA[1]

Збратимени градови уреди

Наводи уреди

  1. „Климатски податоци“. NIWA. Посетено на 2 ноември 2007. (англиски)
  • Reed, A. W. (2002). The Reed Dictionary of New Zealand Place Names. Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4.

Надворешни врски уреди