Кајенгел (англиски и палауански: Kayengel) или познат како Нгчеангел (Ngcheangel) — најголемиот и единствен населен атол во сојузната држава Кајангел во Палау.

Кајенгел
Kayengel
Сателитска снимка на Кајенгел (средишниот атол).
Географија
Површина1,39 км2
Највисоко издигнувањен.п. м
Управување
Кајангел
Демографија
Население138 (2000)

Географија уреди

Атолот Кајангел или локално имениван како Нгчеангел е единствен населен атол во оваа сојузна држава. Исто така, овој атол сочинува 99% од копното на сојузната држава. Атолот е со координати 08°04′N 134°42′E / 8.067° СГШ; 134.700° ИГД / 8.067; 134.700, и е на околу 35 километри северно од Бабелдуап, главниот остров на Палау, но само 3 км од гребенот на островот. Атолот е долг 7.2 километри долг во правец север-југ, и широк е 3,.7 километри во правец запад-исток. Заедно со неговата лагуна, атолот има вкупна површина од 20 км2, а само копното изнесува 1.4 км2. Просечната длабочина на лагуната е 6 метри, а најдлабоката точка е 9.6 метри. Дното на лагуната е во принцип песочно. На западната страна на атолот има премин каде влегуваат бродови во лагуната, а длабочина од 2 до 4 метри. Во близината на преминот има големи риби, делфини и желки, но во самата лагуна животинскиот свет е помал.

Острови уреди

Атолот има овална форма и има четири мали островчиња кои се густо пошумени, и од север кон југ тие се: Кајангел, Нгериунгс, Нгеребелас и Орак.

Остров Кајангел уреди

Островот Кајангел, или познат како Нгчеангел, е најголемото островче кое во склоп на атолот, а воедно и најголемо во сојузната држава. Островот има должина од 2570 метри во правец север-југ, со ширина од 270 метри во јужниот дел и 700 метри во северниот дел. Вкупната површина на копното е 98 хектари. На островот има пет села кои се на западната страна на островот, со поглед кон лагуната. Тие се протегаат на околу 1.5 километри од север кон југ и не се јасно одделени. Тие се многу мали и вкупно имаат само 138 жители. Заедно сите се групираат под името Кајенгел и функционираат како главен град на оваа сојузна држава. Селата се: Орукеј, Дилонг, Доко, Олканг и Димес.

Селата се напојуваат со електрична енергија од сончеви плочи или агрегатори. Има едно мало училиште за сите возрасти и мала библиотека. На островот има мала продавница, но сепак храната или ја одгледуваат или се хранат со морски плодови. До островот се пристигнува по воден пат.

Остров Нгериунгс уреди

Нгериунгс е на 820 метри јужно од Кајангел. Островот е долг 1350 метри во правец север-југ и има широчина од 130 метри во јужниот и 380 метри во северниот дел. Вкупната површина на островот е 27 хектари. Островот не е населен, но има мал камп.

Остров Нгеребелас уреди

Островот Нгеребелас се наоѓа во близина на јужниот дел на атолот Кајенгел, или на 1200 метри југозападно од Нгериунгс. Има вкупна широчина од 400 метри во правец исток-запад и 370 метри должина во правец север-југ. Островот има вкупна површина од 12 хектари. Островот не е населен.

Остров Орак уреди

Островот Орак е најјужен во атолот и е на 290 метри југозападно од Нгеребелас. Должината на островот е 210 метри во правец југозапад-североисток, а широк е 90 метри. Вкупната површина на островот е 1.5 хектари и е најмал од сите острови во овој атол. Островот не е населен.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди