Ѓомлезе

(Пренасочено од Кашаник)

Ѓомлезе, ѓомлезец, тури-потпечи или кашаник— македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Охрид и Струга[1]. Зборот ѓомлезе потекнува од турскиот збор gözleme, што значи обланда. Традиционално ѓомлезето се подготвува само од брашно, вода и сол, во поново време му се додава и масло и се пече под вршник. Сè почесто ова традиционално јадење се нуди во рестораните како специјалитет.

Ѓомлезе
Подготвено ѓомлезе
Дел од оброкотпредјадење или главен оброк
Место на потеклоМакедонија
РегионОхрид
Температура на послужувањетопло и ладно
Главни состојкибрашно, вода, сол

Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Охрид.[2]

Рецепт уреди

 
Подготовка на ѓомлезе
 
Ѓомлезе со салата

2 кг брашно се раствораат во вода по потреба за да се добие средно густа каша. Се засолува по вкус. Тепсијата во која ќе се прави ѓомлезето се поставува на пирустија на оган за да се загрее. Штом се затопли тепсијата се попрскува со масло, се тура една мера од кашата и се покрива со затоплениот вршник. Откога ќе се испече првата кора, постапката се повторува сè додека не се потроши кашата[3] Потребни се неколку часа за да се подготви ѓомлезето.

Наводи уреди

Поврзано уреди