Катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Струмица

Католичката црква Успение на Пресвета Богородица — македонска католичка црква од византиски обред која се наоѓа во Струмица, Македонија.

Успение на Пресвета Богородица
Катедрална црква
„Успение на Пресвета Богородица“
Поглед кон црквата
Карта
МестоСтрумица
ЗемјаМакедонија
Вероисповедкатолицизам
Архитектура
ЗавршенаXX век

Историја уреди

Црквата “Успение на Пресвета Богородица„ е изградена во 1925 година од монсињор отец Атанасие Иванов[1]. Првата литургија е служена на празникот Велики Четвток истата година, а неколку месеци подоцна, во јуни 1925 година црквата била благословена од владиката Дионизиј Њаради. Од страна на папата Јован Павле II, оваа парохиска црква, на 1 мај 2001 година, е прогласена за Катедрална црква на Апостолскиот егзархат во Македонија. За нејзин прв егзарх е именуван епископот д-р Јоаким Хербут. Во текот на своето постоење црквата е повеќепати обновувана, а денешниот изглед го добила по неколкугодишното обновување започнато во 2002 година.[1]

  1. 1,0 1,1 „Католичка катедрала "Успение на Пресвета Богородица" - Струмица“. web.archive.org. 2014-05-17. Архивирано од изворникот на 2014-05-17. Посетено на 2021-04-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)