Катерина Шошко македонски романописец, родена е на 3 септември 1986 година, во Скопје

Катерина Шошко
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеПравен факултет Јустинијан Први

Животопис уреди

Катерина Шошко средното образование го добива во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Во 2008 дипломирала на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, на насоката Политички науки, а во 2013 магистрирала на истиот факултет, на насоката Применета политика.

Од 2011 пишува за домашни електронски медиуми. Покрај фриленс пишувањето на веб и блог содржини, електронски книги, преводи од англиски и српски јазик, работи и како СЕО контент писател.

Во 2016 година, издавачката куќа Слово љубве - Букви букс го издава нејзиниот прв роман, психолошко-криминалниот трилер „Крвава Месечина“[1]. Во 2020 година, издавачката куќа Антолог го издава нејзиниот втор роман, натприродниот трилер „Случајот Чернобог“. Авторката живее и работи во Скопје.

Дела уреди

  • Крвава Месечина, роман, 2016 година;
  • Случајот чернобог, роман, 2020 година[2];

Романот „Крвава Месечина“ во 2017 година ја доби наградата на Фондација Македоника за книга на месец февруари.

Наводи уреди

  1. https://msoldieroflove.wordpress.com/2016/12/19/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B8%D0%BD/
  2. https://antolog.mk/avtori/katerina-shoshko/