Катедрала во Палермо

Катедралата во Палермо претставува катедрална црква на Римокатоличката надбискупија на Палермо, која се наоѓа во градот Палермо, на островот Сицилија, во пределот на јужна Италија. Овој храм е посветен на Успение на Пресвета Богородица. Како архитектонски комплекс, се одликува со присуство на различни стилови, поради долгата историја на градење, доградби, преправки и реставрации, од кои последната се случила некаде периодот на 18 век.

Катедралата Успение на Пресвета Богородица

Историја на катедралата уреди

 
Главната фасада, поврзана со аркади со Архиепископската палата

Црквата била подигната во 1185 година од страна на Валтер Офамил, норманскиот надбискуп од градот Палермо и воедно министер на кралот Вилијам Втори, врз темелите и просторот на претходната византиска базилика. Според сите извештаи, старата црква била основана од страна на папата Григориј I, а подоцна била претворена во џамија од страна на Сарацените, по освојување на градот Палермо некаде во периодот на 9 век. Валтер Офамил бил погребан во саркофаг кој е сместен во криптата на црквата. Средновековното здание имало базилички план со три апсиди, од кои денес успеале да опстојат само некои помали архитектонски елементи.

Горните редови на аголните кули биле изградени помеѓу 14 и 15 век, додека во раниот ренесансен период бил додаден и јужниот трем. Сегашниот неокласичен изглед потекнува од работните активности кои биле извршени во текот на две децении односно од 1781 до 1801 година. Овие градежни работи биле под надзор на Фердинандо Фуга и Џузепе Венанцио Марвуља. Во овој период, големата табла на Антонело Гагини, која била украсена со статуи, фризови и релјефи, била уништена, а скулптурите биле пренесени во различни делови од базиликата. Исто така под надзор на Фердинандо Фуга биле и изградбите на големата купола која излегува од централниот дел на катедралата, но и помалите куполи кои ги покриваат таваните на деловите од внатрешните патеки.

Преглед уреди

Западниот влез на катедралата кој е во 14 и 15 век се наоѓа од страната на сегашната улица Матео Бонело. Влезот е опкружен со две кули и е во целосен готски стил, надграден со ниша со вредна статуа на Богородица создадена во 15 век. Преку две таканаречени огивални аркади, улицата ја поврзуваат со западната фасада и со камбанаријата. Камбанаријата е залепена до Архиепископската палата (денес претворена во Епархиски музеј). Кулата на камбанаријата има квадратен изглед, украсен во горниот дел со прекрасна круна составена од помали камбанарии и аркади.

На јужната страна од катедралата постојат издадени куполи со широк трем (тука се наоѓа сегашниот главен влез) изградени во готско-каталонски стил, со три аркади, подигнати околу 1465 година кои понатаму се отвораат во правец кон плоштадот. Првата колона од левата страна и припаѓала на првобитната базилика, а подоцна и на џамијата. Овие тврдења се поткрепувале со Куранскиот стих кој сведочел и бил врежан на делот од фасадата. Вдлабнатата порта од тој приод бил изграден во периодот од 1426 до 1430 година од страна на Антонио Гамбара, додека прекрасните дрвени листови се дело на Франческо Миранда (од 1432 година). Мозаикот кој ја прикажува Богородица бил изграден во 13 век, додека двата споменика на ѕидовите воделе потекло од 18 век. Со овие споменици се претставени кралот Карло III од Бурбон и Виктор Амадеус II од Сардинија. И двајцата владетели биле крунисани во оваа катедрала (Амадеус, во декември 1713 година, бил крунисан заедно со неговата прва сопруга, Ана Мари Д'Орлеанс).

Просторот на апсидата, оградена и украсена со одбранбените и величествени надворешни ѕидови, претставува оригинална градба со потекло од 12 век. Помодерен дел од црквата, односно дел кој е изграден во поскорешно време, е левата страна, на која постои врата изградена во 16 век од страна на Антонело Гагини. Југозападната фасада, која е завртена кон Архиепископската палата, води потекло некаде помеѓу 14 и 15 век.

 
Саркофагот на императорот Фредерик II Хоенштауфен.

Внатрешноста на катедралата има архитектонска форма на латински крст, со наос и два кораби поделени кои се поделени со пиластри. Во деловите на првите два параклиси од десната страна на патеката се наоѓаат гробниците на царевите и кралевите кои биле преместени на тоа место во 18 век од нивните првични оригинални позиции (најчесто од позициите во самата базилика). Тука се наоѓаат посмртните останки на императорот Хенри VI, неговиот син Фридрих II, како и оние на Петар II Сицилиски. Во вид на римски саркофаг е гробницата на Констанца од Арагон, сопругата на кралот Фредерик. Под мозаичните балдахини се наоѓаат гробниците на Роџер II, првиот крал на Сицилија, и неговата ќерка Констанца. Гробниците на Роџер и Констанца некогаш се наоѓале во трансептот на катедралата во Чефалу.

 
Барокни мали странични куполи изработени од Фердинандо Фуга.
 
Познатиот трем од Антонио Гамбара

Капелата наречена Сакраменти, која се наоѓа на крајот од левата патека е украсена со скапоцени камења и лапислазули. Десно, во презвитериумот, сместена е капелата на Света Розалија, која била патрон на градот Палермо. Капелата е затворена со богато украсна бронзена порта, со одредени мошти и една сребрена урна со потекло 17 век, која била предмет на особена посветеност.

 
Прозорецот над западниот влез; може да се види една од двете аркади кои ја поврзуваат западната фасада со камбанарија од соседната страна

Со голема и непроценлива вредност се и дрвениот хор кој е изграден во готско-каталонски стил од 1466 година и мермерните остатоци од плочата изработена од Гагини (плочата била отстранета за време на реконструкциите од 18 век), како и мермерната статуа на Богородица со детето дело на Франческо Лаурана заедно со неговите ученици(1469 година[1]). Исто така вредни дела претставуваат и полихромното Распетие со потекло од 13 век изработено од страна на Манфреди Кјарамонте. Претставата со посипувањето на света вода е сместена во четвртиот пиластер (дело на Доменико Гагини). Изведбата на Богородица дела Скала од Антонело Гагини, била поставена во високиот олтар од новата сакристија. Капелата на моштите ги содржи моштите на Света Кристина, Света Нинфа, Свети Козма, Света Агата и Свети Мамилијан, првиот патрон на градот Палермо.

 
Пресвета Богородица со детето дело во катедралата изработено од Антонио Филокамо.

Криптата, до која се пристапува од левата страна, претставува евокативна просторија со вкрстен свод поддржан од гранитни столбови, гробници и саркофази од римско, византиско и норманско време. Меѓу луѓето погребани во делот на крипатата се архиепископите Валтер Офамил, основачот на црквата, и Џовани Патерно, покровител на уметникот Антонело Гагини, кој ја изработил поставката на неговиот гроб.

Ризницата или богатството на катедралата содржела најразлични вредни пехари, одежди, монстранси, книга од 14 век, познатата круна на кралицата Констанца од Сицилија и златната дијадема пронајдена во нејзиниот гроб во 1491 година.

Во катедралата постои меридијан, кој слободно може да се смета како претходен елемент на хелиометарот (соларна „опсерваторија“). Овој меридијан бил еден од многубројните кои биле изградени ширум италијанските цркви, особено во периодот на 17 и 18 век. Меридијанот или хелиометарот бил изграден во 1801 година од познатиот астроном Џузепе Пјаци, кој во тоа време бил директор на опсерваторијата во Палермо. Џузепе бил истиот тој астроном кој ја открил првата помала планета или астероид, наречен Церера. Самиот уред бил прилично едноставен: со еден мал отвор во една од помалите куполи. На едноставен начин била оформена еден вид на камера со дупчиња, која проектирала проекција од сонцето на подот. На подот постои бронзена линија во вид на сончев часовник, кој функционира со прецизност од типот на N/S. За време на сончевото пладне (околу 12:00 часот во зима, и 13:00 во лето), проекцијата на сонцето поминува низ таа линија. Во различни периоди од годината, пробивот на светлината се случува на различна точка од линијата поради временската разлика. Краевите на линијата ги означувале позициите на летната и зимската краткоденица. Знаците на зодијакот покажувале различни датуми во текот на годината.

Генераланата цел на инструментот била да го стандардизира мерењето на времето и на календарот во целина. Според донесената Конвенција во тоа време било одредено денот на Сицилија да трае еднакво (24-часовен) и да се мери од моментот на изгрејсонцето, што секако значело дека ниту една локација ширум земјата нема да се сметаат во исто време. Времето мерено на Сицилијаа било поразлично од она мерено во Базиликата Свети Петар во Рим.Најважно од се било да се одреди точно време на пролетната рамноденица, за да се обезбеди точниот датум за празникот Велигден. На камбанаријата постојат шест средновековни ѕвона.

Хелиометарот можел да се користи и за истражување на очигледните (привидни) движења на Сонцето, вклучувајќи го и неговото релативно растојание од Земјата, мерено преку големината на проектираниот сончев диск. Овие истражувања биле споредувани со резултатите на Птоломејските и Коперниковите предвидувања.[2]

Реновирање од периодот на 18 и 19 век уреди

Катедралната црква е составена од различни стилови, бидејќи во периодот на наредните векови претрпела различни промени. Последната реконструкција се случила на крајот од 18 век, кога радикално бил изменет ентериерот (внатрешноста). Овие измени биле доверени да ги изврши Фердинандо Фуга.

Во 1767 година, надбискупот Филангиери го задолжил Фердинанд да ја изврши реставрацијата на објектот. Градежните работи започналале дури во 1781 година, но не ја завршил Фердинанд, туку архитектот Џузепе Венанцио Марвуља кој бил по потекло од Палермо. Целата реконструкција траела до почетокот на 19 век.

Реконструкторските работи изведени од страна на Марвуља биле во реалноста многу поинвазивни и порадикални од првичните проекти на фирентинскиот архитект Феринандо Фуга. Архитектот од Палермо на почетокот посакувал да изврши само мали корекции и тоа во делот на надолжните патеки и оригиналниот таван, изработен од дрво. Со реставраторските активности се интервенирало за да се промени првобитниот изглед на комплексот, требало да се обезбедат карактеристичните делови на црквата. Посебно се водело сметка на неусогласената купола, која била според дизајнерските записи на архитектот Фердинандо Фуга.[3]

Вториот таканаречен фонт на катедралата бил изграден во 1797 година, од страна на браќата Филипо и Гаетано Пенино. На него е додадена скулптура која го прикажува Дрвото на мудроста заедно со Адам и Ева. На тој простор има приказ на слика која е изработена од страна на Вилијам Лејтон Лајч, а темата на истата претставува поетска илустрација на Летиција Елизабет Лендон. Ова дело е поставено постхумно некаде во 1840 година.[4]

Кралски и царски погребувања уреди

Во делот на десната патека, во просторот на првата и втората капела кои се наоѓаат една до друга, претставуваат монументалните гробници на кралот Роџер II, неговата ќерка кралицата Констанца I од Сицилија, нејзиниот сопруг императорот Хенри VI и нивниот син императорот Фредерик II, потоа гробницата на првата сопруга на Фредерик, Констанца од Арагон и неговиот правнук Вилијам II, војводата од Атина. Сите овие гробни места се во близина на страничниот ѕид на катедралата. Четирите главни саркофази, сите со изведба на порфир, формирале група која ја вклучува и онаа на владетелот Вилијам I од Сицилија во катедралата Монреале. Тие претставувале првите примери на самостојни средновековни секуларни гробници во западниот свет и затоа играле единствена улога во историјата на италијанската погребна уметност (постарите и поновите гробници биле во непосредна близина на ѕидовите).[5] Најверојатно четирите саркофази на Вилијам I (во Монреале), Констанца, Хенри и Фредерик биле изработени со техниката на длабење од страна на локалната сицилијанска работилница. Саркофазите биле изработени во просториите на бањите на Каракала или во бањите на Диоклецијан во Рим. Изработувачите на саркофазите црпеле инспирација од порфирните саркофази на доцните римски императори кои сè уште можеле да се видат во црквата на Светите апостоли во Константинопол, а воделе потекло од 12 век. Исто така биле инспирирани и од оние на владетелите Константин Велики и неговите наследници сѐ до владетелот Маркијан. Сето тоа добро е опишано во записите на Константин VII Порфирогенит, поточно во делото познато како Церемонија.[6] Четири од порфирните саркофази кои биле користени како нагледни за изработка на оние во Палермо и денес постојат пред главната зграда на археолошкиот музеј во Истанбул[7]

Саркофагот на Фридрих II бил надграден со дополнителна крошна поддржана од порфирски столбови, а делот на урната е поддржана од два пара лавови. Заедно со посмртните останки на Фридрих II биле зачувани и оние на Петар II Сицилиски.

Одо од Баје, инаку полубрат на Вилијам Освојувачот, бил погребан во катедралата во Палермо во 1097 година.[8] Покрај погребите, во катедралата се изведувале и крунисувања и тоа на владетелите Виторио Амедео II од Савој и Карло III од Шпанија.

Богатството на катедралата уреди

 
Византиска корона ( камелаукион) на кралицата Констанца од Арагон, сопруга на Фридрих II, кралот на Германија и Сицилија во тоа време.

„Богатството на катедралата“, кое е составено од свети одежди од 16-ти и 18-ти век, фронтали, монструации, путири, бревијар со минијатури и златната дијадема на Констанца од Арагон воделе потекло од 15 век. Други скапоцени предмети како што се емајли, везови и накит, биле исто така биле изложени кај просторот на централните табли. На истото место во 1452 година е поставен и краткиот пергамент со грбот на архиепископот Симон од Болоња. Системот на денешната поставеност на ѕвоната во катедралата е составен од вкупно осум елементи конструирани и поставени од страна на Амброзијан.[9]

Наводи уреди

  1. The sculpture is commonly known as Madonna Libera Inferni ("free from Hell"). It received this name in 1576, when Pope Gregory XIII gave indulgence for the Purgatory's souls to the altar in which it is placed. The sculpture was intended for the church of Monte San Giuliano in Trapani, but remained here as the Palermitani refused to deprive themselves of such a beautiful art work.
  2. John L. Heilbron, The Sun in the Church, Harvard, 1999.
  3. Enciclopedia universale, pp.32-34.
  4. Landon, Letitia Elizabeth (1840). „poetical illustration“. Fisher's Drawing Room Scrap Book, 1841. Fisher, Son & Co. Landon, Letitia Elizabeth (1840). „picture“. Fisher's Drawing Room Scrap Book, 1841. Fisher, Son & Co.
  5. Rosa Bacile (2017), Romanesque and the Mediterranean: Patterns of Exchange Across the Latin, Greek and Islamic Worlds c.1000-c.1250, Routledge
  6. A. A. Vasiliev (1848). „Imperial Porphyry Sarcophagi in Constantinople“ (PDF). Dumbarton Oaks Papers. 4: 1+3–26. doi:10.2307/1291047. JSTOR 1291047.
  7. Roger Pearse (18 December 2013). „More on the tombs of the emperors at the Church of the Holy Apostles in Constantinople“. Roger Pearse.
  8. ODNB
  9. Enciclopedia universale, p. 45

 

Надворешни врски уреди