Фиренска катедрала

катедрала во Фиренца, Италија
(Пренасочено од Катедралата во Фиренца)

Фиренска катедрала наречена „Богородица Цветна“ (италијански: Cattedrale di Santa Maria del Fiore или Duomo di Firenze) — катедралата во градот Фиренца, Италија. Започната е со изградба во 1296 година во готски стил дизајнирана од архитектот Арнолфо ди Камбио. Катедралата структурно била завршена во 1436 година, заедно со куполата која била дизајнирана од страна на Филипо Брунелески.[1] Надворешноста на базиликата била обложена со полихромни мермерни панели, во различни нијанси, пред сѐ од зелена и розова боја, ограничени и врамени со бела боја. Во 19 век врз катедралата била изведена доградба со готска преродба од страна на архитектот Емилио Де Фабрис.

Катедрала во Фиренца
Катедрала Санта Марија Дел Фјоре
Куполата на Брунелески, камбанаријата на Џото на катедралата Санта Марија дел Фјоре гледани од ридот Микеланџело
Карта
МестоФиренца, Тоскана
ЗемјаИталија
ВероисповедКатоличка црква
ТрадицијаРимокатоличка црква
Мреж. местоDuomo Firenze
Историја
Осветена1436
Архитектура
СтатусКатедрала, мала базилика
Архитект(и)
Архит. типЦрква
СтилГотски стил, Романтизам,
Ренесанса
Удрен темел9 Септември 1296
Завршена1436
Физички особености
Должина153 м (502 ст)
Ширина90 м (300 ст)
Ширина на коработ38 м (125 ст)
Висина на коработ114.5 м (376 ст)
Површина8,300 m2 (89,000 sq ft)
Материјалимермер, цигла
Управа
АрхиепископијаАрхиепископија на Фиренца
Свештенство
АрхиепископЏузепе Ветори

Катедралниот комплекс, на Пјаца дел Дуомо, ги вклучува Крстилницата и Камбанаријата на Џото. Овие три згради се дел од светското наследство на УНЕСКО кое го покрива историскиот центар на Фиренца и се главна туристичка атракција на провинцијата (покраина) Тоскана. Базиликата претставува една од најголемите цркви во Италија, а до развојот на новите структурни градежни материјали на модерното време, куполата на базиликата била најголема во светот. Куполата на Пјаца дел Дуомо, останува сѐ уште најголема во светот која била изградена од тули.

Катедралата претставува мајка црква на надбискупијата во Фиренца, чиј архиепископ моментално е отецот Џузепе Бетори.

Историја уреди

 
Дуомо гледана од височините на Пјацале Микеланџело

Санта Марија дел Фјоре била изградена на местото на втората катедрала во Фиренца посветена на Свети Репарата.[2] Првата катедрала била познатата базилика Сан Лоренцо ди Фиренца, чиј прв објект бил осветен како црква во 393 година од страна на свети Амвросиј Медиолански.[3] Првичната античка структура, изградена на почетокот на V век претрпела доста поправки, бидејќи се распаѓала од староста и дотраеноста. Според посланието во Nuova Cronica од страна на Џовани Вилани од XIV век,[4] стоело дека таа црква не била доволно голема за да му служи на постојаното нараснување на населението во градот.[4] Другите големи тоскански градови, преземале амбициозни потфати за реконструкција на нивните катедрали и тоа за времето на доцниот средновековен период. Таков пример биле градот Пиза и особено градот Сиена каде што огромните планирачки потфати за доградби никогаш не биле реализирани.

Градскиот совет на Фиренца во 1294 година го одобрил дизајнот на архитектот Арнолфо ди Камбио за новата црква.[5] Ди Камбио бил и архитект на црквата Санта Кроче и Палацо Векио.[6][7] Тој дизајнирал три широки кораби кои завршуваат под октогоналната купола, а средниот кораб ја покривал областа на делот наречен Санта Репарата. Првиот камен бил поставен на 9 септември 1296 година, од страна на кардиналот Валеријана, првиот папски легат кој некогаш бил испратен во градот Фиренца. Изградбата на овој огромен проект требало да трае 140 години. Планот на Арнолфо за источниот дел бил да го задржи основниот концепт, но на крајот сепак дошло до значително проширување во големината.

Откако во 1302 година архитектот Арнолфо починал, работата на катедралата забавила речиси скоро цели 50 години. Кога во 1330 година биле откриени моштите на Свети Зенобиј во црквата Санта Репарата, проектот добил нов поттик за понатамошна изградба. Во 1331 година господинот Арте дела Лана, еснаф на трговците со волна, го преземал покровителството за изградбата на катедралата и во 1334 година го назначил архитектот Џото ди Бондоне да ја надгледува работата. Со помош на пријателот Андреа Писано, Џото продолжил со работите околу дизајнот на делот наречен ди Камбио. Неговото главно достигнување било изградбата на камбанаријата. Кога на 8 септември 1337 година починал Џото, Андреа Писано ја продолжил изградбата на објектот сѐ додека работата не била прекината поради Црната смрт која владеела во 1348 година.

 
Дуомо, откако е завршена фреската од страна Андреа ди Бонаиуто, насликана во 1360-тите, пред почетокот на изградбата на куполата

Во 1349 година работата на катедралата продолжила под надзор на неколку архитекти, почнувајќи од Франческо Таленти, кој успеал да ја заврши камбанаријата и да го зголеми целовкупниот проект каде биле вклучени апсидата и страничните капели. Во 1359 година, архитектот Таленти бил наследен од Џовани ди Лапо Гини (1360–1369) кој го поделил централниот кораб на катедралата на четири квадратни заливи. Дополнителни архитекти биле Алберто Арнолди, Џовани д'Амброџо, Нери ди Фиораванти и Андреа Оркања. До 1375 година, старата црква Санта Репарата била срушена. Делот познат како Наосот бил завршен до крајот на 1380 година. По изградбата на тој дел единствено куполата останала за доизградба сѐ до 1418 година.

На 19 август 1418 година,[8] Арте дела Лана објавил конкурс за архитектонски дизајн за подигнување на Нерисовата куполата. Се јавиле двајца главни конкуренти и двајцата биле мајстори - златари. Тоа биле Лоренцо Гиберти и Филипо Брунелески. Вториот од нив бил директно поддржан од моќниот Козимо де Медичи. Гиберти пак бил победник на натпреварот за изработка на пар бронзени врати за Крстилницата во далечната 1401 година. Нивната конкуренција околу добивањето на градежните и занаетчиските работи останала остра целиот нивен живот. Сепак за куполата победник бил Брунелески кој и ја добил предвидената провизија.[9]

Лоренцо Гиберти, кој бил назначен за помошник и соработник на Брунелески, земал плата еднаква на онаа на Брунелески. Ниту еден од нив не бил награден со претходно најавената награда со висина од 200 флорини. На Гиберти му било ветена еднаква исплата, иако поголемиот дел од своето време тој го потрошил на други проекти низ Фиренца. Кога арахитектот Филипо Брунелески се разболел, или пак сепак можеби глумел дека е болен, проектот накратко бил предаден во рацете на Гиберти. Но, Гиберти набрзо морал да признае дека тој малку бил оддалечен од целиот проект. Во 1423 година, Брунелески повторно бил на чело на изградбата и ја преземал целовкупната одговорност.[10]

Работата на куполата започнала во некаде во 1420, а завршила во 1436 година. Катедралата била осветена на 25 мај 1436 година (првиот ден од годината според фирентинскиот календар) од страна на папата Евгениј IV. Катедралата била првата дотогаш изградена со „октагонална“ купола без привремена дрвена потпорна рамка. Тоа бил еден од највпечатливите проекти за периодот на ренесансата. За време на осветувањето во 1436 година, бил изведен мотетот на Гијом Дуфеј наречен Nuper rosarum flores (Розите кои цветаат доцна).

Декорацијата на надворешноста на катедралата, започната во текот на 14 век, а била завршена дури во 1887 година, кога била завршена полихромната мермерна фасада од страна на дизајнерот Емилио Де Фабрис. Подот на црквата бил обложен во мермерни плочки во периодот на 16 век.

Надворешните ѕидови на катедралата се свртени во наизменични вертикални и хоризонтални ленти и се изработени од полихроматски мермер донесени од местата Карара (во бела боја), Прато (во зелена боја), Сиена (во црвена боја), Лавенца и уште од неколку места ширум Тоскана. Овие мермерни слоеви требало да ги покријат веќе постоечките слоеви на ѕидовите од претходното поставување. Тоа биле делот на крстилница на Батистеро ди Сан Џовани и Камбанаријата на Џото. На катедралата постојат две странични врати и тоа: Вратите на Канониците (од јужната страна) и Вратата на Мандорла (од северната страна). Овие врати биле украсени со скулптури од вајарите Нани ди Банко, Донатело и Јакопо дела Кверсија. Шесте странични прозорци, забележливи по нивната нежна трага и орнаменти, биле одделени со неколку пиластри. Само четирите прозорци најблиску до трансептот даваат светлина, додека другите двa се само украсни. Прозорците на свештенството се со тркалезна форма, вообичаена одлика на италијанската готика.

Надворешен изглед уреди

План и структура уреди

 
План на црквата со различни фази на доградба

Катедралата во Фиренца била изградена како базилика, со широк централен кораб од четири квадратни заливи, со патека од двете страни. Просторот наречен анцелар и трансептите биле со идентичен полигонален план, разделени со две помали полигонални капели. Целиот план формира оригинален изглед на латински крст. Наносот и патеките биле одделени со широки зашилени готски сводови што се потпираат на неколку композитни столбови.

Димензиите на објектот се огромни. Градежната површина изнесува 8,300 m², должината изнесува 153 m², ширината 38 m , а ширината на преминот (најголемата ширина) 90 m. Висината на сводовите кај патеките изнесува 23 m. Висината на куполата е 114,5 m.[11] Оваа катедрала ја има петтата највисока купола во светот.

Планирана скулптура за надворешноста уреди

Контролорите задолжени за уредување со внатрешни дела за катедралата во Фиренца Арте дела Лана, имале планови да нарачаат серија од вкупно дванаесет големи старозаветни скулптури кои би се вградиле во потпорите - столбовите на базиликата.[12] Големиот мајстор - скулpтор Донатело, во раните дваесетти години, добил задача да изработи статуа на Давид. Тој тоа го сторил во 1408 година. Давид требало да биде поставен на врвот на една од потпорите на катедралата во Фиренца. Давидовата скулптура никогаш не била поставена на тоа место. Мајсторот Нани ди Банко, истата година добил задача да издлаби мермерна статуа на Исаија, со истиот обем како и Давидовата скултура. Една од статуите била подигната на своето место во 1409 година, но по проверката било заклучено дека е премногу мала за да биде добро видлива од земјата и сепак била симната. Двете скулптури - статуи подоцна биле сместени во работилницата на операта. Таму останале неколку години.[13][14][15] Во 1410 година, Донатело ја изработил првата од статуите, односно фигурата на Џошуа во теракота. Во 1409-1411 година, Донатело изработил уште една статуа, овојпат поветена на Свети Јован Евангелист, која сѐ до 1588 година стоела во нишата на фасадата на старата катедрала. Помеѓу 1415 и 1426 година, големиот Донатело создал уште пет нови статуи за делот на кампот на базиликата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца или попозната како базилика Дуомо. Петте дела биле: Пророкот без брада; Брадестиот пророк (и двете изработени во 1415 година); Жртвата на Исак (1421); Хабакук (1423–25) и Еремија (1423–26). Сите пет дела ги следеле класичните модели на оратори и се одликувале со силни портретни детали. Фигурата на Херакле пак, исто така изработена во теракота, била нарачана во 1463 година да ја изработува фирентинскиот скулптор Агостино ди Дучио. Се смета дека била изработена под надзор на големиот Донатело.[16] Статуата на Давид била изработена од страна на Микеланџело во периодот од 1501-1504 година. Таа скулптура не можела да се постави на потпорните столбови поради нејзината огромна тежина од околу шест тони. Во 2010 година иста таква скулптура на „Давид“, но реплика била изработена од материјалот фиберглас и поставена за само еден ден во внатрешноста на катедралата во Фиренца.

Куполата на катедралата во Фиренца уреди

По цели сто години од изградбата, а некаде до почетокот на XV век, на целокупната структура на базиликата сè уште и недостасувала куполата. Основните одлики на куполата биле дизајнирани од страна на Арнолфо ди Камбио во далечната 1296 година. Неговиот модел со намалени димензии изработен од тули, 4,6 m по висина, 9,2 m по ширина, стоел во страничниот ходник на недовршената зграда и долго време кон моделот се гледало како на свето место.[17] Според барањето на октогонална купола таа требала да биде многу повисока и поширока од која било друга до тој момент изградена. Таа не требало да има надворешни потпори, но и да биде доволно стабилна и да ја издржи сопствената тежина.[18]

Обврската за да се отфрлат традиционалните готски потпори била испланирана и спроведена според моделот на Нери ди Фјораванти. Неговиот план бил избран во конкуренција со планот на Џовани ди Лапо Гини.[19] Тој архитектонски избор, во 1367 година, претствувал еден од првите настани на италијанската ренесанса, означувајќи го преминот од стилот на средновековниот готика и враќање на назад на класичната медитеранска купола. Италијанските архитекти ги сметале готските летечки потпори како грди тешки импровизации. Подоцна, употребата на потпорни делови била забранета во цела Фиренца, бидејќи стилот бил веќе фаворизиран од традиционалните градителски непријатели на регионот Тоскана од централна и северна Италија.[20] Моделот на Нери прикажувал масивна внатрешна купола, отворена на врвот за да се дозволи големо количество на светлина, многу слично на Римскиот Пантеон. Внатрешната купола била затворена во потенка надворешна обвивка за да може да се заштити од надворешните временските услови. Куполата требало да се потпира на ненадграден октагонален барабан. На проектот од куполата на архитектот Нери секако ќе и било потребно внатрешна одбранбена заштита од ширење (напрегање на обрачот). Но таков сѐ уште не бил дизајниран.

Изградбата на ваква купола која е ѕидана со тули поставила многу технички проблеми. Архитектот Брунелески барал излезни решенија кај големата купола на Пантеонот во градот Рим. Куполата на Пантеонот била единствена обвивка, но изработена од бетон, изведбата која одамна била напуштена во тогашната архитектура. Пантеонот во Рим користел структурно центрирање за да ја поддржи бетонската купола додека таа била во фаза на стврднување.[21] Тоа решение од Пантеонот не можело да биде решение во случајот со куполата во Фиренца бидејќи била со поголеми димензии и така би била доведена црквата надвор од секаква употреба поради безбедносни причини. За проектираната висина и ширина на куполата дизајнирана од страна на Нери, почнувајќи од 52 m над подот и 44 m по дијаметар, во тој момент низ цела Тоскана немало доволно градежни дрва за изработка на скелињата, но и за самата форма.[22] Брунелески избрал да го следи дизајнот и употребил форма на двојна школка, изработена од песочник и мермер. Брунелески морал да ја изгради куполата од тула, поради малата тежина во споредба со каменот и секако полесниот начин на формирањето. Под самата купола за време на изграбата не биле поставени заштити. За да го илустрира својот предложен структурен план, тој конструирал модел од дрво и тули со голема помош на големиот Донатело и Нани ди Банко. Тој нов модел сѐ уште се наоѓа изложен во Музејот на Операта дел Дуомо. Моделот служел како пример за занаетчиите, но намерно бил оставен нецелосен, за да се обезбедела контрола и целовремен увид за споредба од страна на архитектот Брунелески врз конструкцијата при изработката на куполата.

 
Внатрешноста на куполата

Решенијата на Брунелески биле генијални. Проблемот со ширењето на куполата бил решен со сет од четири внатрешни хоризонтални камени и железни синџири, кои служеле како нешто слично како обрачите за бурињата. Четирите вградени обрачи во внатрешноста на куполата биле распоредени: еден на врвот, еден на дното, а останатите два рамномерно распоредени помеѓу пвите два. Постоел и петти синџир, направен од дрво, кој бил поставен помеѓу првиот и вториот изработени од камен. Бидејќи куполата била октагонална, а не тркалезна, едноставен синџир би ја притискал куполата како обрач за буре, ќе го притискала со целиот свој притисок врз осумте агли на октагонот, односно на куполата. Поставените синџири всушност требало да бидат цврсти осумаголници, доволно цврсти за да ја задржат својата форма и да не дозволат деформирање на куполата додека ја држат во стабилна и единствена состојба.[18]

Секој од камените синџири на Брунелески бил изграден во вид на октагонална железничка пруга со паралелни шини и вкрстени врски, сите изработени од греди од материјал песочник со ширина од 43 m во дијаметар и не повеќе од 2,3 m по должина. Шините биле поврзани од едниот крај до другиот со железни споеви обложени со олово. Крстовите кои претставувале врски и носечките шини биле засечени заедно, а потоа покриени со тули и малтер од внатрешната страна на куполата. Вкрстените врски на долниот синџир можеле да се видат како испакнатини од основниот барабан во основата на куполата. Другите биле вградени и скриени. Секој каменит синџир требало да биде зајакнат со стандарден железен синџир направен од испреплетени врски, но магнетното истражување спроведено во 1970-тите не успеало да открие никакви докази за евентуално постоење на железни синџири. Доколку тие постојат тогаш се длабоко вградени во набиените изѕидани ѕидови. Архитектот Брунелески вметнал и вертикални таканаречени „ребра“ поставени на осумте агли од октагонот, благо закривени кон централната точка. Ребрата имале димензии од 4 метри во длабочина. Овие ребра биле подржани од 16 други скриени ребра што зрачеле кон центарот од куполата.[23] Ребрата во себе имале процепи за преземање на гредите кои ги поддржувале платформите, со што се овозможило работата при изградбата да напредува во височина без потреба од скелиња.[24]

Кружната изѕидана купола можела да се изгради без никакви потпори. Тој начин бил наречен центрирање, бидејќи секој ред од тули претставувал хоризонтален лак кој се спротивставувал на можната компресија. Во катедралата во Фиренца, октогоналната внатрешна купола била доволно дебела за да можела во неа да се вгради имагинарен круг на секое од нивоата. Таа одлика ја одржувала куполата, но не можела да ги држи тулите на поставеното место, додека малтерот бил сè уште влажен. Брунелески користел шаблон од тули од шевронен за да ја пренесе тежината на свежо поставените парчиња до најблиските вертикални ребра на не-кружната купола (октогонална).[25][26][27][28]

 
Крстилницата Свети Јован сместена веднаш до катедралата

Надворешната купола не била со доволна дебелина за да содржи вградени хоризонтални кругови. Таа била со дебелина од само 60 cm во основата и 30 cm на врвот. За да создаде такви кругови, Брунелески ја задебелил надворешната купола од страна на внатрешноста во делот на нејзините агли на вкупно девет различни височини, создавајќи девет изѕидани прстени, кои и денес можат да се забележат во просторот помеѓу двете куполи. За да се спротивстави на оптуварувањето на обрачот, надворешната купола целосно се потпирала на нејзиното прицврстување врз внатрешната купола и таму воопшто немало вградени синџири.[29]

Современото разбирање на законите од физиката и математичките алатки за пресметување на оптоварувањето биле преесметани неколку векови во иднината. Брунелески, како и сите градители на катедрали, морал да се потпре на својата интуиција и секако врз големите модели што ги изградил дотогаш. За да подигне 37.000 тони материјал, вклучително и над 4 милиони тули, тој конструирал машини за кревање и таканречени левисони за дигање на големи камења. Овие специјално дизајнирани машини и неговите структурни иновации претставувале главен и голем придонес на архитектот Брунелески во областа на архитектурата. Иако тој ги извршувал естетските делови изработени половина век порано, неговото име, а не она на Нори, најчесто се поврзува со создавањето и градењето на куполата.

Способноста на Брунелески да ја круниса куполата со осветлување и таканаречен фенер (светилник) била доведена во прашање и тој морал самиот да се предложи на друг конкурс, иако имало докази дека Брунелески сепак работел на дизајнот за таканаречениот фенер за горниот дел од куполата. Доказите биле видливи во заобленоста на куполата, која била направена со поостри завршни делови од првичниот оригиналниот модел.[30] Тој бил прогласен за победник на новиот конкурс пред неговите конкуренти Лоренцо Гиберти и Антонио Циачери. Неговиот тогашен нацрт и дизајн (денес изложен во Музејот опера дел Дуомо) бил за октагоналниот фенер со осум зрачни потпори и осум високи заоблени прозорци. Изградбата на фенерот била започната неколку месеци пред неговата смрт во 1446 година. Подоцна, односно по 15 години, можно е да имало мал напредок, поради дополнителните измени на страна неколку архитекти. Фенерот (светилникот) конечно бил завршен во 1461 година од страна на пријателот на Брунелески, господинот Микелоцо. Конусниот покрив бил крунисан со позлатена бакарна топка и крст, осветен со свети мошти, од страна на Андреја Верокио во 1469 година. Со тоа вкупната висина на куполата заедно со фенерот изнесува 114,5 m. Оваа бакарна топка на 17 јули 1600 година била погодена од гром и срушена. Две години подоцна топката била заменетa со уште поголeма по димензии.

 
Малата купола врз големата купола

Паричната награда за оваа позлатена бакарна топка (постaвена на врвот на фенерот - светилник) заминала кај скулпторот Андреа дел Верокио во чија работилница во тоа време бил ангажиран млад помошник по име Леонардо да Винчи. Андреа бил фасциниран од машините конструирани од страна на Филипо Брунелески. Овие машини Верокио ги користел за да ја подигне топката на врвот од куполата. Во тој период Леонардо да Винчи направил серија на скици од машините и како резултат на тоа често добивал признанија за новите изуми.[31]

Леонардо да Винчи можеби учествувал и во изработката на дизајнот на бронзената топка, бидејќи така било наведено во парискиот ракопис именуван како Г во кои стоело: „Запомни како ја залемивме топката на врвот на базиликата Санта Марија дел Фјоре“.[32]

Декорациите на галеријата од Бачо д'Агноло никогаш не биле довршени докрај, затоа што не биле одобрени, од никој друг туку од големиот Микеланџело.

Огромна статуа на Брунелески денес се наоѓа недалеку од Палацо деи Каноничи, поточно на Пјаца дел Дуомо, гледајќи замислено кон неговото најголемо достигнување, куполата што засекогаш ќе доминира на панорамската фотографија на градот Фиренца. Куполата е сѐ уште најголемата соѕидана купола во светот.

Изградбата на катедралата започнала во 1296 година со дизајн на Арнолфо ди Камбио, а била завршена во 1469 година со поставување на бакарната топка од страна на архитектот Верокио на врвот на фенерот - светилник. Но, во тој период фасадата сè уште не била завршена сѐ до XIX век.

Фасада уреди

 
Модел на оригиналната средновековна фасада која се наоѓа во музејот на катедралата
 
Модерната фасада на катедралата изградена во XIX век.
 
Фасадата на катедралата од спротивната страна

Оригиналната фасада, дизајнирана од страна на Арнолфо ди Камбио, дизајнот обично му се припишувал на архитектот Џото, всушност била започната дваесет години по смртта на Џото. Цртежот со пенкало и мастило од средината на XV век на таа таканаречена фасада на Џото бил видлив во Кодексот Рустичи и на цртежот на Бернардино Покети уште во 1587 година. И двата нацрти биле изложени во Музејот на операта дел Дуомо. Оваа фасада била колективно дело на неколку уметници, меѓу кои Андреа Оркања и Тадео Гади. Оваа оригинална фасада била завршена само во нејзиниот долен дел, а подоцна оставена како недовршена. Фасадата била демонтирана во 1587-1588 година од страна на дворскиот архитект на семејството Медичи, извесен Бернардо Буонталенти. Демонтирањето на фасадата била побарана директно од големиот војвода Франческо I де Медичи, бидејќи изгледала доста застарена според строгите побарувања на ренесансата. Некои од оригиналните скулптури биле изложени во Музејот опера дел Дуомо, веднаш зад катедралата. Останатите скулпури се наоѓаат во Берлинскиот музеј, но и во музејот во Лувр во Париз.

Конкурсот за нова фасада на катедралата се претворил во огромен корупциски скандал. Дрвената макета за фасадата изработена од Буонталенти била изложена во Музејот опера дел Дуомо. Неколку нови дизајни за изглед на фасада биле предложени во подоцнежните години, но моделите (на Џовани Антонио Досио, Џовани де Медичи заедно со Алесандро Пиерони и Џамболоња) не биле прифатени. Фасадата подоцна била оставена гола (незавршена сѐ до XIX век).

 
Главната порта дело на Аугусто Пасаља
 
Статуа на Свети Репарата, на која била посветена претходната катедрала. Статуата се наоѓа во близина на главната порта.

Во 1864 година, на натпреварот одржан за дизајнирање за нова фасада победил дизајнерот Емилио Де Фабрис (1808–1883). Оваа верзија била од 1871 година. Работата за изработка на нова фасада на катедралата започнала во 1876 година, а комплетно била завршена во 1887 година. Таа претставувала неоготска фасада со вграден бел, зелен и црвен мермер. Така се добило еден хармоничен ентитет на самата катедрала со дополнителните делови на камбанаријата на Џото и крстилницата. Некои критичари мислеле дека базиликата била претерано украсена.

Целата фасада била посветена на Мајката (Божја) Христова.

Главна порта (влез) уреди

Трите огромни бронзени врати датирале од периодот од 1899 до 1903 година. Ги краселе сцени од животот на мајката Божја. Мозаиците во лунетите над вратите биле дизајнирани од страна на Николо Барабино. Тие претставувале: (од лево кон десно): Добротворност меѓу основачите на филантропските институции; Христос се устоличил заедно so Марија и Јован Крстител како и голем број на фирентински занаетчии, трговци и хуманисти. Педиментот над централната порта содржел полурелјеф, изработен од страна на дизајнерот Тито Сароки, на мајката на Христос, Марија, устоличена со доплнителен цветен скиптар. Вајарот Џузепе Касиоли ја извајал десната страна од вратата.

На врвот на фасадата имало серија ниши со ликот на дванаесетте апостоли, а на предната страна во средината, мајката со детето. Помеѓу прозорецот од рози и барабанот, постои галерија со бисти од големи фирентински уметници.

Внатрешноста на катедралата уреди

 
Внатрешноста на катедралата
 
Внатрешноста на катедралата
 
Огромен часовник украсен од страна на уметникот Паоло Учело
 
Претставени Данте и Божествената комедија
 
Trompe-l'œil од Николо да Толентино.
 
Последниот суд од Вазари и Зукари (поглед од долу од основата вертикално нагоре)
 
Последниот суд изработен од уметниците Вазари и Зукари
 
Детали од Последниот суд изработен од страна на Вазари и Зукари
 
Гробот на Антонио д'Орсо изработено од уметникот Тино да Камаино

Готскиот ентериер-внатрешноста бил огромен и остава впечаток на празнина. Релативната празнина на црквата соодејствува со строгоста на религиозниот живот, како што и проповедал големиот отец Џироламо Савонарола.

Многу украси во црквата биле изгубени со текот на времето или биле префрлени во Музејот на Oперата дел Дуомо, како што биле величествените канториски говорници (галериите за пеење за хористите) на Лука дела Робија и Донатело.

Бидејќи оваа катедрала била изградена со средства од донирани од народот, некои од поважните уметнички дела поставени во оваа црква им оддаваат чест на славните личности и воените водачи на градот Фиренца.[33]

Лоренцо Гиберти имал големо уметничко влијание врз катедралата. Тој работел на катедралата заедно со Филипо Брунелески цели осумнаесет години и имал голем број на свои проекти поставени особено по целиот источен дел на базиликата. Некои од неговите дела се дизајните преставени во техниката витраж, потоа бронзениот храм на Свети Зенобиј и мермерните оклопи на надворешноста на катедралата.

Други дела поставени во катедралата:

  • Данте пред градот Фиренца изработена од Доменико ди Мишелино (во 1465 година). Оваа слика била особено интересна затоа што ни илустрира, не само сцени од Божествената комедија, туку поглед на градот Фиренца од 1465 година каква што самиот Данте не можел да ја види во своето време.
  • Погребен споменик на Сер Џон Хоквуд изработена од Паоло Учело (во 1436 година). Оваа речиси монохроматска фреска, која била пренесена на платно во XIX век, е насликана во нијанса на верде, боја која била најблиска до патината од бронза.
  • Коњаничка статуа на Николо да Толентино изработена од Андреа дел Кастањо (во 1456 година). Оваа фреска, пренесена на платно во 19 век, во ист стил како и претходната. Била насликана во боја слична на мермер. Сепак, таа фреска била побогато украсена и давала впечаток на поголемо движење. Двете фрески ги прикажувале кондотиерите како херојски фигури кои на триумфален начин јавале на кољ. И двајцата сликари имале проблеми при примената во сликањето особено во воведувањето на новите правила на перспективата за скратување. Тие користеле техника две обединувачки точки, едната точка била за коњот, а една за пиедесталот (постаментот), наместо да бидат со единствена обединувачка точка.
  • Бисти на архитектот Џото (изработени од страна на Бенедето да Мајано), потоа на Брунелески (изработени од страна на Буџано – 1447 година) и бистите на уметникот Марсилио Фичино и Антонио Скварциалупи (најпознатиот оргулар во Фиренца). Сите овие бисти датираат од периодот на XV и XVI век.

Над главната врата на катедралата се наоѓа големиот часовник украсен со фреско-портрети на четворица пророци - евангелисти од уметникот Паоло Учело (од 1443 година). Овој литургиски часовник ги прикажува 24-те часа на таканареченото hora italica (италијанско време), временски период кој завршува со зајдисонце во 24 часот. Овој распоред за времето се користело некаде до XVIII век. Тој бил еден од ретките часовници од тоа време кои сè уште постојат и се во одлична работна состојба.[33]

Црквата била особено забележлива по своите 44 витражни прозорци, најголемиот витражен потфат од тој вид во цела Италија во периодот на XIV и XV век. Прозорците кои се наоѓаат по должина на патеките и во делот наречен трансепт прикажувале светци од Стариот и Новиот завет, додека кружните прозорци во барабанскиот дел од куполата и над влезот ги прикажуваат синот Божји Христос и мајка му Марија. Последниве биле дело на најголемите фирентински уметници на нивното време, како што биле: Донатело, Лоренцо Гиберти, Паоло Учело и Андреа дел Кастањо.[33]

Над главната врата приказот бил како: Христос ја крунисал Марија за кралица. Обоениот кружен прозорец над часовникот, со богата палета од бои, бил дизајниран од уметникот Гадо Гади некаде на почетокот на XIV век.

Донатело го дизајнирал витражниот прозорец (Крунисување на Богородица ) во делот на барабанот на куполата (единствениот што може да се види од просторот на наосот).

Прекрасниот погребен споменик на големиот Антонио д'Орсо (од 1323 година), бискуп од Фиренца, го изработил Тино да Камаино, најголемиот погребен скулптор во тоа време.

Монументалното распетие, сместено зад Епископското столче на високиот олтар, било дело на Бенедето да Мајано (во периодот од1495–1497). Хорскиот заград пак било дело на познатиот Бартоломео Бандинели. Бронзените врати на делот наречен сакристија со вкупно десет облоги ги изработил Лука дела Робија, кој имал и две застаклени дела од теракота во внатрешноста на сакристијата: Тоа биле делата Ангел со свеќник и Воскресение Христово.[33]

Во позадинскиот дел на средината од трите апсиди се наоѓа олтарот на Свети Занобиј, првиот епископ на градот Фиренца. Нејзиното сребрено светилиште, инаку ремек-дело на големиот Гиберти, ја содржел урната со неговите мошти. Централната преграда ни покажува едно од неговите чуда - оживување на мртво дете. Над ова светилиште била сликата посветена на Последната вечера (Тајната вечера) на помалку познатиот во тоа време уметник Џовани Балдучи. Постоел и мозаичен панел изработен од стаклена паста наречена Бистата на Свети Занобиус од уметникот и минијатурист Монте ди Џовани во период од XVI век. Ова дело денес е изложено во Музејот Опера дел Дуомо.[33]

Многу украси во катедралата потекнувале од покровителството на големите војводи од XVI век, како што бил на пример тротоарот во обоен мермер, донација на Бачо д'Агноло и Франческо да Сангало (од 1520 до 1526 година). Некои парчиња мермер кои биле првично вградени во фасадата подоцна биле употребени, на подот и тоа од горните кон подолните слоеви (како што покажала реставрацијата на подот по поплавите во 1966 година).[33]

Таванот на куполата бил украсен со претстава од Последниот суд. Првобитно бил оставен варосано по неговото завршување, а подоцна големиот војвода од Фиренца Козимо I де Медичи одлучил и наредил да го обои таванот на куполата. Ова огромно дело, околу 3.600 m² на бојадисана површина, започнато било во 1572 година од страна на Џорџо Вазари и било завршено до 1579 година.[34] Горниот дел, во близина на фенерот (светилникот), кој ги претставувало 24-те старешини на апокалипсата, бил завршен од страна на Вазари пред неговата смрт некаде во 1574 година. Федерико Зукари со помош на Бартоломео Кардучи, Доменико Пасињано и Стефано Пиери ги завршил останатите делови: (од врвот до основата) наречени Хоровите на ангелите; Христос, Марија и Светиите; Доблести, Дарови на Светиот Дух и Блаженства. На дното од куполата се наоѓало делото наречено Капиталните гревови и пеколот. Овие фрески се сметале за најголемото дело на Зукари. Квалитетот на работата бил нерамномерен поради придонесот на најразлични уметници и примена на различни техники. Вазари користел таканаречена вистинска фреска, додека Зукари сликал во техника фреско-сек (во секунда). За време на реставраторската работа, која завршила во 1995 година, целиот сликовен циклус на Последниот суд бил фотографиран со специјално дизајнирана опрема и сите информации биле собрани и документирани во каталог. Сите информации за реставрацијата заедно со реконструираните слики од фреските биле складирани во еден компјутерскиот систем под име: Thesaurus Florentinus.

Астрономски набљудувања уреди

 
Набљудување на солстициумот (централен дел) од 21 јуни 2012 година

Во 1475 година италијанскиот астроном Паоло дал Поцо Тосканели (кој бил учител на Брунелески по математика) пробил дупка во куполата на 91,05 метри над тротоарот за да би се создала меридијанска линија.[35] Висината го оневозможила поставувањето на целосна меридијанска линија на подот на катедралата, но било овозможено еден краток дел од приближно 10 метри да се протега помеѓу главниот олтар и северниот ѕид на делот наречен трансепт. Тој зафат овозможил набљудување на околу 35 дена од двете страни на летната рамноденица.

Поради населувањето во блиската зграда, поради честите движењата, како и поради надворешните температурни промени, меридијанската линија имала ограничена астрономска вредност и била надвор од употреба сѐ додека не била обновена во 1755 година од страна на Леонардо Ксименес.[36]

Меридијанската линија била покриена од страна на Фабрициери во 1894 година а и повторно откриена во 1997 година. Годишно воспоставување на набљудувањето се одржувало секогаш на 21 јуни точно во 12.00 часот по локално време.

Крипта - гробно место уреди

 
Гробот на архитектот Филипо Брунелески.

Катедралата била подложена на големи истражувачки ископувања помеѓу 1965 и 1974 година. Археолошката историја на оваа огромна област била реконструирана преку работата на уметникот и архитект д-р Френклин Токер. Биле пронајдени остатоци од стари римски куќи, ранохристијански тротоар, урнатини на поранешната катедрала Санта Репарата. Биле откриени и сите претходни последователни проширувања катедралата. Во близина на влезот, во делот на криптата отворена за јавноста, се наоѓа гробот на Филипо Брунелески. Неговата локација била добро истакната, а самата гробница била едноставна и доста скромна. Бидејќи на големиот архитект му било дозволено такво престижно гробно место, било доказ за високата почит што ја ималле фиренците кон него.

Други погребувања во катедралата или во нејзина близина уреди

  • Зенобиј од Фиренца - првиот епископ од Фиренца
  • Конрад II од Италија - цар на Светото Римско царство
  • Џовани Бенели - Архипископ на Фиренца од 1977 до 1982 година
  • Филипо Брунелески - архитект на катедралата во Фиренца (1377-1446)
  • Џото ди Бондоне - еден од архитектите на катедралата
  • Папата Николај Втори - Римски Папа (1059 - 1061)
  • Папата Стефан IX - Римски Папа (1057-1058)
  • Џон Хоквуд - архитект на катедралата (1320 - 1394)

Напукнување на куполата уреди

Неармираните ѕидарски работи кои Брунелески ги користел за конструирање на куполата претствувал слаб дел што доведувало до пукање кога оптоварувањето на затегнувањето ја надминуваат ограничената затегнувачка цврстина на ѕидарските делови. Материјалот бил особено подложен на оштетување од сеизмичко оптоварување поради неговата хетерогеност и многу големата површина помеѓу различните материјали (камења во врска со малтер).[37]

Напукнување на куполата било забележано уште пред да биде завршена нејзината изградба. Можно било првите пукнатини да се предизвикани од силниот земјотрес во 1453 година.[38]

Првиот писмен доказ за присуството на пукнатини се појавил во извештајот на Герардо Силвани од 18 септември 1639 година, кој се однесувал на „пели“ („влакна“).[38] Во 1694 година Џанбатиста Нели и Винченцо Вивиани ги испитувале пукнатините заедно со Нели, запишувајќи во извештајот дека постојат две главни пукнатини со максимална ширина од 29 мм (1,1 инч).[38] Тие верувале дека пукнатините се предизвикани од тежината на куполата и секако хоризонталните потиснувања од страна на столбовите. Комисијата предводена од Винченцо Вивиани во 1695 година, извршила истраги и дошла до заклучок дека пукањето се должи на соптсвената тежина на градбата. Било предложено куполата да се зајакне со поставување на четири големи железни појаси од кои три да се постават од надворешната страна на куполата помеѓу површина на куполата и кружните прозорци, додека четвртиот требало да се вгради внатрешно, во втората патека помеѓу двете школки.[39] Таа реконструкција би требало да биде многу слична на онаа што била направена на куполата на Свети Петар во Рим. По долга расправа била донесена одлука куполата да остане во првобитната состојба без никакви интервенции.[40]

Првото најкомплетно истражување на пукнатините било објавено во 1757 година од страна на језуитот Леонардо Ксименес (1716–1786). Во својот документ тој опишал 13 различни типологии на пукнатини.[38][41] Во 1934 година, Пјер Лујџи Нерви, кој бил раководител на специјалната комисија формирана од страна на првите луѓе на Опера дел Дуомо за проучување на пукањето на куполата, забележал дека пукнатините се отвораат и затвораат под дејство на различните годишни времиња. Во зима, каменот и тулите на куполата се собирале, предизвикувајќи пукнатини и истите се проширувале, додека во текот на летото материјалите се проширувале и пукнатините се затворале. Додека модерните градби во својот дизајн предвидувале експанзиони (растегливи) слоеви, куполата на катедралата не вклучувала такви материјали и поради тоа доаѓало до оштетувањата. Последователно се развиле еден вид на експанзиони зглобови со иста форма како и пукнатините. Така било овозможено структурата на градбата на некој начин да „диши“. До денес тие зглобови не дозволиле никаква катастрофална штета на куполата, односно таа била заштитена.[42]

Во 1955 година од страна на Опера дел Дуомо биле инсталирани вкупно 22 механички деформометри, кои биле четири пати годишно исчитувани за да би можело евентуално да се забележат варијациите во широчината на главните пукнатини во внатрешноста на куполата. Во исто време биле констатирани и внатрешните и надворешните температури, во и надвор од куполата. Оваа активност на слeдење останала во употреба до 2009 година.[37]

Во 1975 година, од страна на италијанската влада била назначена комисија чија основна задача и била заштита на куполата.[40] Во 1978 година владината агенција за култура одлучила да ги обнови фреските. Брунелески оставил место за четириесет и осум фрески со големина од 600 милиметри. Тоа биле места во вид на дупки по целата купола.[42] Тие биле отворени одвнатре и покриени со надворешна кожа. Долго време се претпоставувало дека дупките едноставно служеле како држачи за скелињата што се користеле кога биле насликани фреските на внатрешната страна на куполата. Иако дупките можеле да го поддржуваат скелето што се користело за создавање на фреските на внатрешноста на куполата, тие не биле доволно силни за мрежата на модерни метални скелиња неопходни за да се обезбеди пристап за реставраторските работи преземени на фреските помеѓу 1979 година и 1995 година. За зајакнување на скелето, приватната компанија со која бил склучен договор за изградба на скелиња во 1982 година и било дозволено да ги пополни дупките со бетон за да може во нив да се прицврстат челичните скелетни греди.[34][40]

Во 1985 година локалниот архитект Ландо Бартоли забележал дека се формираат дополнителни пукнатини околу претходно запечатените дупки. Во тоа време било теоретизирано дека во летен период четирите главни предели разделени со пукнатините „А“ се прошириле, но тогаш, во пределот на основата на куполата. Просторот се спротивставувал на непопустливиот бетон што во тој момент ги исполнувал оние 48 отвори. Тоа дејствувало како потпора која предизвикувала енергијата што некогаш била потрошена со затворањето на пукнатините и во отворите да се пренесе во горните слоеви на куполата.[34][42] Сепак анализата на Андреа Кјаруги, Микеле Фанели и Џузепети (објавена во 1983 година) покажала дека главниот извор на пукнатините бил ефектот на сопствената тежина поради геометријата на куполата. Нејзината тежина била проценета на 25.000 тони.[34] Недоволната отпорност на прстенестиот зрак, при термичките варијации, предизвикувал постепено оптоварување, а со тоа и проширување на конструкцијата.[37][43] Тоа бил добро познат таканаречен механизам на колапс на градбите, типичен за куполестите структури, односно, спуштање на врвот на конструкцијата под сопствената тежина со значителни хоризонтални потисоци на носечките елементи.[37]

Во 1985 година, комисијата формирана од италијанското Министерство за културно и монументално наследство ја прифатила оваа теорија.[39][41] Дебатата за пополнувањето на 48 -те отвори на скелето конечно била разрешена во 1987 година кога било докажано дека затворањето на отворите немало влијание врз проширувањето и контракцијата на куполата.[34] Истражувањето завршено во 1984 година покажало вкупно 493 пукнатини со различни големини, подредени во категории идентификувани со буквите од „А“ до „Д“.[42]

Катаегории поредени според карактерот на распукнување:

  • Тип А. Тоа биле суб-вертикални големи пукнатини кои започнувале од прстенестата греда и продолжувале нагоре сѐ до приближно две третини од висината на куполата. Тие минуваат низ внатрешниот и надворешниот слој на парните мрежи и нивниот опсег се движи во дебелина од 55 мм (2,2 инчи) до 60 мм (2,4 инчи) (веб 4 и 6) и 25 мм до 30 мм (веб 2 и 8).[41] Куполата има вкупно осум мрежи нумерирани спротивно од стрелките на часовникот почнувајќи со првата која гледа кон главниот кораб на катедралата. Тие скоро идентично ја делат куполата на четвртини и никогаш не се затвораат целосно.[42] Постоела теорија дека малтерот што се користел за затворање на пукнатините со текот на годините заедно со распаднатите градежни материјали ги заглавувале пукнатините.[42]
  • Тип Б. Тоа биле суб-вертикални помали пукнатини се наоѓаат во близина на кружните прозорци.[41]
  • Тип Ц. Станувало збор за субвертикални помали пукнатини кои биле присутни околу осумте рабови на куполата.[41]
  • Тип Д. Тоа биле четири суб-вертикални помали пукнатини во внатрешниот дел на непарните мрежи. Тие не минувале низ ширината на куполата.[41]

Сите пукнатини биле формирани во симетрична шема.

Развојот на пукнатините од типот „А“ значело дека куполата во моментот и во иднина трајно ќе се однесувала како четири полу-лакови кои се движат поврзани под делот на горниот окулус.[41] Атаментите на овие полу-сводови ги сочинувале столбовите, параклисите и наосот на црквата. Се верувало дека разликите во шемите на напукнување помеѓу парните и непарните мрежи се должело на варијациите во вкочанетоста на структурата на потпорната прстенеста греда под делот на куполата. Куполата е поддржана од страна на четири тешки столбови кои се надоврзувале на парните мрежи, додека непарните мрежи се сместени над четирите лакови кои ги поврзуваат столбовите.[41]

Во 1987 година, втор и посеопфатен дигитален систем (кој автоматски собира податоци на секои шест часа) бил инсталиран во 1987 година, од страна компанијата ISMES (во соработка со „Soprintendenza“, локалниот огранок на Министерството за култура, кој е одговорен за конзервација на сите историски споменици во Фиренца). Апаратурата била составена од вкупно166 инструменти, меѓу кои биле и 60-те топломери за мерење на температурата во ѕидовите и температурата на воздухот на различни локации, потоа 72 трансдуктори за поместување од индуктивен тип (деформометри) поставени на различни нивоа на главните пукнатини во внатрешноста и надворешноста на куполата. Имало и осум водоводни линии во центарот на секоја мрежа, кои ги мереле релативните поместувања помеѓу столбовите од една страна и делот наречен тамбур. Во состав на апаратурата имало и осум живометри и два пиезометри, едниот поставен во близина на мрежата 4, а другиот веднаш под наосот кој ги регистрирале варијациите на нивото на подземните води.[37] Линеарната регресивна анализа на снимените податоци покажала дека главните пукнатини се прошируваат за приближно 3 мм (0,12 инчи) за период од 100 години или еден на век.[37][38] Друг пак извор претствувал податоци за движење од 5,5 мм. на секои 100 години.[44]

Користејќи модерен софтвер се користел за надгледување на куполата идентичен како кај големата брани. Компјутерскиот модел на куполата бил развиен во 1980 година во соработка помеѓу Италијанската национална агенција за електрична енергија и Центарот за структурно и хидраулично истражување (CRIS) од страна на група истражувачи предводена од страна на Микеле Фанели и Габриела Џузепети, а во соработка со Одделот за градежно инженерство при Универзитетот во градот Фиренца. Целиот тим го надледувал Андреа Кјаруги. Поради ограничените пресметковни ресурси и поради симетријата само една четвртина од куполата била моделирана. Анализата на конечни елементи потврдила дека главните пукнатини во суштина биле создадени од сопствената тежината на куполата. Оттогаш се развиени серии на нумерички модели со зголемена сложеност. За да се помогне во целовкупното надгледување на куполата, во 1992 година било нарачано опсежно фотограметриско и топографско истражување на целата купола од страна на „Soprintendenza -локалниот огранок на Министерството за култура“. Резултатите од тоа истражување подоцна биле искористени за понатамошен развој на моделот за финалните елементи на куполата.[37]

Наводи уреди

  1. Ermengem, Kristiaan Van. „Duomo di Firenze, Florence“. A View On Cities (англиски). Архивирано од изворникот на 19 October 2019. Посетено на 5 February 2016.
  2. Bartlett, pp. 36–37; according to Bartlett, the people of Florence continued to call the cathedral by its former name for some time after reconstruction.
  3. Tarihi, Güncelleme (23 May 2018). „Michelangelo Rönesans döneminde Floransanın önde gelen Medici Ailesinin özel bir isteği üzerine hangisini yapmıştır“. Haber46 (турски). Архивирано од изворникот на 5 July 2018. Посетено на 5 July 2018.
  4. 4,0 4,1 Barlett, 36.
  5. Haines, Margaret (1989). „Brunelleschi and Bureaucracy: The Tradition of Public Patronage at the Florentine Cathedral“. I Tatti Studies in the Italian Renaissance. 3: 89–115. doi:10.2307/4603662. JSTOR 4603662. Архивирано од изворникот на 26 December 2019. Посетено на 20 August 2019.
  6. Krén, Emil; Marx, Daniel. „View of the nave and choir by ARNOLFO DI CAMBIO“. Web Gallery of Art. Архивирано од изворникот на 26 December 2019. Посетено на 5 July 2018.
  7. Sannio, Simone (12 January 2017). „Inside the House of Medici (Part II): Palazzo Vecchio“. L'Italo-Americano. Архивирано од изворникот на 7 February 2020. Посетено на 5 July 2017.
  8. King, Ross (2000). Brunelleschi's Dome: How a Renaissance Genius Reinvented Architecture. New York: Bloomsbury. стр. 1. ISBN 978-0-8027-1366-7.
  9. Zucconi, Guido (1995). Florence: An Architectural Guide. San Giovanni Lupatoto, Vr, Italy: Arsenale Editrice srl. ISBN 978-88-7743-147-9.
  10. King, pp. 76–79.
  11. „Santa Maria Del Fiore Church (Dome) Firenze Italy“. En.firenze-online.com. Архивирано од изворникот на 25 October 2019. Посетено на 26 March 2013.
  12. Charles Seymour, Jr. "Homo Magnus et Albus: the Quattrocento Background for Michelangelo's David of 1501–04," Stil und Überlieferung in der Kunst des Abendlandes, Berlin, 1967, II, 96–105.
  13. Janson, pp. 3–7
  14. Pope-Hennessey, John (1958) Italian Renaissance Sculpture, London, pp. 6–7
  15. Poeschke, p. 27.
  16. Seymour, 100–101.
  17. King, p. 10
  18. 18,0 18,1 „Brunelleschi's Dome“. Smarthistory at Khan Academy. Архивирано од изворникот на 16 January 2013. Посетено на 19 December 2012.
  19. King, p. 9.
  20. King, p. 7.
  21. Lancaster, Lynne (2005) Concrete Vaulted Construction in Imperial Rome: Innovations in Context, Cambridge University Press, p. 44
  22. For a fictional impression see PBS' The Medici: Godfathers of the Renaissance, Birth of a Dynasty (on https://www.youtube.com/watch?v=9FFDJK8jmms Архивирано на 23 јануари 2017 г. at the 20:15 mark)
  23. Stevenson, Niel (2007) Architecture Explained. ISBN 0756628687. pp. 36–37.
  24. King, pp. 70–73.
  25. King, p. 97.
  26. Mueller, Tom (10 February 2014). „Mystery of Florence's Cathedral Dome May Be Solved“. National Geographic Society. Архивирано од изворникот на 30 June 2019. Посетено на 31 December 2014.
  27. „NationalGeographic.com 2014-02 Il Duomo Tom Mueller“. Архивирано од изворникот на 25 May 2016. Посетено на 28 December 2014.
  28. „NationalGeographic.com 2014-02 Il Doumo Design Video“. Архивирано од изворникот на 27 March 2018. Посетено на 12 April 2015.
  29. King, pp. 105–107.
  30. Gartner, Peter, Filippo Brunelleschi 1377–1446, p 95.
  31. King, p. 69.
  32. Paolo Galluzzi, "Leonard de Vinci, engineer and architect", p. 50
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 33,4 33,5 King, Ross (2001). Brunelleschi's Dome: The Story of the great Cathedral of Florence. New York: Penguin. ISBN 0-8027-1366-1.
  34. 34,0 34,1 34,2 34,3 34,4 Shulman, Ken (3 December 1989). „ART: On the Scaffolds, a Delicate Labor in the Duomo“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 3 December 2021. Посетено на 28 November 2021.
  35. Heilbron, John Lewis (1990). The Sun in the Church. Cathedrals as Solar Observatories. Harvard University Press. стр. 70. ISBN 0674005368.
  36. Del vecchio e nuovo gnomone fiorentino e delle osservazioni astronomiche fisiche ed architettoniche fatte nel verificarne la costruzione (италијански). Firenze: Stamperia Imperiale. 1757.
  37. 37,0 37,1 37,2 37,3 37,4 37,5 37,6 . Los Alamos, New Mexico. Отсутно или празно |title= (help)
  38. 38,0 38,1 38,2 38,3 38,4 Ottoni, Federica; Coïsson, Eva; Blasi, Carlo (2010). „The Crack Pattern in Brunelleschi's Dome in Florence: Damage Evolution from Historical to Modern Monitoring System Analysis“. Advanced Materials Research. Trans Tech Publications. 133-134: 53–64. doi:10.4028/www.scientific.net/AMR.133-134.53. Архивирано од изворникот на 26 April 2022. Посетено на 3 December 2021.
  39. 39,0 39,1 Castoldi, A.; Chiarugi, Andrea; Giuseppetti, G.; Fanelli, A.; Petnni, G. (1993). „Diagnosis and strengthening of the Brunelleschi Dome“. IABSE Reports. ETH-Bibliothek. 70: 440–448. Архивирано од изворникот на 3 December 2021. Посетено на 3 December 2021.
  40. 40,0 40,1 40,2 Montalbano, William D. (21 January 1988). „Piazza, Duomo Work: In Florence, It's Politics vs. Preservation“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 3 December 2021. Посетено на 20 November 2021.
  41. 41,0 41,1 41,2 41,3 41,4 41,5 41,6 41,7 Borri, Claudio; Betti, Michele; Bartol, Gianni (2010). „Brunelleschi's dome in Florence: The masterpiece of a genius“. Во Zingoni, Alphose (уред.). Advances and Trends in Structural Engineering, Mechanics and Computation (Hardback). Boca Raton, Florida: CRC Press. стр. 1317–1320. ISBN 978-0-415-58472-2. Архивирано од изворникот на 26 April 2022. Посетено на 3 December 2021.
  42. 42,0 42,1 42,2 42,3 42,4 42,5 Suro, Roberto (28 July 1987). „Cracks in a Great Dome in Florence May Point to Impending Disaster“. New York Times. стр. C3. Архивирано од изворникот на 26 May 2013. Посетено на 26 February 2010.
  43. . Zurich. Отсутно или празно |title= (help)
  44. Como, Mario (2021). „Brunelleschi's Dome: A New Estimate of the Thrust and Stresses in the Underlying Piers“ (PDF). Applied Sciences. MDPI. 11 (4268): 4268. doi:10.3390/app11094268. Архивирано од изворникот на 26 April 2022. Посетено на 3 December 2021.

Поврзано уреди

Белешки уреди

Надворешни врски уреди