Катафиги (Солунско)

Катафиги (грчки: Καταφύγι , книжевно: Καταφύγιον, Катафигион) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Катафиги
Καταφύγι
Катафиги is located in Грција
Катафиги
Катафиги
Местоположба во областа
Катафиги во рамките на Гида (општина)
Катафиги
Местоположба на Катафиги во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 22°24′E / 40.650° СГШ; 22.400° ИГД / 40.650; 22.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Надм. вис.&100000000000000030000003 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓало на јужниот брег на некогашното Ениџевардарско Езеро, два километри североисточно од селото Ниси, во чиј атар и влегувало, на надморска височина од 3 метри.[1]

Сместено е во областа Урумлак.

Историја уреди

Селото не било споменато од К’нчов и од Бранков, но најверојатно се работело за населба со грчко население.[1]

Во 1912 година, Катафиги било гркојазично христијанско село. Било напуштено во 1920-тите години.[2] Неговите жители го напуштиле и се преселиле во соседното село Ниси.

Население уреди

На пописот од 1913 година било забележано со 48, а во 1920 година само со 9 жители. Малку подоцна, селото целосно се распаднало, а неговите жители се преселиле во Ниси.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
  2. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.