Каскада (ерменски: Կասկադ Kaskad) се гигантски скали направени од варовник во Ереван, Ерменија. Ги поврзува центарот на областа Кетрон во Ереван со споменикот „Соседство“. Каскадата била дизајнирана од страна на архитектите Џим Торосјан, Аслан Мекитарјан, и Саргис Гурзадјан. Изградбата на каскадата започна во 1971 година и била делумно завршена во 1980 година.[1]

Каскада
Каскадата во Ереван
Карта
Општи податоци
Видскали
МестоЕрменија Ереван, Ерменија
Координати40°11′28″N 44°30′56″E / 40.19111° СГШ; 44.51556° ИГД / 40.19111; 44.51556
Надм. височина118 м (387 ст)
Почната1971
Завршена1980
Пуштена во употреба17 ноември 2009
СопственикГрадски совет на Ереван
Проектирање и изградба
АрхитектЏим Торосјан, Аслан Мкитарјан, Саргис Гурзадјан

Во внатрешноста на Каскадата, под надворешниот дел, се наоѓаат седум лифтови кои се искачуваат по должината на комплексот. Постојат, исто така, изложбени сали поврзани со некои од платформите кои го сочинуваат Кафесијанскиот музеј на уметноста.

Надворешноста на Каскадата содржи повеќе нивоа, украсени со фонтани и модерни скулптури од колекцијата Кафесијан. Скалите им пружаат на пешаците непречен поглед кон центарот на Ереван и планината Арарат. Во основата на Каскадата има градина со статуи од современи вајари, како на пример статуи од Фернандо Ботеро.

Постојат голем број на кафулиња и ресторани од двете страни на Каскадата, често посетувани од страна на месните жители и туристите. Често се одржуваат класични и џез концерти на Каскадата за време на пролетта, летото и раната есен, а гледачите седат на скалите.

Историја уреди

 
Поглед кон Ереван од Каскада

Изградбата започнала во 1971 година, за време на советската ера. Првата фаза била завршена во 1980 година. Втората фаза започнала во 2002 година и траела до 2009 година. Комплексот бил предаден на американско-ерменскиот магнат и колектор Жерар Кафесијан во почетокот на 2000-те години, кога бил подложен на комплексно дополнително реновирање. Голем музејски комплекс бил планиран да се изгради, но останал во застој и е сè уште во раните фази на изградба.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди