Касехемви (околу 2690 г. п.н.е., Ḫꜥj-sḫm.wj , исто така и Ка-сехемви) бил последниот крал на Втората династија на Египет. Малку е познато за него, освен дека водел неколку значајни воени кампањи и ја изградил тврдината позната како Шунет Ел Зебиб.

Касехемви
Статуа на Касехемви, Ashmolean Museum
Фараон на Египет
Владеел18 години, околу 2690 г. п.н.е., Втора династија
ПретходникСехемиб-Перенмаат или Сет-Перибсен
НаследникЏосер (најверојатно) или Санахте
СопружнициНимаетап?
ДецаЏосер
Хетепхернебти
можеби Санахте
Починал2686 г. п.н.е.
ЗакопанГроб V во Ум ел Кааб
СпоменициШунет ез Зебиб, тврдина во Нехен,[2] Гиср ел-Мудир ?

Неговото Хорусово име Ḫꜥj-sḫm.wj може да се толкува „Две моќни сили се појавија“,[3] но името е запишано во многу варијанти, како што е Hr-Ḫꜥj-sḫm „Хорус, оној чија моќ се појавува", ḫꜥj sḫm.wj ḫtp nṯrwj jm = f „две сили се појавуваат така што предците се одмараат во него“ (итн.)[4]

ВладеењеУреди

Касехемви владеел речиси 18 години, во почетокот на 27 век п.н.е. Точниот датум на неговото владеење во египетската хронологија е нејасен, но е приближно помеѓу 2690 – 2670 г. п.н.е.

Според проучувањето на Тоби Вилкинсон на Кралските анали од древен Египет од Каменот од Палермо, Касехемви владеел 17,5 или речиси 18 години.

ЖивотописУреди

Касехемви бил наследник на Сет-Перибсен, иако некои египтолози веруваат дека друг фараон, Касехем, владеел меѓу нив. Меѓутоа, повеќето научници веруваат дека Касехем и Касехемви се всушност иста личност.[5] Касехем можел да го смени своето име во Касехемви откако тој го споил Горниот и Долниот Египет по граѓанска војна меѓу следбениците на боговите Хор и Сет. Други веруваат дека тој го поразил владеачкиот крал, Сет-Перибсен, откако се вратил во Египет по угушувањето на бунтот во Нубија.

Касехемви е уникатен во египетската историја бидејќи ги има двата симболи на Хор и на Сет на неговиот серех. Некои египтолози сметаат дека ова е обид да се обединат двете фракции; но по неговата смрт, Сет бил постојано отфрлен од серехот. Тој бил најстариот египетски крал за кој се знае дека изградил статуи за себе.

Касехемви изградил тврдина во Нехен, и во Абидос (сега позната како Шунет ез Зебиб) и бил погребан таму во некрополата во Ум ел-Кааб. Тој, исто така, можеби го изгради Гиср ел-Мудир во Сакара.

СемејствоУреди

Жената на Касехемви била кралицата Нимаатап, мајка на децата на кралот. Тие биле родители на Џосер и на сопругата на Џозер, Хетепхернебти.[6] Исто така е можно дека син на Хасехемви бил Санахте.

БиблиографијаУреди

НаводиУреди

  1. Alan H. Gardiner: Кралски канон од Торино.
  2. Khasekhemwy's fort Archived 2012-09-03 at the Wayback Machine
  3. Питер Клејтон, Хроника на фараоните, Темза и Хадсон ООД, 2006 мат., Стр. 26
  4. Јирген фон Беккерат, Handbuch der ägyptischen Königsnamen (1999).
  5. King Khasekhem Error in Webarchive template: Empty url.
  6. Предлошка:Dodson, p. 48