Картата е метален сад за чување, пренос и складирање на вино. Може да се изработи и од дрво.

Опис

уреди

Картата била користена за носење и за чување вино. Со правил-на тркалезна форма, составена е од два полутркалезни дела, по рабовите споени, со што е формирана внатрешноста од садот. На горниот крај е дополнително додаден тесен повисок отвор од кој полесно се полни или истекува виното. Од обете страни на овој отвор, наречен „чопка“, направени се алки низ кои е проврен синџирот од железо што служи за држење, односно закачување на картата. На предната и на задната страна картата има декорирации. Овој вид на предмет бил поретко користен, повеќе се користеле дрвените карти.[1]

Наводи

уреди
  1. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 94, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Поврзано

уреди