Карпински манастир

(Пренасочено од Карпинскиот манастир)

Карпински манастир или Воведение на Пресвета Богородица е манастирски комплекс сместен во близина на селото Орах, Кумановско во Источна Македонија[1].

Карпински манастир
Поглед на манастирската црква од север
Основни податоци
МестоМакедонија Село Орах, Куманово, Македонија
Координати42°11′33.81″N 21°57′49.35″E / 42.1927250° СГШ; 21.9637083° ИГД / 42.1927250; 21.9637083
Припадностправославие
ЕпархијаКуманово
Осветен14 век
ВодствоПолошко-кумановска епархија
Архитектонски опис
Архитектонски типманастир
Архитектонски стилВизантиска архитектура
Завршен19 век

Историја

уреди
 
Манастирска камбанарија

Основан е во 14 век од страна севастократор Дејан зет на Српскиот цар Стефан Душан. Денешниот изглед на манастир e од 16 - 17 век. Манастирот e бил обновен во 19 век. Манастирска црква e од 16-17 век посветена на Воведение Богородичино. Таа е изградена од обработен камен во форма на триконхос. Во црквата се забележуваат два слоја на фрескоживопис. Постариот слој е живописан во времето на нејзината изградба. Од овој период препознатливи се ликовите на Богородица со Исус Христос, што се наоѓаат во јужната конха, и на Теодор Тирон и Теодор Стратилат, во северната конха. Поновиот слој на фрески датира од крајот на 19 век век.

Манастирските конаци за време на Втората светска војна значително настрадале.[2]

Комплексот се наоѓа во очајна состојба и пред распаѓање, а моментно не се презема ништо тој да се зачува.

 
Карпинското евангелие

Иконостас

уреди

На дрвениот иконостас со скромен изглед се поставени мајсторски изработените икони, меѓу кои се осумте празнични икони од крајот на 16 век и почетокот на 17 век . По своите уметнички вредности се изделуваат композициите на Големите празници.

Карпино скрипторски центар

уреди

Карпино е позната скрипторска школа од 16 век, според податоците од Институтот за македонска книжевност, во манастирот Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел како црковно - духовно и културно јадро за овој регион. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.

Всушност, Карпинскиот манастир за првпат се споменува во 1592 година, кога било напишано Карпинското евангелие, во кое во една преписка се вели дека тоа е напишано во манастирот Карпински, во храм Воведение на Пресвета Богородица, во лето 1592[3]. Околу препишувањето на евангелието во 1592 се потрудил еромонахот Јоаникие[3]..

Во средината на XVIII век е напишан и Карпинскиот триод од чии ракописни белешки се дознава за историјата на манастирот како на пример дека во 1745 година во манастирот Карпино дошол еромонахот Стефан, запишано од ерејот Стојко од Нагоричино, додека од друга рака е запишано дека света книга пеел поп (папа) Димитрија од село Врбен во Дебарска каза[3]. Карпинскиот триод денес се чува во Софиската народна библиотека.

За најзначајни книжевни дела се сметаат Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва. Постојат и документи за 11 пергаментни ракописи, но и хартиени, како што се евангелија, апостоли, псалтири.

XIX век

уреди

За манастирот Карпино опис и податоци во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, дал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров кој запишал дека во една вдлабнатина по тој ред од чуки во почетокот Голем Дол е Карпинскиот Манастир.[4] Тој е еден од најстарите манаситри. Според мислењето на околните жители, тој бил направен пред 1000 години[4]. Стариот натпис каде што било запишано дека бил основан пред 1000 години, бил уништен при обновувањето на манастирот. По доаѓањето на Турците манастирот бил запустен и присвоен од некој бег, којшто во црквата ги затворал своите кози[4]. Околните селани откако го откупиле манастирот, го возобновиле[4]. Сега манастирот е тесен[4]. Во средината на округлестиот двор е црквата, а наоколу се наредени 32 соби во двокатна зграда[4]. Манастирот бил под духовенство на егзархијата и во него немало калуѓери[4].

Занимливости

уреди
  • Во манастирот комплекс Воведение на Пресвета Богородица се одвива ликовната колонија Карпино od 2002 година.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Карпински манастир - Воведение на Богородица“. Архивирано од изворникот на 2009-04-19. Посетено на 2009-10-18.
  2. „Sazdo Vasilkov Češmadžiski: Selo Orah - Suv Ora, str. 24“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-01.
  3. 3,0 3,1 3,2 Ќорнаков, Димитар (2009). Македонски манастири. Скопје: Матица Македонска. стр. 191–195. ISBN 9989-48-558-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 104. ISBN 978-608-245-113-8.