Карачали (Берско)

поранешно село во Берско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Кара Чали (Берско))

Карачали или Кара Чали (грчки: Μαυροδένδρι, Мавродендри; книжевно: Μαυροδένδριον, Мавродендрион, до 1926 година: Καρά Τσαλή, Карачали[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Карачали
Μαυροδένδρι
Карачали is located in Грција
Карачали
Карачали
Местоположба во областа
Карачали во рамките на Бер (општина)
Карачали
Местоположба на Карачали во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°32′N 22°14′E / 40.533° СГШ; 22.233° ИГД / 40.533; 22.233Координати: 40°32′N 22°14′E / 40.533° СГШ; 22.233° ИГД / 40.533; 22.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&1000000000000005500000055 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Денес, ова поранешнот село претставува дел од градот Бер.

Географија и местоположба уреди

Селото е оддалечено околу 4 километри североисточно од градот Бер, во самото Берско Поле, на надморска височина од 55 метри.[2]

Селото е сместено во областа Урумлак.

Историја уреди

Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Мавродендри (Μαυροδένδρι).

Население уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Карачали живееле 30 Грци христијани.[3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карачали (Kara Tchali) имало 25 Грци.[4]

Во 1910 година во Карачали (Καρά Τσαλί) имало 28 жители.[5]

Во пописот од 1913 година селото не било воопшто спомнато, најверојатно бидејќи малата чифлигарска населба била целосно уништена во Балканските војни, додека во пописот од 1920 година била спомената со 67, во 1928 година со 34 (од нив 13 бегалци), во 1940 година со 30, а во 1951 година само со 17 жители. Во подоцнежните пописи, селото повеќе не се споменува како посебна населба поради малобројноста на неговото население, а бројот на жителите е пресметан во составот на жителите на градот Бер.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 30 17
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото претставува дел од градот Бер и се смета како негова четврт.

Наводи уреди

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρά Τσαλή -- Μαυροδένδρι
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  5. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927