Карасинанци
Карасинанци или Кара Синан (на грчки: Πλάγια, Плагија, до 1928 година Καρασινάν, Карасинан) е село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија со население од 304 луѓе (2001).[2]
Карасинанци Πλάγια | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°07′N 22°48′E / 41.117° СГШ; 22.800° ИГДКоординати: 41°07′N 22°48′E / 41.117° СГШ; 22.800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Надм. вис. | 189 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 304 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија уреди
Селото се наоѓа на околу 12 километри северно од градот Бојмица (Аксиуполи).
Историја уреди
Во Османлиското Царство уреди
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смол е населба во казата Карашнан со 400 домаќинства, а од жителите 1496 се муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („„Македония. Етнография и статистика““) во 1900 година Карасинанци е село во гевгелиската каза со 2000 жители Турци.[4]
Во Грција уреди
Во 1913 година, после Втората балканска војна, селото припаѓа во Грција. После грчко-турската војна во 1922 година турското население се иселува во Турција и на негово место се населени Грци. Во 1928 година Карасинанци е чисто бегалско село со 190 семејства и 799 жители.[5]
Наводи уреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 152.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.