Капсохор (Берско)

Капсохор или Капсохора (грчки: Καψοχώρι, книжевно: Καψοχώριον, Капсохорион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Капсохор
Καψοχώρι
Капсохор is located in Грција
Капсохор
Капсохор
Местоположба во областа
Капсохор is located in Гида (општина)
Капсохор
Местоположба на Капсохор во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 22°26′E / 40.617° СГШ; 22.433° ИГД / 40.617; 22.433Координати: 40°37′N 22°26′E / 40.617° СГШ; 22.433° ИГД / 40.617; 22.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Денес, селото претставува составен дел од градот Гида.

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на три километри југозападно од градот Гида, крај самата железничка пруга Солун-Бер, на надморска височина од 10 метри.[1]

Сместено е во областа Урумлак.

ИсторијаУреди

 
Железничката станица Гида-Капсохор, околу 1891-1894 г. (фотографирано од Пол Зепџи)

Како и сите околни села што влегуваат во областа Урумлак, така и ова село било населено со грчко население.[1]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. ВО 1928 година, Капсохор претставувала мешана населба со 1 бегалско семејство со вкупно 4 жители.[2]

СтопанствоУреди

Основни производи на селото биле памук, шеќерна репка, а се произведувало грав, детелина и овошје. Дел од населението се занимавал и со краварство.

НаселениеУреди

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Капсахори (Kapsa-khori), Камбанијска епархија, живееле 258 Грци.[3] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Капсохор живееле 200 Грци христијани.[1][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Капсохор (Kapsohor) живееле 200 Грци.[5]

Во 1913 година било забележано со 279 жители, во 1920 година со 305, во 1928 година со 337 (од нив само 5 бегалци), во 1940 година со 424 и во 1951 година со 563 жители. Во подоцнежните пописи повеќе не се споменува, бидејќи било споено со градот Гида, иако селото и понатаму продолжило да постои.[1]

Самоуправа и политикаУреди

Денес, селото претставува дел од градот Гида.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
  2. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 143.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.