Отоманско-венецијанска војна (1645–1669)

(Пренасочено од Кандиска војна)


Отоманско-венецијанска војна, позната како Кандиска војна — шестата Отоманско-венецијанска војна која се водела меѓу Венецијанската Република, Малтешки ред, Папската Држава и Франција од една страна и Османлиското Царство од друга страна. Конфликтот избил за превласт на островот Крит. Војната се одвивала преку поморски битки во Егејско Море и воени операции во Далмација.

Критска војна
(Отоманско-венецијански војни)
Дел од Отоманско-венецијански војни
Датум 1645–1669
Место Далмација, Крим и Егејско Море
Исход Османлиска победа
Територијални
промени
Крит бил освоен од Османлиите
Завојувани страни
 Венецијанска Република


Sovereign Military Order of Malta Малтешки ред
Папска Држава
 Француско кралство
Маниоти

 Османлиско Царство
Османлиско Царство Берберски земји
Команданти и водачи
Андреја Корнер
Николо Лудовиси
Томазо Моросини  
Џовани Батиста Гримани
Џакомо да Рива
Алвис Мокениго
Леонардо Фосколо
Лоренцо Марчело 
Лазаро Мокениго 
Франческо Моросин
Алмериго д`Есте
Францис Вендоме 
Османлиско Царство Силах Јусуф-паша
Османлиско Царство Кара Муса-паша 
Османлиско Царство Гази Хусеин-паша
Османлиско Царство Ахмед-паша
Османлиско Царство Кара Мурат-паша
Османлиско Царство Ќопрулу Мехмед-паша
Османлиско Царство Ќопрулу Ахмед-паша

Позадина уреди

По османлиското освојување на Кипар во 1573 година[1], единствена колонија на Венецијанската Република во овој дел на Средоземјето останал островот Крит или Кандија. Островот имал големо стратешко значење за поморскиот пат кон Египет и западниот дел на Средоземјето[2]. За Венеција островот главно бил користен за трговски цели и голем период од време успевале да ја одложат војната за островот против Османлиите. Отворањето на новите трговски поморски патишта во северниот дел на Атлантикот и губењето на политичката моќ како последица од Триесетгодишната војна негативно се одразило на економската моќ на Венеција[1].

Венецијанската флота на 7 август 1638 година ги нападнала и уништила османлиските пирати кои биле стационирани во тогашната турска територија Валона[3]. Реакцијата на Османлиите била многу жестока, па османлискиот султан Мурат IV наредил да се блокираат сите активности меѓу двете земји[4]. Венеција тогаш морала да плати оштета од 250.000 златници[5][6].

До нов инцидент дошло на 28 септември 1644 година кога Малтешките витези нападнале група од исламски патници кои пловеле кон Мека на аџилак. Во нападот биле заробени 350 мажи и 30 жени и биле преместени на јужниот дел од Крит каде требало да бидат продадени како робови[7]. Портата го искористила овој инцидент како повод за објавување на војна на Венеција[8][9], а таа на секој можен начин сакала да го одбегне конфликтот но безуспешно. Така, по налог на султанот, на 30 април 1645 година преку Дарданелите и Пелопонез испловила флота од 416 бродови и 50.000 војници на чело со капудан-пашата[10][11].

Војна уреди

Почеток на војната уреди

Османлиите на Крит пристигнале на 23 јуни 1645 година[11], а самите управители на островот биле изненадени бидејќи сметале дека флотата ќе изврши напад кон Малта во знак на освета за претходниот инцидент, во кој бил вмешан малтешкиот орден. Островот претставувал добро утврдено место, а на чело на островот се наоѓал Андреја Корнеро[12]. Венеција како управна власт немала поддршка од локалното грчко население[9][13]. Конфликтот започнал со напад на градот Ханија по кое се упатиле кон островот Санто Тодеро. Заповедникот на островот Блазио Зулијан гледајќи дека нема големи шанси за одбрана наредил да се минира целиот остров и островот бил дигнат во воздух. По ова Османлиите се упатиле коин Ханија и на 22 август истиот бил освоен. Во меѓувреме дошла христијанска помош од Папаската држава, Токсана, Малта и Непал[14]. По неколкумесечните битки дошла зимата, а конфликтот бил сопрен. Венеција безуспешно се обидувала да принајде сојузници во Западна Европа за нова крстоносна војна, но финансиските проблеми биле основна причина за неуспех. На чело на Венеција во 1646 година застанал Џовани Капело кој се покажал како доста неуспешен дожд. Во јуни една мала османлиска армија успеала да го зазеде источниот дел на тврдината Ситија. Се проценува дека до 1648 година, околу 40% од критското население страдало од епидемија, па бројот на жители се намалил од 260.000 на околу 80.000 луѓе.

Опсада на Крит уреди

До средината на 1648 година скоро цел Крит бил во рацете на Османлиите. Главната тврдина Кандија била опседната во мај 1649 година и истата траела до крајот на војната во 1699 година. Оваа опсада била една од најдолгомерните во историјата на воените конфликти. Османлиите немале успех во нападите главно поради големите проблеми во снабдувањето на војниците. Но по убивањето на султанот Ибрахим I, на чело на империјата застанал неговиот син Мехмед IV[15].

Во текот на 1649 година поради проблемите во престолнината била на кратко прекината опсадата. Во следната година јаничарите повторно биле одбивани од бранителите на тврдината. Така единствена опција била одржување на цврста и трајна блокада на градот[16]. Османлиите започнале со изградба на три нови тврдини а кон средината на 1650 година на островот дошла дополнителна армија. Во 1653 година Османлиите имале успех во зазимање на тврдината на островот Селино. И покрај долгата опсада која негативно се одразувала на османлиската војска, сепак опсадата продолжила.

1645—1654 уреди

Венецијанците сфатиле дека нема да можат да се борат по копно, затоа одлучиле да ги активираат поморските напади каде биле супериорни. Нивната намера била едноставна, да се блокираат Османлиите за да не можат да се снабдуваат силите на островот Крит. Поради тоа започнале напад над Дарданелите каде успешно била сопрена флотата на Кара Муса-паша од 80 бродови на 26 мај 1646 година. Но овој успех бил многу краток па Османлиите успеале да го убијат водачот на венецијанската флота. Во 1648 година Венеција повторно се вратиле кон Дарданелите со околу 65 бродови. Поради венецијанскиот успех, Османлиите снабдувањето го продолжиле преку Мала Азија а венецијанскиот адмирал морал своите сили да ги раздели на две групи, кои на крај биле недоволни за успех. Така во 1649 година била пробиена блокадата на Дарданелите, но Венеција повторно направила блокада и следната 1650 година со 41 брод но и во овој обид не постигнале голем успех. Единствен значаен конфликт се случил на 10 јули 1651 година кај Наксос каде 58 венецијански бродови победиле многу побројна османлиска флота, која морала да се повлече кон Родос.

До 1654 година Османлиите ја обновиле својата флота со бродови изградени во Триполитанија и Тунис, па кон почетокот на мај со флота од 80 бродови кон која се приклучиле и 22 галии од Егејско Море и 14 бродови од берберскиот султан заминале кон Дарданелите. На 16 мај 1654 година Венеција била принудена да се повлече од Дарданелите.

1654-1669 уреди

Во следните две години продолжиле поморските борби. Венецијанските сили повторно се обиделе да спроведат блокада на Дарданелите но не можеле трајно да ги задржат своите позиции. Османлиите во 1658 година продолжиле со војната против Хабсбуршката Монархија, па не презимале поголеми акции. Венеција била толку исцрпена што сакала постојанен мир, но султанот ова го одбивал. Во 1659 година дошло до француско-шпански мир по кое Венеција започнала да добива поголема помош. Првиот француски контигент од 4.200 војници на Крит пристигнал во април 1660 година заедно со германски, савојски, малтешки и токсански сили. Главната цел на почетокот била да се отстрани опсадата на Кандија, но без успех. Францизите се повлекле по смртта на нивниот водач.

Во август 1664 година завршила војната со Хабсбуршката монархија па Османлиите своите сили ги насочиле кон борбата со Венеција. Големиот везир Ахмед Корпулу во зимата 1665 година наредил на 9.000 војници заминување на Пелопонез а во 1667 кон Крит. Венеција исто така добила голема француска помош. Завршните операции на Кандија траеле 28 месеци во кој конфликт загинале околу 70.000 Османлии, 38.000 жители на островот и околу 30.000 христијански бранители на островот.

Одбраната на островот станала невозможна поради постојаните бомбардирања и минирања на ѕидините кои на крајот биле срушени а градот останал без заштита. Последните венецијански бранители се предале на 5 август 1669 година.

Последици уреди

Предавањето на Кандија ставило крај на четири и пол вековното венецијанско владеење на Крит и го довело Отоманското Царство до неговиот привремен територијален зенит[17]. Во исто време, трошоците и жртвите направени за време на оваа продолжена војна во голема мера придонеле за опаѓањето на османлиската држава во текот на втората половина на 17 век[18]. Од друга страна, Венеција ја изгубила својата најголема и најпросперитетна колонија, нејзината истакната трговска позиција на Средоземјето била намалена[19], и нејзината ризница била исцрпена, откако потрошила околу 4.253.000 дукати само за одбрана на Кандија[20]. За сето ова, далматинските придобивки биле недоволна компензација. По враќањето во Венеција во 1670 година, на Морозини му се судело под обвинение за непослушност и предавство, но бил ослободен. Петнаесет години подоцна, тој ги предводил венецијанските сили во Морејската војна, каде што Републиката се обидела, за последен пат, да ги врати своите загуби и повторно да се воспостави како една од најголемите сили на Источното Средоземје[21][22]. За време на таа војна, во 1692 година, венецијанската флота се обидела да ја врати Кандија, но не успеала. Последните венецијански упоришта кај Крит паднале во последната Отоманско-венецијанска војна (1714–1718) во 1715 година[20]. Крит останал под отоманска контрола до 1897 година, кога станала автономна држава. Островот продолжил под номинална османлиска власт до Балканските војни. По нивните последици, османлискиот султан се откажал од секое барање на островот, а на 1 декември 1913 година тој бил формално обединет со Грција[23].

По падот на Кандија, се зголемиле стравувањата дека Османлиите ќе ја нападнат Малта. Во 1670 година, Редот на Свети Јован започнал да ја подобрува одбраната на островот[24].

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Faroqhi (2006), p. 51
  2. Setton (1991), pp. 107–108
  3. Lane (1973), p. 408
  4. Setton (1991), pp. 108–109
  5. Finkel (2006), p. 222
  6. Parry & Cook (1976), p. 152
  7. Setton (1991), p. 111
  8. Finkel (2006), p. 225
  9. 9,0 9,1 Finkel (2006), p. 226
  10. Setton (1991), p. 124
  11. 11,0 11,1 Setton (1991), p. 126
  12. Setton (1991), p. 120
  13. Finlay (1856), p. 130
  14. Setton (1991), p. 121
  15. Setton (1991), pp. 151–153
  16. Setton (1991), p. 158
  17. Faroqhi (2006), p. 22
  18. Holt, Lambton & Lewis (1978), p. 631
  19. Cooper (1979), p. 232
  20. 20,0 20,1 Miller 1921, p. 196
  21. The War for Candia, VENIVA consortium, 1996, Посетено на 27 November 2008
  22. Faroqhi (2006), pp. 58, 115
  23. Detorakis (1986), pp. 438–456
  24. Zammit, Vincent (1984). „Seventeenth Century Fortifications“. Civilization. Ħamrun: PEG Ltd. 1: 118–119.

Надворешни врски уреди