Како да украдеш милион (филм од 1966)

Како да украдеш милион (англиски: How to steal a million) - американски филм од 1966 година, во режија на Вилијам Вајлер, според сценариото на Хари Курниц. Главните улоги ги граат: Одри Хепберн (Audrey Hepburn), Питер О'Тул (Peter O'Toole), Ели Валах (Eli Wallach), Хју Грифит (Hugh Griffith) и Чарлс Бојер (Charles Boyer).[1]

Синопсис уреди

Никол Бонет (ја игра Хепберн) е ќерка на познатиот колекционер на уметнички дела Чарлс Бонет (го игра Грифит), но никој не знае дека нејзиниот татко истовремено е и фалсификатор на ремек-делата на светската уметност. Парискиот музеј од него ја позајмил скулптурата на Венера за која верува дека е дело на италијанскиот вајар Челини од 16 век, но всушност, делото го фалсификувал Бонет. Проблемот настанува кога музејот сака да ја осигура скулптурата и за таа цел да ја утврди нејзината старост. Никол сака да го спаси својот татко од проблемите и го ангажира симпатичниот крадец Сајмон Дермот (го игра О'Тул)...[1]

Наводи уреди