Кулата Какнес (шведски: Какнесторнет) е телекомуникациска кула сместена во Ладугордсгердет во Стокхолм, Шведска. Кулата е главен центар на шведските телевизиски, радио и сателитски преноси. Завршена е во 1967 година, дизајнирана од архитектот Бенгт Линдрос, има висина од 155 метри, односно 170 метри вклучувајки ја и горната антена. Неколку години Какнесторнет била највисоката зграда во нордиските земји сè додека Несинеула да била отворена во Тампере, Финска во 1971 година. Таа била надмината во 2005 година од Турнинг Торсо во Малме. Кулата е во сопственост на националната шведска радиодифузна компанија Тераком. Името на кулата доаѓа од античкото име на областа, Какнес.

Какнасторнет
Поглед на Стокхолмскиот Поморски Музеј со кулата во позадина.
Карта
Кула Какнас
Општи податоци
ВидТелекомуникациска кула
СтилБрутализам
АдресаМорка Крокен 28–30
ГрадСтокхолм
ЗемјаШведска
Координати59°20′06″N 018°07′35″E / 59.33500° СГШ; 18.12639° ИГД / 59.33500; 18.12639
Почната1963
Завршена1967
Пуштена во употреба12 Mај 1967
СопственикТераком
Висина155 м
Технички податоци
Катови30
Проектирање и изградба
АрхитектБенгт Линдрос
Портал
kaknastornet.se

Кулата порано била отворена за јавноста, со информативен центар и продавница за подароци, како и ресторан, но сега е трајно затворена за јавноста од 2018 година со образложение дека безбедносните поправки би биле прескапи.[1] Подоцна било откриено дека вистинската причина е заканата од странско разознавање. Според Шведската телевизија, шведската безбедносна полиција во извештај во 2017 година навела дека е зголемен бројот на странски разознавачки агенции и поради пријавата кулата ќе биде затворена.[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Kaknästornet stängt för besökare på obestämd tid“. Посетено на 2021-02-06.
  2. „Tukholman Kaknäsin tv-tornin sulkemisen taustalla sittenkin "vieraan vallan uhka". Посетено на 2021-02-06.

Надворешни врски уреди