Казанџи Маало

Казанџи Маало (грчки: Στάγιρα или Στάγειρα, до 1924 г. Καζαντζή Μαχαλά, Казанѕи махала[2]) — село во Општина Аристотел во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стагира бил дел од општина Стагира-Акант [3].

Казанџи Маало
Στάγιρα
Остатоци од античка Стагира
Остатоци од античка Стагира
Казанџи Маало is located in Грција
Казанџи Маало
Казанџи Маало
Местоположба во областа
Казанџи Маало is located in Аристотел (општина)
Казанџи Маало
Местоположба на Казанџи Маало во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°31′N 23°45′E / 40.517° N; 23.750° E / 40.517; 23.750Координати: 40°31′N 23°45′E / 40.517° N; 23.750° E / 40.517; 23.750
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаСтагира-Акант
Надм. вис.&10000000000000481000000481 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно352
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположбаУреди

Казанџи Маало се наоѓа на 34 километри северно од гратчето Ерисово и на 73 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик. Сместено е во јужните падини на планината Пијавица, на надморска височина од 481 метар.

ИсторијаУреди

На десетина километри на север се наоѓа античкиот град Стагира — родно место на филозофот Аристотел.

Црквата „Рождество на Пресв. Богородица“ во селото била изградена во 1814 година[4][5][6].

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.

Според податок од 1878 г. Казанџи Маало имало 240 жители.[7]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година селото било прекрстено во Стагира[8], според античкиот град.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 370 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 393 жители.

ДемографијаУреди

Во 1928 година селото броело 452 жители, додека во 1940 година селото броело 586 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 523 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 680 жители, во 1971 година имало 587 жители, во 1981 година имало 479 жители, додека во 1991 година имало 464 жители[9]. Денеска, населението на селото е 372 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 586 523 680 587 479 464 372 352
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

ЛичностиУреди

  • Сава Констамонитски (? - 1821) — преподобен и новомаченик

НаводиУреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καζαντζή Μαχαλά -- Στάγειρα
  3. 3,0 3,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. Οικουμενικόν Πατριαρχείον
  5. Δήμος Αριστοτέλη
  6. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου
  7. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  8. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.

Надворешни врскиУреди