Каде има чад, таму има и оган (филм)

филм

„Каде има чад, таму има и оган“ е француски филм од 1973 година во режија на Андре Кајат. Овој филм е награден со „Сребрена мечка“ (Специјална награда од жирито) на Берлинскиот филмски фестивал, а бил и номиниран за „Златна мечка“.

Заплет уреди

Шавињи, на периферијата на Париз. Жозеф Бусар е градоначалник. Неговите соработници, неколку криминалци, се задолжени за „нечистите“ работи. Изборите се ближат. Еден од одговорните за лепење плакати од опозицијата е „случајно“ убиен. Елиминиран е и еден сведок. Докторот Пејрак, човек од левицата кого сите го ценат, решава да влезе во изборната трка како противник на Бусар. Каква сопка да му се постави на новиот противник? Помошникот на градоначалникот лажира фотографија на која г-ѓа Пејрак развратнички се забавува во резиденцијата на пријателите Лерој. Фотомонтажата не е опфатена со истрагата. Меѓутоа, Пејрак не се дава така лесно. Убиството на фотографот, одговорен за фалсификатот, е прилика за нова сплетка. Овојпат, обвинет и затворен за убиството е токму Пејрак. Ќе успее ли жена му со помош на Олга Лерој да докаже дека е невин? Олга има пријатели во високите кругови, далеку повлијателни од Бусар. Скандалот би можел да го оцрни. Така, Бусар е повикан да се повлече. Пејрак е ослободен, но не сите пријатели се тука за да го пречекаат кога ќе излезе од затвор...