Источен регион (Исланд)

регион во Исланд

Источен регион (исландски: Austurland, тр. Ејстирланд) или Источни Фјордови (Austfirðir, тр. Ејстфирдир) — регион во источниот дел на Исланд. Зафаќа површина од 22.721 км2 и има население од 15.300 жители (2007).

Источен регион
Austurland
Источниот регион во рамките на Исланд
Источниот регион во рамките на Исланд
ЗемјаИсланд
СедиштеЕјилстадир
Површина
 • Вкупна22.721 км2 (8,773 ми2)
Население (2007)
 • Вкупно15.300
 • Густина0,6/км2 (20/ми2)

Најголемо населено место во регионот е Ејилстадир, со население од 2.300 жители. Најстара општина е Тјупивогир (настаната во 1589 г.), денес со население од 470 жители (2015).

ХелкистадирУреди

Регионот е познат по каменот дволомец (во средниот век наречен „сончев камен“) во рудникот „Хелкистадир“ во Ескифјердир.[1] Чистотата и проѕирноста на кристалите од ова наоѓалиште, како и нивната дволомност предизвикала интерес кај научната јавност почнувајќи од крајот на XVII век. Подоцна овие кристали одиграле значајна улога во почетниот развој на оптиката на брановите, кристалографијата и физиката на кристалите.[2] „Хелкистадир“ е затворен во 1925 г., а педесет години подоцна е прогласен за национален споменик.[3]

Траектен сообраќајУреди

Единствениот траект кој го поврзува Исланд со европското копно сообраќа од Сејдисфјердир еднаш неделно во летните месеци и повремено во остатокот од годината.

ОпштиниУреди

Општина Изворно Население[4] Површина
(км2)
Вопнафјердир Vopnafjarðarhreppur 655 1.903,31
Поргарфјардархрепир Borgarfjarðarhreppur 108 440,15
Прејдталсхрепир Breiðdalshreppur 185 452,22
Сејдисфјердир Seyðisfjarðarkaupstaður 676 212,64
Тјупавогсхрепир Djúpavogshreppur 461 1.132,63
Фјардапигд Fjarðabyggð 4.777 1.162,23
Фљоутсталсхјерад Fljótsdalshérað 3.547 8.883,77
Фљоутсталсхрепир Fljótsdalshreppur 76 1.516,3
Хорнафјердир Sveitarfélagið Hornafjörður 2.306 6.309,44

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Daniel E Russell, The Iceland Spar Quarry at Helgustadir, Iceland, mindat.org, 17 февруари 2008 г. посет. 27 декември 2017 г.
  2. Kristjansson, L. (2002): Iceland spar: The Helgustadir Calcite Locality and its Influence on the Development of Science. Journal of Geoscience Education, 50, 419-426. посет. 27 декември 2017 г.
  3. Helgustadir Mine, Reydarfjörđur, Eastern Region, Iceland, mindat.org, 24 декември 2017 г. посет. 27 декември 2017 г.
  4. „Единици на месната управа“. ec.europa.eu. конс. 2018-08-10.  (англиски)

Надворешни врскиУреди

Координати: 65°17′N 14°23′W / 65.283° СГШ; 14.383° ЗГД / 65.283; -14.383