Источен регион — еден од осумте статистички региони на Македонија . Овој регион се наоѓа во источниот дел на Македонија и граничи со Вардарскиот , Скопскиот , Североисточниот и со Југоисточниот регион . Главен центар на регионот е градот Штип .
Источен плански регион
Регион
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во рамките на Републиката.
Земја
Македонија
Површина
3,537 км2
Население
181,858 (2002 )
Основано
2009
Часовен појас
UTC +1
Повикувачки бр.
032
Oпштини
11
Седиште
Штип
Раководител
Драгица Здравева
Контакт
032/ 386-412
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал : Официјално мрежно место
Демографија Уреди
Карта на мнозинските етнички групи во регионот.
Моменталната бројка на населението на источниот регион е околу 181.858 жители или 10 % од вкупното население на Македонија, според новите граници кои не ги вклучуваат Свети Николе и Лозово .
Попис
Население
Промена
1994
201.525[2]
N/A
2002
181.858
+1.94%
Најголеми населби Уреди
Помеѓу најголемите населени места во регионов се:
Етнички групи Уреди
Најголемите етнички групи во регионот се Македонците, но тука живеат и:
Број
%
Вкупно
203.213
100
Македонци
188.522
92.77
Роми
6.927
3.40
Турци
2.636
1.29
Власи
2.514
1.23
други
2.614
1.28
Забелешка : Податоците се според старите граници на регионот, односно ги вклучува општините Свети Николе и Лозово, кои денес се дел од Вардарскиот регион.
↑ „Источен регион“ . Посетено на 2011-04-29 .
↑ Според старите граници со општините Свети Николе и Лозово.