Историја на Русија

(Пренасочено од Историја на Русија, 1682-1796)

Историјата на Русија започнува со онаа на Источните Словени. Првата источнословенска држава, Киевска Русија, го примила христијанството од Византија во 988 година,[1] со што започнало создавањето на руската култура во следниот милениум.[2] Киевска Русија како држава се распаднала по монголската инвазија во 1240 година. Во текот на овој период, голем број на регионални градови, како Новгород и Псков, се бореле да го наследат културното и политичкото наследство на Киевска Русија.

Милениумскиот споменик во Новгород.

По 13 век, постепено Москва станала доминантен центар во поглед на културата и моќта.[2] Во XVIII век, на територијата на поранешното Големо московско војводство се создала големата Руска Империја, која се протегала од Полска на запад до Тихиот Океан на исток. Експанзијата на западните сили во Русија придонеле за поттикнување на национализмот на неруското население во империјата и до создавање на идеи за одвојување од империјата. Кметството било укинато во 1861 година, но укинување било постигнато преку неповолни услови за селаните и истото послужило за зголемување на револуционерната свест на населението. Во периодот меѓу укинувањето на кметството и почетокот на Првата светска војна во 1914 година, биле спроведенитн. Столипинови реформи, преку кои биле воведени значајни промени во економскиот и политичкиот живот во земјата[3], но за дел од населението истите се покажале како доста неуспешни.[4]

Руската револуција од 1917 година била поттикната од тешките економски услови во земјата, преку автократскиот систем на владеење, кое донело до победа на социјалистичката и либералната партија. Од 1922 до 1991 година, историјата на Русија се темели на историјата на Советскиот Сојуз. На почетокот, Владата во Советскиот Сојуз ја сочинувала една партија, чии членови биле Болшевиците, а која подоцна прераснала во Комунистичка партија на Советскиот Сојуз.[5] Меѓутоа, кон крајот на 1980-тите години, слабата економска политика која била спроведувана во Советскиот Сојуз, довела до распаѓање на државата.[6]

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, на крајот од 1991 година, Русија повторно стана самостојна држава, каква што е и денес. Со стекнувањето на независноста, Русија била призната како правен наследник на Советскиот Сојуз.[7] Сепак, Русија го изгубила својот статус на велесила, соочувајќи се со сериозни предизвици во нејзините напори да го изгради новиот економски и политички систем. По укинувањето на социјалистичкото планирање и централната државна сопственост на имотот, Русија се обиде да изгради пазарна економија, која често доведуваше до поразителни резултати.[6] Денес, руското општество се заснова на многу политички и општествени елементи, карактеристични за царска Русија и Советскиот Сојуз.

Рана историја

уреди

Прасловенски жители

уреди
 
Географска карта на која е претставено подрачјето околу Црното Море на кое се населиле Старите Грци

Во праисториската епоха, огромните степи во јужна Русија биле населени со номадски племиња. Во класичната антика, народите населени во Понтиските степи биле познати како Скити.[8] Остатоци од овие одамна исчезнати степски цивилизации биле откриени во текот на 20. век во Ипатово,[8] Синташта,[9] Аркаим,[10] и Пазирик.[11] Во втората половина од 8 век п.н.е., грчките трговци ја пренеле класичната цивилизација во Танаис и Фанагорија.[12]

Градот Гелон бил опишан од страна на Херодот како еден од најголемите во тоа време во Европа. Меѓу 3 век п.н.е. и 6 век п.н.е., на овие простори опстојувало Боспорското царство,[13] управувано главно од грчките колонии. Царството се распаднало по инвазијата на номадските племиња.[14] Хазарите биле турски наорд, ми се населиле и владееле на територијата меѓу Каспиското Езеро и Црното Море до 8 век.[15] Познати по своите закони, толеранција и космополитизам[16], Хазарите биле главната трговска врска меѓу балтичките земји и Абасидскиот калифат во Багдад.[17] Тие станале големи сојузници на Византија[18] и воделе неколку успешни војни против арапскиот калифат[15][19]. Во 8 век, Хазарите го прифатиле јудаизмот.[19]

Раноисточни Словени

уреди

Русите се словенски народ, чија прататковина (според некои научници) се смета дека биле Припјатските блата.[20] Раните Источни словени постепено се населиле во Западна Русија во два оравца: првите се населиле од Киев во околината на денешните градови Суздаљ и Муром, а другите од Полоцк кон Новгород и Ростов.[21] По 7 век, дел од Источните словени се населиле во делови од денешна Западна Русија[21] и постепено започнале со асимилација на угрофинските племиња, како на пример Мерјаните,[22]Муромијаните,[23] и Мештераните.[24]

Киевска Русија

уреди
 
Географска карта на распространетоста на Киевска Русија во 11 век

Викиншкото племе Варјаги[25] во Северна Европа создале едно од најцивилизираните општества во тоа време. Во средината на 9 век, тие започнале да се преселуваат од Балтичкото кон Црното Море и Каспиското Езеро.[26] Според Првиот руски летопис, Викингот Рурик бил избран за првиот владетел (Голем кнез) на Новгород во околу 860 година,[2] пред неговите наследници да се преселат на југ кон Киев,[27] каде претходно веќе владееле Хазарите.[28]

Така, во текот на 9 век била создадена првата источнословенска држава која се викала Киевска Русија[2], која се наоѓала по должината на река Днепар. Киевска Русија го контролирала трговскиот пат на кожа, восок, и размената на робови меѓу Скандинавија и Византиското Царство, по должината на река Волхов.[2]

Името Русија, заедно со финското Ruotsi (што значи „Шведска“) и естонското Rootsi (исто така „Шведска“), според некои научници би требало да се поврзат со Рослаген.[29] Оваа етимологијата на името Рус се дебата на голем број на историчари. Според некои, пак, Рус доаѓа од иранскиот јазик.[30]

До крајот на 10 век, нордиското малцинство се соединило со словенското[31] и паднале под големо влијание на христијанската Византија, по честите воени напади од страна на Цариград.[32] Во тоа време, Византија доживувала голема воена и културна преродба. И покрај нејзиниот подоцнжен пад, нејзината култура имала постојано влијание на развојот на Русија во текот на натамошната историја.

Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на православното христијанство,[2] издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството, официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнезот Владимир.[33] Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на „Златното владеење“ на Киевска Русија. Неколку години подоцна бил создаден првиот законик, наречен „Руска правда“.[34] На почетокот, кнезовите на Киевска Русија го следеле примерот на византиските императори, одржувајќи ја црквата под своја контрола,[35] од што произлегла и тесната поврзаност меѓу државата и црквата и во следните неколку века.

До 11 век, особено за време на владеењето на Јарослав Мудриот, Киевска Русија се одликувала со развиена економија и со големи достигнувња во архитектурата и литературата.[36] Во споредба со европските јазици, рускиот јазик не бил под голема сенка на грчкиот и латинскиот јазик.[2] Ова се должи на фактот што црковнословенскиот јазик бил користен директно во литургијата.[37]

Во 11 век, Куманите основале држава во јужниот степски дел на денешна Русија, покрај брегот на Црното Море. Нивните чести напади на Киевска Русија го отежнал процесот на интегрирање на сите руски Словени. Многу често бил напаѓан и градот Киев.

По смртта на моќниот киевски кнез Владимир Мономах започнале бројни братоубиствени борби меѓу руските кнезови, а веќе од средината на 11 век бројни номадски степски племиња сè почесто продирале во руските земји. Во 1097 година се одржал собор на кнезовите во Љубеч, но неслогата меѓу нив продолжила и натаму. Така, кнезот новгород-северски Игор Свјатославич (1151-1202), син на черниговскиот кнез Свјатослав Олегович и внук на Олег Свјатославич, бил од родот Олегович кои биле во непријателски односи со родот Мономахович (потомците на киевскиот кнез Владимир Мономах). Од 1180 до 1183 година, кнезот Игор се борел против Мономаховичите, а притоа бил во сојуз со ханот Кончак.[38] Подоцна, пролетта 1185 година, кнезот Игор Свјатославич (син на черниговскиот кнез Свјатослав Олегович и внук на Олег Свјатославич), заедно со брат му Всеволд, синот Владимир и внукот Свјетослав Олегович, започнал воен поход против Половците. Откако на почетокот, руската војска ги поразила Половците, опиена од успехот, таа не го забележала прегрупирањето на непријателот и најпосле била поразена, при што кнезот Игор и двајца други кнезови биле заробени, а кнезот Всеволд загинал. Но, една година подоцна, јужните руски кнезови, предводени од киевскиот кнез Свјатослав, им нанеле тежок пораз на Половците при што бил заробен ханот Кобјак.[39]

Киевска Русија како држава се распаднала во 1240 година, главно поради борбите меѓу членовите на кралското семејство за заземање на престолот. Киевската доминација слабеела во корист на Владимирско-суздаљското Кнежевство на североисток, Новгородската Република на север и Галициско-волнското Кнежевство во југозапад. Оваа територија, конечно била заземена од страна на Монголците по нивната инвазија на Русија, по која била формирана т.н. „Златна Орда“.[40] Галициско-волнското кнежевтво повторно било окупирано во времето на постоењето на Полско-литванската Државна Заедница,[2] додека монголската доминација над Владимирско-суздаљското Кнежевство и независната Новогордска република го означил почетокот на современата историја на Русија.[2]

Монголска инвазија

уреди
 

Во 13 век, Киевска Русија се соочила со инвазија од страна на Монголите. Во 1223 година, земјата била поразена во Битката кај реката Калка[41] Инвазиите продолжиле и во 1230-тите, а на 4 февруари 1238 година, Монголците го запалиле градот Владимир,[42] а истото го направиле и со другите поголеми градови во североисточна Русија. Русите, исто така доживеале пораз и во [[Битка кај реката Сит|Битката кај реката Сит,[43] по која Монголцте се насочиле кон Полска и Унгарија.[44] Монголците до тој момент ги имале освоено поголемиот дел од руските кнежевства.[45] Единствено Новгородската Република ја избегнала окупацијата и продолжила да се развива во склопот на унијата Ханза.[46]

Влијанието на Монголското Царство на територијата на Киевска Русија било огромно. Културата на Киевска Русија била речиси уништена, постарите руски центри, како Киев и Владимир, по војната не биле долго време обновени,[40] а поновите градови, како Москва[47] Твер[47] и Нижни Новгород,[48] започнале да се натпреваруваат за хегемонијата на монголската доминација во Русија. Иако руската војска ја поразила Златната Орда во Битката кај Куликово во 1380 година,[49] монголската доминацијата на руска територија продолжила до 1480 година.[47]

По падот на Хазарите, на територијата меѓу реките Волга и Кама била создадена Волшка Бугарија. Во 10 век, населението на Волшка Бугарија го примило исламот, со што се олеснила трговијата со Блискиот Исток и Средна Азија. Во пресрет на монголската инвазија од 1230, земјата била окупирана од Златната Орда, при што од населението се создале денешните Чуваши и Казански Татари.

Големото московско војводство

уреди

Зацврстувањето на Москва

уреди
 
Данил Московски со својата придружба

Даниел Московски бил најмладиот син на Александар Невски. Тој го основал Московското Кнежевство[47] и ги протерал Татарите од земјата. Добро распореден во централниот дел на речниот систем на Русија и опкружен со големите шуми и мочуришта, како и соработката со монголските владетели, придонеле таа да прерасне во силна земја почитувана од страна на Татарите. Кнежевството дополниѕелно ја зацврстило својата положба кога градот станал центар на Руската православна црква. До средината на 14 век, моќта на Монголците била во опаѓање, а Русите ја согледувале можноста за нивно протерување. Во 1380 година, во Битката кај Куликово, Монголците биле поразени[49] и во следните неколку века, кенежевството значително ги проширило своите граници.

Иван III Велики

уреди

Во текот на 15 век, големите кнезови на Москва се обиделе целото население на кнежевството да го стават под своја контрола. Најуспешен владетел од овој период бил Иван III,[47] кој ги удрил темелите на новата руска држава. Иван постојано бил во конфликт со својот голем соперник од северозапад, Полско-литванската Државна Заедница, борејќи се за придобивање на полузависните кнежевства кои се наоѓале околу реките Днепар и Ока.[50][51] По долга војна, тој успеал да и порази и припои кон државата, Новгород и Твер.[52]

 
Пропаѓањето на Новгоодската република во 1478

Како резултат на тоа, Големото московско војводство во време на владеењето на Иван III се проширило и зафаќало поврѓшина трипати поголема отколку во времето на неговиот претходник.[47] За време на неговиот конфликт со Псков, еден монах по име Филотеј му напишал писмо со пророштво дека градот ќе биде наречен „Трет Рим“.[53] До такви тези се дошло по падот на Цариград и смртта на последниот христијански крал на Византија, бидејќи до 1453 година, седиштето на православната црква се наоѓала токму во центарот на византиската престолнина.[47]

Членовите на Тјудорската династија и другите „нови монарси“ во Западна Европа го признале апсолутниот суверенитет на Иван над сите руски кнезови и благородници. Одбивајќи понатамошна соработка со Татарите, Иван III во својот поход, целосно ја поразил Златната Орда. Тој и неговите наследници се обиделе да ги заштитат јужните граници од нападите на Кримските Татари и другите орди.[54]

Иван III во светската историја е познат и како Иван Велики, голем кнез на сите Руси“, понекогаш е нарекуван и „обединувач на сите руски земји“. Во негово време биле изградени и реновирани голем број на објекти, од кој најпознат е московскиот Кремљ.

Руско царство

уреди

Иван Грозни

уреди
 
Иван Грозни

Развојот на царскиот автократски апсолутизам, својот врв го достигнал за време на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Тој ја зајакнал позицијата на монархот на највисоко ниво.[47] Исто така, во негово време биле направени едни од најголемите реформи во историјата на Русија, при што биле воведени нови закони во многу области, познати под името Судебник[55], со кои се бил основан првиот руски претставнички парламент кој се викал Земски Собор, а свештениците добиле поголеми права во управувањето.[56]

Иако, тој војувал во долгата Ливонска војна за контрола на брегот на Балтичкото Море, во која дожиевал неуспех,[57], Иван Грозни успеал да ги зазеде Казанското ханство, Астраханското ханство и Сибирското ханство.[58] Овие освојувања ја прекинале постојаната миграција на азиските народи во Европа, која се одвивала по течението на реките Волга и Урал. Преку овие освојувања, Русија ја зазела земјата на Татарите и на меѓународно ниво се појавила како мултиетничко и мултиконфесионално општество. Исто така, во овој период царот дал наредба да бидат ослободени Козаците, задолжувајќи ги да му служат.

Во подоцнежниот период од неговото владеење, Иван ја создал т.н. „Опричнина“ (руска територија во која царот имал директно управување). Наследниците на Иван Грозни извршиле голем број на крвави братоубиствени нереди во Опричнината, а главна кулминација на нередите бил Новгородскиот масакар во 1570 година. Овие настани биле проследени со воени загуби, епидемии и довеле до слабеење на царството. Тоа им овозможило на Татарите да извршат дополнителен притисок врз геополитичката состојба на Русија[59]. Во 1572 година, царот се откажал од „Опричнината“.[60][61]

Време на проблемите

уреди
 
Кузма Минин апелира до населението од Нижни Новгород за регрутирање на војска против Полјаците.[62]

По смртта на Иван Грозни, на престолот го наследил неговиот син Фјодор I. Во текот на неговото владеење следувал период на граѓански војни и „странска“ интервенција, позната како „Време на проблемите“ (1606–1613).[47] Екстремно студените лета од 1601 до 1603 година,[63] довеле до голем глад и зголемување на социјалната неорганизираност. Владеењето на Борис Годунов било проследено со големи бунтови и востанија, но сепак тој извршил големи реформи во Русија, меѓу кои најзначајни се социјалните и образовните. Тој ги познавал најдобрите европски учители и честопати го доведувал во царскиот двор за да учителствуваат. Поради победата против Шведска, уште од времето како регент, тој настојувал да обезбеди излез на Русија на Балтичкото Море. За таа цел, тој морал да ја освои Ливонија. Во 1600 година, Борис Годунов го поддржал создавањето на Полско-литванската Државна Заедница што дошло до голема побуна и немири против него. Како водач на немирите се смета дека бил последниот син на Иван Грозни, Димитриј Иванович, којшто се смета и дека го организирал убиството на царот на 13 април 1605 во Москва. На престолот, Борис Годунов бил наследен од неговиот син Фјодор II, којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко. Претходно, од 1610 до 1612 година, војската на Полско-литванската Државна Заедница ја окупирале Москва. Тие не успеале да го заземат градот, но градот бил запален.[64][65][66] Во 1612, населението во Нижни Новогород, но и во другите поголеми градови, предводено од Дмитриј Позхарски и Кузма Минин успеале да ги протерат полските окупаторски сили од Москва.[62][67][68]

 
Михаил Романов, првиот цар од династијата Романови

Во февруари 1613 година, Полјаците биле протерани од околината на градот Москва, а Националното собрание, кое било составено од претставници од педесет градови, па дури и некои села, го избрале Михаил Романов за нов цар на Русија. Тој бил првиот руски цар од династијата Романови која владеела, сè до 1917 година.

Основна задача на новата династија била да го врати мирот и стабилноста во земјата. За среќа на државата, нејзините главни непријатели, Полско-литванската Државна Заедница и Шведска биле ангажирани во меѓусебни конфликти, кое и овозможило на Русија да склучи мир со Шведска во 1617 година и да потпише примирје со Полско-литванската Државна Заедница во 1619 година. Враќањето на загубените територии, кое започнало во средината на 17 век со Хмељницкото востание во Украина против полската власт и перејаславскиот договор, склучен меѓу Русија и украинските Козаци.

Според договорот, Русија им гарантирала безбедност на Козаците во новосоздадената Запорошка република, која дотогаш била под полска власт. Но, руско-полските војни продолжиле и понатаму, сè до Андрушевскиот договор во 1667 година, во кој Полска ја прифатила територијалната загуба на Украина, вклучувајќи ги градовите Киев и Смоленск.[47]

Руска Империја

уреди

Руската Империја е наследник на т.н. Руско или Московско царство, со кое владееле наследниците на Иван Грозни како цареви. Иако земјтата, официјално била прогласена за империја во 1721 година од страна на царот Петар I, таа навистина се преродила кога Петар станал цар во 1682 година.

Петар Велики

уреди
 
Петар Велики ги смирува своите пљачкосувачки трупи по заземањето на Нарва во 1704 од Николај Зауервајд, 1859

Петар Велики бил разочаран од заостанувањето на неговата земја, и затоа, пред да го заземе престолот патувал низ Европа, работејќи разни работи и занимања за да стекне искуство, со што б можел да ја осовремени Московија. Кога се вратил во Москва, Петар најпрвин се справил со побуните против него во земјата. „Стрелците“ како воена формација биле распуштени, а многу од нив биле мачени, биле закопувани живи и испраќани во Сибир[69]. Самиот Петар учествувал во мачењето на неговата полусестра Софија Алексеевна[69], која била затворена доживотно во манастир. Петровата посета на западна Европа го уверила дека многу европски обичаи биле понапредни од традиционалните руски. Затоа, тој им заповедал на своите чиновници да ги избричат брадите за да изгледаат според најновата европска мода[69]. Освен ова, тој ги забранил договорените бракови со варварски обичаи[70]; сите дворјани морале да приредуваат забави според европски обичаи; жените од високите сталежи морале да одат на собири, со што била отстранета традиционалната изолираност на жените која што постоела до тогаш[71].

 
Битката кај Полтава, мозаик од Михаил Ломоносов (1764) Руска академијата на науките, Санкт Петербург

Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрди, земјоделството и индустријата.[69][72]. Црквата, исто така претрпела промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој бил под директна контрола на царот[69]. Во 1699, Петар го напуштил традиционалниот руски календар, во кој годината започнувала на 1 септември и го прифатил јулијанскиот календар, каде годината започнува на 1 јануари.

Од доаѓањето на власт, па сѐ до неговата смрт, Петар без прекин водел војни, од кои зависела целата негова политика. Тој војувал против Османлиското царство во 1695, 1696 и 1711 година. Во 1696, тој го освоил пристанишниот град Азов и на Русија ѝ обезбедил излез на Црното Море, за подоцна во 1711 година да го изгуби во мировни преговори со Османлиското царство. Тој војувал и против Персија, со што освоил и територии на западниот и јужниот брег на Каспиското Езеро. Тие територии, Русија ги загубила многу бргу по неговата смрт. Меѓутоа, најважна од сите војни кои ги водел, била онаа против Шведска, која траела 21 година (1700-1721)[72].

Катерина II

уреди
 
Споменик на Катерина II во Санкт Петербург

Речиси педесет години поминале, до појавувањето на амбициозен и безмилосен владетел на рускиот престол. Катерина II била германска принцеза која се омажила со рускиот престолонаследник Петар III. Кога се открило дека тој бил неспособен, таа издала дозвола за негово убиство. Тогаш било најавено дека тој починал од „аполексија“.

Катерина II постигнала голем успех, војувајќи во Руско-турските војни во периодот од 1768 до 1774 година[73], при што Русија за првпат се проширила до Црното Море, заземајќи ги градовите Одеса, Николаев и Катеринослав (денес Днипро). По договорот од 1774 година, Русија добила право да ги заштитува интересите на христијаните во Османлиското Царство, а Кримското ханство добило независност од султанот. Во војната за баварското наследство, таа била посредник помеѓу Прусија и Австрија. Во 1763 година, Катерина го поставила Станислав Поњатовски на престолот на Полско-литванската Државна Заедница. Таа учествувала во трите поделби на Полска (1772, 1793 и 1795), по кои добила големи територии од Литванија, Белорусија и Украина. Од 1788 до 1790 година, Катерина завојувала против Шведска.

До нејзината смрт во 1796 година, Катерина својата земја ја претворила во една од најсилните и најголемите во Европа и во светот. Територијалните проширувања продолжиле во времето на нејзините наследници Александар I, кој ја зазел Финска од ослабената Шведска во 1809 година и Бесарабија од Османлиското Царство во 1812 година.

 
Повлекувањето на Наполеон од Москва

Во 1812н година, францускиот император Наполеон I започнал поход, во кој имал за цел да ја освои Русија. Овој негов погход завршил со катастрофални последици, најмногу поради тоа што руската армија постојано го избегнувала директниот удар на француската војска. Наполеон се обидел да ја зазеде Москва и да го убеди рускиот цар Александар I да преговара. По наредба на рускиот командант, Михаил Кутузов, градот бил испразнет, па Французите немало со кого да преговараат. Поради страшно студената зима, илјадници француски војници умреле од студ. Со герилски начин на војување, Русите ги принудиле Французите да се повлечат, а по најавеното повлекување, руските војски започнале да го прогонуваат остатокот од француската војска и надвор од границите на Русија, дури до Париз. По сојузничката победа над Наполеон, рускиот цар Александар бил прогласен за Ослободител на Европа. По Виенскиот конгрес во 1815 година, голем дел од територијата на Варшавското војводство бил припоен кон Руската Империја.

Иако Руската Империја одиграла водечка политичка улога во текот на XIX век, која и овозможила голема победа над Наполеон Бонапарт, задржувањето на феудалните односи во земјата го оневозможил економскиот напредок. Додека економскиот развој во Западна Европа бил во подем, во времето на т.н. Индустриска револуција, Русија сè повеќе заостанувала зад остатокот од Европа, што предизвикало создавање на сè поголеми проблеми во нејзиното општествено уредување.

Царска Русија до октомвриската револуција

уреди

декемвриска револуција

уреди
 
Револуционерите од декемвриската револуција

Иако Русија била голема сила, нејзината влада на различни полиња била доста неефикасна. Народот бил сиромашен а економијата неразвиена.[74] По победата на Александар над Наполеон, царот имал план за спроведување на одреден број на реформи. Иако царот се обидел да ги воведе па и да ги спроведе, сепак најглавните не биле ниту допрени.[75]

Со релативно либерални убедувања бил Николај I (18251855), ко во почетокот на своето владеење бил соочен со избувнување на востание. Позадината на овој бунт лежела во Наполеоновите војни, кога голем број на руски офицери и војници скоро ја обиколиле Европа за време на руските походи и нивниот контакт со либерализмот во Западна Европа им дал можност да побарат промени во Русија. Како резултат на тоа избувнало т.н. декемвриско востание во 1825 година. На чело на востанието застанале мал дел од либералните роднини, офицери и војници кои сакале братот на Николај да биде монарх, а Николај да се тргне од престолот. Меѓутоа, востанието било многу бргу задушено, поради кое Николај морал да отстапи од програмата која била започната дури од времето на Петар Велики, а со тоа да ја заштити максималната автократија.[76] Рускиот император исто така морал да расчисти со востанијата и бунтовите кои се случувале во новоосвоените територии како Полска односно ноемвриското востание во 1830 година и Јануарското востание од 1830 година.[77]

Шизма и реакција

уреди
 
Михаил Бакунин

Суровата одмазда поради бунтот довела да 14 декември биде ден кој бил долго време помнат во касните револуционерни движења. За да може да го уништат револуционерното движење, универзитетите, училиштата и другите образовни институции биле ставени под голем надзор. Полициските шпиони биле насекаде. Потенцијалните револуционери биле носени на Сибир, посебно во времето на императорот Николај I, кога стотици илјади биле испратени во работнички логори.

Во секоја ситуација се појавувал Михаил Бакунин како татко на анархизмот. Тој од Русија во 1842 година заминал за Западна Европа каде станал голем активист на социјалистичкото движење. По учеството во Мајското востание во 1849 година, тој бил уапсен и испратен на Сибир, но тој од овде успеал да побегне и да замине повторно во Европа. Во истото време, во Западна Европа започнал да соработува со Карл Маркс, еден од основачите на социјализмот и неговата идеологија.

Во Русија сè повеќе се прошпирувала идејата на Петар Велики, според која Русија би требало да ги следи примерите на Западна Европа. Така, во земјата се појавиле две фракции. Според првата, нејзините претставници сметале дека требало да се следаат или имитираат европските движења и идеологии, а додека пак другите сметале дека на руската земја не и се потребни западните идеологии и притоа се стремиле кон повраќање на традиционалното минато. Тие биле познати како Славофили.[78], и истите биле големи противници на битократијата.[79]

Александар II

уреди

Царот Николај починал, оставајќи зад себе голем број на нерешени прашања. Една година пред неговата смрт, Русија учествувала во Кримската војна, која била главно водена на Кримскиот полуостров[80] Бидејќи истата одиграла главна улога во поразот на Наполеон Бонапарт, Русија себеси се сметала за непобедлива сила, и покрај тоа што по војната претрпела значајни неуспеси поради слабата економска политика на Николај.

Кога Александар II дошолна власт во 1855 година, веднаш се увидела потребата од реформи. Како прва реформа кој ја презел била укинувањето на кметството. Во 1859 година се проценувало дека во земјата имало повеќе од 23.000.000 кметови (а целокупниот број на руското население било околу 69.000.000 жители),[81] кои живееле во многу лоши услови. Така, најмногу поради овој факт, тој решил да го укине кметството и да не чека истото да биде укинато преку револуција.

Една од најголемата реформа во руската историја во текот на XIX век била еманципацијата. Преку неа се дало крајот на монополската аристократија над земјата. Воведувањето на реформата довела до голем прилив на работна сила во градовите. Индустриското производство се зголемило, бројот на припадниците на средната класа се зголемил. Истите, наместо да добијат сопственост врз земјиштето, тие морале да плаќаат порез на државната администрација, а сопствениците на земјата плаќале скромна сума за имотот. Во поголемиот дел, селското население ја добивало најплодната земја. Целата земја која им била предоставена на селаните била под контрола на колективна заедница која ја поделувала земјата. И покрај тоа што кметството било укинато, неговите резултати не оделе во прилог на селаните, па револуционерните тензии продолжиле да се зголемуваат.

Во 1876 година, во Османлиското Царство избувнало востание на Bалканскиот полуостров. Руското население и власт застанале на страната над словенското население, па Русија повторно влегла во поредната Руско-турската војна. Влегувањето во војната дополнително ги изладило односите на Русија со Австроунгарија, која исто така имала територијални претензии на Балканскиот Полуостров.[82] По завршувањето на војната, Русија ги проширила своите територии во Средна Азија, поточно во регионот околу Касписко Езеро.[83]

Нихилизам

уреди

Во текот на 1860 година, во Русија избувнал т.н. Нихилистичко востание. Голем број на руски либералисти не биле задоволни од правото на говор. Во почетокот, нихилистите се обидиле да ја придобијат аристократската класа на своја страна. Кога овој обид не им успеал, тие се свртиле кон селското население. Нивната кампања “осврт на народот“ била позната како народно востание. Востанието се засновало на идејата да обичниот народ добие право на сопственост и право да тој управува со државните институции.[84]

Кога востаничкото движење зазело поголем замав, властите решиле да го задушат истото. Како резултат на тоа, членовите на движењето започнале преку терористички напади да се закануваат на властите.[84] Голем број на високи чиновници биле убиени. Александар II бил убиен во 1881 година, истиот ден кога ги повикал претставниците на движењето да ги претстават нивните барања околу новите наводни реформи.

Александар III

уреди

За разлика од својот татко, новиот император Александар III 1881 - 1894 година) се одликувал со голема националистичка политика.[85] Александар III по обедување бил славофил. Бил верен дека неговата земја би можела да го избегне хаосот којшто владеел во Западна Европа и дека може да го спречи ширењето на некои според него штетни идеологии како анархизмот, социјализмот или нихилизмот. Во времето на неговото владеење, Русија склучила сојуз со Франција, чија цел била заедничко воено дејство во случај некоја од двете земји да биде нападната од страна на Персија.

Најмоќниот советник на царот бил Константин Петрович Победоносцев. Еден од најголемите противници на демократијата, уставот и парламентарниот систем.[86] Под негово влијание, голем дел од револуционерите биле прогонети од земјата[87] а била спроведувана политика на русификација.[88].

Николај II

уреди

Наследник на Александар станал неговиот син Николај II (1894 - 1917). Во текот на неговото владеење, либералните елементи помеѓу индустрискиот капитализам добивале сè поголем замав кое водело до уништување на монархијата. Руската социјалдемократска работничка партија земала сè поголем замав. Партијата ги придобила на своја страна радикалната интелектуална и градска работничка класа чија главна цел им била комплетна социјална, економска и политичка револуција во Русија.

 
Крвавата недела од 1905 година во Санкт Петербург

Во текот на 1903 година, партијата била поделена на две фракции: Меншевици или умерени, и Болшевици или радикални. Меншевиците верувале дека рускиот социјализам би требало да се развива по мирен пат, и да монархистичкиот режим треба да се промени со демократска република во која социјалистите би соработувале со буржоазијата и нивните партии. Болшевиците пак, под раководство на Владимир Илич Ленин барале да се создаде елита на професионални револуционери, и преку строга партиска дисциплина власта во Русија би се добила преку револуција односно на сила.[89]

 
Повлекувањето на руската армија по Битката кај Мукден

Воениот неуспех во Руско-јапонската војна од 1904-1905 година, бил голем удар за царскиот режим во Русија.[90] Во јануари 1905 година се случил голем крвав инцидент т.н. Крвава недела. Отецот гапон повел голема маса на народ кон Зимската палата во Санкт Петербург за да поднесат молба. Кога толпата од народ пристигнала до палатата, Козаците ги нападнале и притоа убиле голем дел од истите.[90] По ова, рускиот народен бил толку погоден од крвавиот настан што бил прогласен генерален штрајк, чие крајно барање било воспоставување на демократија во земјата. Ова го означило почетокот на Руската револуција од 1905 година. Во октомври истата година, царот Николај го издал т.н. октомвриски манифест преку кој дозволил создавање на законодавно тело.[90] Правата за гласење биле зголемени и ниту еден закон не можел да стапи во сила без согласноста на новоформираното законодавно тело. Некои од ова решение на царот биле задоволни[90], но социјалистите не го прифатиле манифестот и се обидиле да организираат повторни штрјкови.

Руска револуција

уреди
 
Етничката карта на Европска Русија преед војната

Царот Николај и неговиот народ во Првата светска војна влегле со голем ентузијазам, како заштитници на своите српски браќа. Во август 1914 година, руските војски навлегла во Германија за да ѝ даде поддршка на Франција.[91] Слабата економска политика на руските власти растела сè повеќе, која доведувала до зголемување на корупцијата. Голем дел од населението било огорчено по воените неуспеаи и како главен виновник за ова го посочиле царот и неговата власт.[90]

Во средината на 1915 година, војанта се проширила. Резервите на храна и гориво се намалувале, бројот на жртвите растел како и инфлацијата. Избувнале големи штрајкови помеѓу недоволно платените работници во фабриките. Од друга страна пак, земјоделците барале реформи. Во 1916 година бил убиен Григориј Распутин, кој имал голема улога во политичкиот живот.[90] Во текот на 1916 година, руската армија се борела против Германија, Австроунгарија и Турција на фронтот од Балтичко Море до Кавказ.

На 3 март 1917 година избиувнал штрајк во една фабрика во Петроград. Сите работници престанале со работа и излегле на улични протести. Кога царот го распуштил законодавното тело и наредил штрајкувачите да се вратат на своите работни места, започнала Февруарската револуција. Оргнизацијата Дума одбила да биде распуштена, штрајкувачите продолжиле со своите напори а војската застанала на страната на народот. За само неколку денови, организацијата прогласила привремена влада на чие чело застанал кнезот Лавов[92]. На следниот ден, царот абдицирал. Во меѓувреме, социјалистите во Петроград формирале работнички совет.[92]

Во јули истата година, привремениот претседател на владата бил сменет, а на негово место дошол Александар Керенски кој за разлика од својот претходник бил понапреден во своите идеи и доволно радикален за Болшевиците. Неговата влада била прогласена, а марксистичкиот совет во Петроград се проширил на територијата на Русија при кое биле поставени месни советници. Сепак, Керенски направил огромна грешка, продолжувајќи го учеството во војната, настан со кој не се слагал поголемиот дел на обичниот народ.

Ленин се вратил во Русија од егзилот од Швајцарија со помош на Германија која се надевала Русија да се повлече од војната. Илјадници селани, работници и војници го дочекале Ленин на железничката станица. По големите маневри, советите во ноември 1917 година го протерале Керенски и неговата влада во егзил, по која започнала октомвриската револуција.

 
октомвриски манифест

Руска граѓанска војна

уреди
 
Говор на Ленин пред народот

Војската на контрареволуционерите, која во најголем дел била нарекувана Бела армија, започнала да прави план како да го ликвидира болшевичкото движење. Во исто време, сојузниците на Русија ги испратиле своите трупи за да ги поддржат антикомунистичките сили. Сојузниците најмногу се плашиле од комунистите за да не се обнови непријателството кон Германија. Во есента 1918 година, болшевиците се нашле во незавидна ситуација. Тие биле во конфликт со руските поранешни сојузници и со домашните непријатели, како и со националистичките водачи на Белорусија и Украина.

Црвената армија и Чека (тајна полиција) спровела терор чија цел била да ги ликвидира непријателите на револуцијата. Тие немале поддршка од сите друштвени елементи во земјата, па морале да ја употребат својата еден вид владина сила за време на граѓанската војна. До 1920 година, целата војска била евакуирана, и во Белорусија, Украина и на Кавказ биле поставени комунистички влади, но по цена истите да го одржуваат моделот на автократија на власта.

Со започнувањето на граѓанската војна, границите со Полска останати недефинирани и неодредени по Версајскиот договор. Полско-советската војна од 1919 до 1921 година завршила со пораз на Црвената армија. По војната биле утврдени границите помеѓу двете земји.[93] Освен делови од територијата на Полска, Советите ја изгубиле и Финска, Молдавија и Прибалтичкиот регион.

СССР

уреди

Создавање

уреди
 
Ленин и Сталин

Историјата на Русија во периодот од 1922 до 1991 година, всушност е историјата на Сојузот на Советските Социјалистички републики или историја на Советскиот Сојуз. Овој сојуз кој на идеолошка основа го основале водачите на Руската комунистичка партија во декември 1922 година[94], многу често е споредуван со Руското царство. Во тоа време, новата нација во својот состав вклучувала четири територии: Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (скратено Руска СФСР или РСФСР), Белоруската Советска Социјалистичка Република (скратено Белоруска ССР или БССР), Украинската советска социалистичка република (скратено Украинска ССР или УССР) и Закавкаска Советска Федеративна Социјалистичка Република (скратено Закавкаската СФСР или ЗСФСР)[95].

Уставот кој бил усвоен во 1924 година го дал почетокот на федералниот систем на власта кој се засновал на советот кој бил поставен низ селата, фабриките, градовите во поголемите делови на земјата. На врвот на оваа советска пирамида во секоја република стоел сојузен конгрес на советите. Иако изгледало дека конгресот ја спроведува својата суверена власт, сепак ова тело директно било управувано од страна на Комунистичката партија, која повторно го контролирала Политбирото на Централниот комитет КПСС од Москва, престолнината на Советскиот Сојуз, која како престолнина била уште во времето на Царска Русија, до доаѓањето на Петар Велики на царскиот престол.

Нова економска политика

уреди

Периодот од консолидацијата на револуцијата од 1917 до 1921 година е познат како Воен комунизам[96]. Земјата, индустријата, банките, железниците, бродскиот сообраќај итн. биле потполно национализирани, а економијата ограничена. Набргу по ова се развила силна опозиција[96]. Селското население сакале своите за своите производни односно за своето производство да добиваат парични средства и билњ незадоволни што вишокот од своите производи мораат да го предадат на властите. Соочен со селската опозиција, Ленин започнал стратегиско повлекување од т.н. воен комунизам, позната како Нова економска политика.[96] Селските производители биле ослободени од даноците при продажба на својата стока на големо и им било дозволено вишокот од произведенаа стока да ја продаваат на пазарот. Било дозволено и продажба на мало. Државата и понатаму останала одговорна за банкарството, транспортот, тешката индустрија и слично. Иако лево ориентираните комунисти започнале да ги критикуваат богатите селани или оние кои остварувале поголем профит од Новата економска политика, во целина програмата се покажала како целосно корисна и економијата била обновена.[96]. НЕП подоцна била изложена на силна опозиција по смртта на Ленин, во почетокот на 1924 година.[96].

Промени во руското општество

уреди
 

Дел од темата
„Историја на СССР“

(1917 — 1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927 — 1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953 — 1964)
(1964 — 1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982 — 1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


 

Портал:СССР


Во исто време додека руската економија поминувала низ процесот на трансформација, од друга страна и кај народната маса се случиле големи промени. Од почетокот на револуцијата, владата се обидила да ја ослабне патријахалната доминација на руското општество. За развод, повеќе не требало да се отвора судска постапка,[97] а жените биле ослободени од одговорноста за раѓање.[98]. Преку ова, еманципацијата на жените дошла до израз. Младите девојки биле обврзани да се школуваат или пак да најдат работа во некоја фабрика или канцеларија. Државните врати биле отворени за грижата на малите деца без родители.

Режимот тотално ја напуштил царската политика на дискриминација. Режимот во голема мера придонел за унапредување на медицинските услуги. Биле спроведени голем број на кампањи против колерата, тифусот и маларијата. Бројот на докторите се зголемил, животниот век се зголемил а од друга страна пак се намалила смртта на новородените деца.

Владата исто така го промовирала атеизмот и материјализмот, кои ги удриле темелите на марксистичката теорија. На ова се спротивставувале различни религиозни организации, а најмногу Руската православна црква која била столб на старата Руска Империја и главна препрека при општествените промени. Во тоа време, голем број на верски водачи и водачи биле однесени во интерни логори. На членовите на партијата им било забрането да одат во богослужие. Образовниот систем бил одвоен од црквата. Веронауката била избришена од образовниот систем, а во училиштата главно прединство се давал на атеизмот.

Индустријализација

уреди

Периодот од 1929 до 1939 година во Русија е период на масовна индустријализација и појава на внатрешни немири во раководството на комунистите, време кога главниот стремеж на Сталин бил да воспостави потполна контрола над руското општество, кое го иницирал преку таква неограничена моќ којшто не ја поседувал дури ни рускиот император. По смртта на Ленин, Сталин започнал борба за власт над Советскиот Сојуз со своите соперници од Политбирото, а посебно со Лав Троцки. До 1928 година, скоро сите поддржувачи на Троцки биле или убиени или прогонети, а оние кои останале во земјата едноставно останале и без моќ. По ова, Сталин започнал со спроведување на радикалните програми во процесот на индустријализацијата.[99]

Во 1928 година, Сталин го претставил првиот предлог на Петгодишниот план. Отргнувајќи ја на страна Новата економска политика која ја обмислил Ленин, овој план бил меѓу првите којшто бил спроведен по брзо акумулирање на капиталот преку изградба на тешки индустрии, колективизација на производството и рестрикција на производството на стока за широка потрошувачка.[96] Тоа било првпат во историјата на една земја, економијата да биде директно и во целост контролирана од страна на владата.

Како дел од планот, државата ја презела контролата над колективните фарми[100]. со декретот кој бил издан во 1930 година, околу еден милион фармери останале без своите имоти. Од овде дошло и незадоволство помеѓу селското население. Голем број на фармери за да не им го предадат својот добиток на државата, тие истиот го убивале. Во некои случаи имало примери за побуна, но голем дел од тие фармери биле погубени.[101]. Целиот овој процес на строга национализација и конфискација на имотите довело до појавава на глад[100], од којшто починале неколку милиони селани, а поголем број од нив по потекло биле од Украина и Кубањ[100]. Лошата ситуација по селата придонеле голема миграција на селското население од селата во градовите, преку кое придонесувале за развојот на индустријализацијата и зголемување на руската популација за само неколку години.

Освен на ова поле, планот придонел за промена и во други гранки од општественото уредување. Русија, од многу аспекти била најсиромашна земја во Европа во времето на октомвриската револуција. По една декада, индустријализацијата се развивала со невидена брзина, достигнувајќи ја дури и германската. Советските власти во текот на 1932 година тврдиле дека индустрискиот раст бил зголемен за дури 334 % во споредба со 1914 година, или пак 180% во споредба од 1932 и 1937 година. Нападот врз Советскиот Сојуз од страна на Нацистичка Германија во јуни 1941 и советската победа врз нацистите, до голем степен било поради големиот производствен капацитет којшто претходно бил овозможен преку индустријализацијата.

Додека петгодишниот план се спроведувал, во исто време Сталин ја граден својата лична моќ. Била основана тајна полиција под името НКВД чие членство броило околу 10.000 граѓани. Шест членови на Политбирото од 1920 година, кои го надживеале Ленин биле ликвидирани од страна на Сталин. Освен овие, настрадале итн. стари болшевици, службеници на Ленин, високи чиновници во Црвената армија и голем број на директори.[102]. Чистките во останатите советски републики придонеле за централизација на моќта на Советскиот Сојуз.

Голем број на граѓани биле биле осудени на смрт поради измислени злостори, саботажи или шпионажи. Други пак побарале егзил во некои други соседни или запаноевропски земји[103]. Работата која ја извршувале затворениците станала важна компонента во индустријализацијата на земјата, посебно во Сибир[104][105]. Се смета дека околу 18.000.000 луѓе поминале по т.н. систем Гулаг и уште 15.000.000 биле однесени на принудна работа.[106][107].

Надворешна политика

уреди

Советскиот Сојуз можеби го почувствувал најмногу доаѓањето на власт во Германија на Хитлер, кој бил голем антикомунист. Ова најмногу излегло на виделина по создавање на т.н. Голем план кон исток како една од најголемите стратегии на Нацистичка Германија.[108] Сепак, до 1939 година, Советскиот Сојуз бил голем противник на Нацистичка Германија, поддржувајќи ги републиканците во Шпанија кои се бореле против германските и италијанските трупи.[109][110]. Во текот на 1938 и 1939 година, Советскиот Сојуз водел успешна војна против Јапонија, која завршила со потпишувањето на пакт околу меѓусебно ненапаѓање кој се одржал до август 1945 година.[111][112]

Во 1938 година, Германија го потпишала Минхенскиот договор со западните сили и заедно со Полска ја поделиле Чехословачка. Од страв да не биде нападната, Советскиот Сојуз започнал дипломатски маневри, по кои Полска одбила да учествува во заедничката безбедност, па Советскиот Сојуз склучил сојуз за ненапаѓање со Германија познат како Пакт Рибентроп-Молотов[113]. Со овој договор се нормализирале односите на двете земји и нивната меѓусебна трговија[114].

Втора светска војна

уреди
 
Советски заложници. Советскиот Сојуз загубил околу 27.000.000 население во времето на војната, што претставувало околу 10% од вкупното население.[115]

Седумнаесет денови по почетокот на германската инвазија на Полска од 1939 година, кога германската војска била на само 150 километри од советската граница, советската војска го окупирала источниот дел на Полска кој бил главно населен со Украинци и Белоруси[116][117]. По пропаднатиот договор околу размена на територии, Советскиот Сојуз започнал војна со Финска, позната како Зимска војна (1939 - 1940). Оваа војна била добиена со големи човечки жртви, но сепак биле приморени Финците да потпишат мировен договор[118][119]. Во летото 1940 година, Романија ги зазела Бесарабија и Буковина. Во истиот момент извршиле окупација на Летонија, Литванија и Естонија.[120][121][122]

И Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз се спремале за војна, и покрај тоа што Сталин сакал да го избегне воениот судир со Германија[123][124]. Сепак на 22 јуни 1941 година, Германија го прекршила договорот и навлегла на територијата на Советскиот Сојуз. До крајот на ноември истата година, Германија ја зазела Украина, а по ова ја започнала Опсадата на Ленинград, по кој планот бил германската војска да се упати кон престолнината Москва[125][126][127]. Во Битката кај Москва, германските сили биле одбиени од советските, по кое Германците се реорганизирале и главно се насочиле кон југоисточниот дел од земјата. Победите во Сталинградската битка и Курската битка го покажале идниот резултат од Втората светска војна. По овие порази, Германија не била повеќе во состојба да води офанзивна војна, па иницијативата преминала во рацете на Советите[128]. До крајот на 1943 година, Црвената армија ги разбила германските сили кај Ленинград, повратила голем дел од Украина и Западна Русија и навлегла во Белорусија [129]. До крајот на 1944 година, фронтот од Русија бил поместен во Источна Европа. Со огромна војска, советската армија се упатила кон територијата на Источна Европа, зазимајќи го Берлин во мај 1945 година[130] Нацистичка Германија била целосно поразена.

Како дел од договорот кој бил потпишан на Јалта, три дена по големата победа, Црвената армија извршила успешна инвазија во Манџурија.[131]

Иако Советскиот Сојуз од Втората светска војна излегол како победник, економијата на земјата била разорена. Во војната загинале 27.000.000 Совети[132]. Околу 1.700 градови и околу 70.000 населби биле целосно разрушени [133] Околу 13.000.000 советски граѓани станале жртва на репресивната политика на Нацистичка Германија [134][135]. Голем број од советските евреи биле погубени. Романските единици учествувале во геноцидот на евреите од Одеса. За време на опсадата, Ленинград изгубил 27% од својата популација, а Псков и Новгород изгубиле една петтина од населението. Голем број од руското население настрадало во Карелија односно во финските логори. Скоро цела територија била пустоштена од Германија. Како некоја одмазда за ова, истото го направиле и Русите по нивното повлекување[136]. Како последица од војната, милиони граѓани починале од глад или од недостаток на елементарна медицинска помош. Околу 3.500.000 (од вкупно околу 5.500.000) умреле во германските логори [137][138][139].

Студена војна

уреди
 
Леонид Брежнев на средба со американскиот претседател Ричард Никсон

По издвојувањето на победата, избил конфликт помеѓу Советскиот Сојуз и САД, позната како Студена војна која се проширила на меѓународна сцена. Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, соперништвото помеѓу двете велесили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и јадрени воени потенцијали, и многу посредни војни. Главна преокупација на Сталин била своето влијание да го прошири до самата Германија, од каде подоцна започнувала т.н. Железна завеса[140]. Во времето кога Источна Европа била под окупација од црвената армија, Сталин добивал најмногу на време. На повоена Европа и' била потребна голема помош за обновата, и САД и СССР се натпреварувале да ги придобијат разурнатите земји. САД решиле дека и покрај военото непријателство, мораат да ѝ помогнат на разурнатата Германија, бидејќи таа била важен индустриски фактор околу кој се вртела економијата на поголемиот дел од Европа[141]. САД го развиле и тнр. Маршалов план како механизам за економска помош. Советите пак, го формирале КОМЕКОН - советот за меѓусебна економска помош.

Покрај тоа, САД финансиски ги помогнале демократските сили во Италија на изборите во 1948 за да ја победат силната Комунистичка партија на Италија. Исто така, финансиски, со 400 милиони долари, ги помогнале и Грчките ројалисти во Граѓанската војна во Грција во борбата против комунистите, кои пак ги поддржувала Титова Југославија (Ројалистите ова го искористиле за да извршат геноцид врз Македонците кои биле на страната на комунистите и протерале стотици илјади Македонци од северна Грција).[142] Со помагањето на Грција, САД направиле преседан со кој и подоцна помагале анти-комунистички режими, без оглед колку тие биле репресивни и корумпирани.[142]

Во 1947 САД направиле реорганизација на одбранбениот систем: било формирано Министерството за одбрана, Централната Разузнавачка Агенција (ЦИА) и Националниот Совет за Безбедност. Овие три тела подоцна го понеле главниот товар во Студената војна.

Во текот на април 1949 година, САД го основал Северно-атлантскиот сојуз познат под името НАТО, пакт во меѓусебна заштита според кој каков било напад на некоја од членките на тој сојуз би значело напад врз сите останати. Во 1955 година, Советскиот Сојуз основал еквивалентен сојуз на НАТО, познат под името Варшавски пакт [143][144][145]. Поделбата на Европа на Западна и Советска или Источна придобила глобален карактер, особено кога САД создал јадрен монопол за тестирање на советската бомба Џо-1 и доаѓањето на власт на Комунистичката партија во Кина.

Иако никогаш не дошло до директен воен судир меѓу двете велесили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете велесили.

САД склучиле сојуз со Јапонија во 1950, и договориле поставување на бројни воени бази на подолг период во Тихиот Океан и во Јапонија. Во 1950 започнала Корејската војна во која Кина и СССР го помагале Северот, а САД истовариле војници кои го помагале Југот. Војната завршила во 1953 со поделба на територијата на Кореја која трае до денес.

Хрушчов и Брежнев

уреди

Во борбата за власт која следувала по смртта на Сталин во 1953 година, неговите најблиски соработници ја изгубиле битката. Никита Хрушчов ја зацвтстил својата власт по говорот на дваесеттиот конгрес на Комунистичлката партија на Русија во 1956 година, на кој конгрес ги изложил безбројните ѕверства кои биле направени во времето на неговиот претходник, Сталин [146]. Веднаш по конгресот, Хрушчов започнал да воведува големи реформи. Сталиновата ориентација кон тешката индустрија ја пренасочил кон производство на добра за широка потрошувачка и станбените објекти. Новите реформи довеле до подобрување на животниот стандард на населението, и покрај тоа што се јавувале сè поголеми проблеми во економијата. Реформи имало и во правниот систем, и покрај тоа што целиот систем бил под контрола на Комунистичката партија, сепак интелектуалците се стекнале со поголема слобода за разлика од претходниот период.

Во текот на 1964 година, Хрушчов бил прогонет од Централниот комитет на Комунистичката партија, а како главна причина била оптужбата дека тој бил одговорен за Кубанската ракетна криза и продлабочувањето на Кинеско-советските проблеми[146]. Негов наследник станал биократот Леонид Брежнев[147].

И покрај големите напори на Хрушчов околу економскиот раст, сепак економскиот систем останал зависен од централните планови кои биле направени многу порано. Како развиена индустриска земја, властите на Советскиот Сојуз биле соочени со проблеми поврзани околу поголемиот процент на инвестирање и поголемиот број на работна сила. Ова било многу потешко да се исполни, главно поради пренасочувањето на економската политика од тешка индустрија кон индустрија за широка потрошувачка. Во годините на управувањето на Хрушчов и Брежнев, сепак биле постигнати големи резултати на полето на индустријата. Така, била изградена првата атомска електрана на светот, која во употреба била пуштена во 1954 година во близина на градот Обнинск. Била завршена Бакалско-амурската магистрала кој ги поврзувала териториите на сојузот од далечниот исток до останатите земји.

Советската вселенска програма, ско кој раководел Сергеј Павлович Королов била исклучиво успешна. На 4 октомври 1957 година бил пуштен во вселената првиот вештачки сателит наречен Спутник[148]. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин станал првиот човек кој заминал во вселената со советскиот вселенски брод Восток 1[149]. Заедно со тоа, биле направени првите слики од вселената. Алексиј Леонов станал првиот човек кој претстојувал заштитен со скафандер во космичкиот простор надвор од космичкото летало за време на летот на вселенскиот брод Васход 2. Валентина Терешкова пак била првата жена која летала во вселената со вселенскиот брод Восток 6.

Распаѓање

уреди

До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база.[150] Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра.[151]. Кога Михаил Горбачов дошол на власт во 1985, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз.[151][152] За да ја спаси економијата од колапс, Михаил Горбачов објавил агенда за брзи промени, наречена „Перестројка“. Покрај тоа, приморан да ја намали потрошувачката во трката во вооружување со Западот, започнал преговори со САД за намалување на воените потенцијали и направил низа отстапки кон Западот.

Во 1989 година Советите се повлекле од Авганистан. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на Малта објавиле крај на Студената војна.[153]

До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990. СССР официјално се распаднал на 25 декември 1991 година[154]. Конечниот чин било со предавање на власта на Советскиот Сојуз и преземање на власта во Русија од страна на Борис Елцин. Руската Федерација официјално започнала да постои на 26 декември 1991 година[154].

Руска федерација

уреди

Иако Елцин дошол на власт, неговата популарост помеѓу руското население никогаш не се повратила по потпишувањето на економските реформи по принципот на шок-терапија, кој бил предложен од страна на Егор Гајдар. Реформите го уништиле животниот стандард на голем дел од населението, посебно на онаа група која претходно уживала некои благодети. Така, Русија во следните години влегла во период на голема економска криза, период кој претходно веќе поминал во САД или Западна Европа во времето на Големата депресија[155]. Во тој период земјата била опфатена од страна на различни олигарси и криминални групи. По препорака на западните влади, и пред сè на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, Русија започнала процес на брза приватизација чија цел била денацинализација на советските институции. Од средината на деценијата, трговијата, услугите и малата индустрија принадлеела во приватни раце. Повеќето големи претпријатија биле закупени од страна на нивните стари менаџери[156].

До средината на 1990-тите години, во земјата бил воспоставен повеќепартиски систем[157]. Сепак, најголемиот проблем во политиката на земјата претставувала незаедничкото дејствување на претседателот и премиерот на земјата и нивните различни гледишта. Од друга страна во политичкиот живот постоеле и анархистите, кои еден вид биле наследници на комунистите.

По финансиската криза во 1998, Елцин ставил крај на неговата политичка кариера, подавајќи си оставка од функцијата претседател на Русија. Власта била ставена во рацете на малку познатиот Владимир Путин, поранешен активист на КГБ [158]. Во 2000 година, новиот претседател ги поразил неговите противници на претседателските избори од 26 март, а истото го сторил и четири години подоцна.[159] Во 2008 година, Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Газпром беше избран за нов претседател на Русија.

Наводи

уреди
  1. Сергеј Соловов. Историја на Русија од најрани времиња, ISBN 5-17-002142-9
  2. Николај Каразин. Историја на Руската држава, ISBN 5-02-009550-8
  3. Full Collection of Russian Annals, Moscow,2001, ISBN 5-94457-011-3.
  1. „Kievan Rus' and Mongol Periods“. Sam Houston State University. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 20 јули 2007.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Kievan Rus' and Mongol Periods Архивирано на 27 септември 2007 г., Glenn E. Curtis (уредн.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998, ISBN 0-16-061212-8
  3. See Jacob Walkin, The Rise of Democracy in Pre-Revolutionary Russia: Political and Social Institutions under the Last Three Czars, Praeger, 1962
  4. CIAO – Atlas – Russia[мртва врска]
  5. Revolutions and Civil War, excerpted from Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998, ISBN 0-16-061212-8
  6. 6,0 6,1 Donald A. Filzer, Soviet Workers and the Collapse of Perestroika: The Soviet Labour Process and Gorbachev's Reforms, 1985–1991, Cambridge University Press, 1994, ISBN 0-521-45292-9
  7. „Country Profile for the Russian Federation“. Архивирано од изворникот 2003-07-31. Посетено на 2003-07-31.
  8. 8,0 8,1 Belinskij, Andrej; H. Härke (March/April 1999). „The 'Princess' of Ipatovo“. Archeology. 52 (2). Архивирано од изворникот на 2008-06-10. Посетено на 26 декември 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. Drews, Robert (2004). Early Riders: The beginnings of mounted warfare in Asia and Europe. New York: Routledge. стр. 50.
  10. Dr. Ludmila Koryakova, Sintashta-Arkaim Culture Архивирано на 28 февруари 2019 г., The Center for the Study of the Eurasian Nomads (CSEN)
  11. 1998 NOVA documentary: "Ice Mummies: Siberian Ice Maiden"
  12. Esther Jacobson, The Art of the Scythians: The Interpenetration of Cultures at the Edge of the Hellenic World, Brill, 1995, стр. 38, ISBN 90-04-09856-9
  13. Gocha R. Tsetskhladze (ed), The Greek Colonisation of the Black Sea Area: Historical Interpretation of Archaeology, F. Steiner, 1998, стр. 48, ISBN 3-515-07302-7.
  14. Peter Turchin, Historical Dynamics: Why States Rise and Fall, Princeton University Press, 2003, стр. 185–186. ISBN 0-691-11669-5
  15. 15,0 15,1 David Christian, A History of Russia, Central Asia and Mongolia, Blackwell Publishing, 1998, стр. 286–288, ISBN 0-631-20814-3
  16. Frank Northen Magill, Magill's Literary Annual, 1977 Salem Press, 1977, стр. 818, ISBN 0-89356-077-4
  17. André Wink, Al-Hind, the Making of an Indo-Islamic World, Brill, 2004, стр. 35, ISBN 90-04-09249-8
  18. András Róna-Tas, Hungarians and Europe in the Early Middle Ages: An Introduction to Early Hungarian History, Central European University Press, 1999, стр. 257, ISBN 963-9116-48-3.
  19. 19,0 19,1 Daniel H. Frank and Oliver Leaman, History of Jewish Philosophy, Routledge, 1997, стр. 196. ISBN 0-415-08064-9.
  20. Paul M. Barford, The Early Slavs, Cornell University Press, 2001, стр. 15–16. ISBN 0-8014-3977-9.
  21. 21,0 21,1 David Christian, op cit., стр. 6–7.
  22. Henry K Paszkiewicz, The Making of the Russian Nation, Darton, Longman & Todd, 1963, стр. 262
  23. Rosamond McKitterick, The New Cambridge Medieval History, Cambridge University Press, 1995, стр. 497. ISBN 0-521-36447-7.
  24. Aleksandr Lʹvovich Mongaĭt, Archeology in the U.S.S.R., Foreign Languages Publishing House, 1959, стр. 335.
  25. Viking (Varangian) Oleg and Viking (Varangian) Rurik на Енциклопедија Британика.
  26. Dimitri Obolensky, Byzantium and the Slavs, St Vladimir's Seminary Press, 1994, стр. 42, ISBN 0-88141-008-X
  27. James Westfall Thompson, and Edgar Nathaniel Johnson, An Introduction to Medieval Europe, 300–1500, W. W. Norton & Co., 1937, стр. 268
  28. David Christian, Op cit. стр. 343
  29. Relations Between Ancient Russia and Scandinavia and the Origin of the Russian State, Ayer Publishing, 1964, ISBN 0-8337-3533-0
  30. Russia the Great. Retrieved 22 јули 2007.
  31. Particularly among the aristocracy. See World History Архивирано на 18 јули 2007 г.. Retrieved 22 јули 2007.
  32. See Dimitri Obolensky, "Russia's Byzantine Heritage," in Byzantium & the Slavs, St Vladimir's Seminary Press, 1994, стр. 75–108, ISBN 0-88141-008-X
  33. See The Christianisation of Russia Архивирано на 27 јули 2007 г., The Russian Primary Chronicle
  34. Gordon Bob Smith, Reforming the Russian Legal System, Cambridge University Press, 1996, стр. 2–3, ISBN 0-521-45669-X
  35. P. N. Fedosejev, The Comparative Historical Method in Soviet Mediaeval Studies, USSR Academy of Sciences, 1979, стр. 90
  36. Russell Bova, Russia and Western Civilization: Cultural and Historical Encounters, M.E. Sharpe, 2003, стр. 13, ISBN 0-7656-0976-2
  37. Timothy Ware: The Orthodox Church (Penguin, 1963; 1997 revision), стр. 74.
  38. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 47-48.
  39. Цвета Органџиева, „Слово за походот Игорев“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 12-14.
  40. 40,0 40,1 Michael Franklin Hamm, Kiev: A Portrait, 1800–1917, Princeton University Press, 1993, ISBN 0-691-02585-1
  41. David Nicolle, Kalka River 1223: Genghiz Khan's Mongols Invade Russia, Osprey Publishing, 2001, ISBN 1-84176-233-4
  42. Tatyana Shvetsova, The Vladimir Suzdal Principality Архивирано на 20 март 2008 г.
  43. Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, стр. 139, ISBN 052136832
  44. Piero Scaruffi, A Time-line of the Mongols, 1999
  45. мај html The Destruction of Kiev[мртва врска]
  46. Jennifer Mills, The Hanseatic League in the Eastern Baltic Архивирано на 29 јуни 2011 г., SCAND 344, мај 1998
  47. 47,00 47,01 47,02 47,03 47,04 47,05 47,06 47,07 47,08 47,09 Muscovy, извадок од Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998, ISBN 0-16-061212-8
  48. Sigfried J. De Laet, History of Humanity: Scientific and Cultural Development, Taylor & Francis, 2005, стр. 196, ISBN 92-3-102814-6
  49. 49,0 49,1 „The Battle of Kulikovo (8 септември 1380)“. Архивирано од изворникот на 2007-06-07. Посетено на 2009-12-03.
  50. Иван III Архивирано на 6 август 2007 г., Енциклопедија „Колумбија“, VI изд, 2001-2005
  51. Ivan III, Енцилопедија Британика, 2007
  52. Donald Ostrowski in The Cambridge History of Russia, Cambridge University Press, 2006, стр. 234, ISBN 0-521-81227-5
  53. See eg. Eastern Orthodoxy, Енциклопедија Британика, 2007
  54. „The Tatar Khanate of Crimea“. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 2009-12-03.
  55. „Ivan the Terrible“. Minnesota State University Mankato. Архивирано од изворникот на 2007-07-18. Посетено на 23 јули 2007.
  56. Zenkovsky, Serge A. (1957). „The Russian Church Schism: Its Background and Repercussions“. Russian Review. 16 (4): 37. doi:10.2307/125748. Посетено на 2007-07-23.
  57. William Urban. „THE ORIGIN OF THE LIVONIAN WAR, 1558“. LITHUANIAN QUARTERLY JOURNAL OF ARTS AND SCIENCES. Архивирано од изворникот на 2012-08-08. Посетено на 23 јули 2007.
  58. Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, стр. 395, ISBN 052136832
  59. Skrynnikov R. "Ivan Grozny", M, 2001, стр. 142–173
  60. Robert I. Frost, The Northern Wars: 1558–1721 (Longman, 2000) стр. 26–27
  61. Moscow – Historical background
  62. 62,0 62,1 Chester S. L. Dunning, "Russia's First Civil War: The Time of Troubles and the Founding of the Romanov Dynasty", Penn State Press (2001), стр. 433–434, ISBN 0-271-02074-1 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Dunning“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  63. Borisenkov E, Pasetski V. "The thousand-year annals of the extreme meteorological phenomena", стр. 190, ISBN 5-244-00212-0
  64. George Vernadsky, "A History of Russia", Volume 5, Yale University Press, (1969), Russian translation
  65. Mikolaj Marchocki "Historia Wojny Moskiewskiej", ch. "Slaughter in the capital", Russian translation
  66. Sergey Solovyov. History of Russia... изд. 8, стр. 847
  67. Troubles, Time of." Енциклопедија „Британика“. 2006
  68. Пожарски, Дмитриј Михајлович, Кнез Архивирано на 11 декември 2008 г.", Енциклопедија „Колумбија“
  69. 69,0 69,1 69,2 69,3 69,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име HyV.
  70. Basil Dmytryshyn, Modernization of Russia Under Peter I and Catherine II (Wiley, 1974) стр. 21
  71. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 2.1.
  72. 72,0 72,1 Петар Велики. Создавање на Руската Империја. www.znanje.org
  73. „History“. Parallel 60. Архивирано од изворникот на 2018-02-01. Посетено на 2007-07-23.
  74. Riasonovsky A History of Russia (fifth ed.) pp.302-3; Charques A Short History of Russia (Phoenix, second ed. 1962) p.125
  75. Riasonovsky p.302-307
  76. Riasonovsky p.324
  77. See Norman Davies: God's Playground: A History of Poland (OUP, 1981) vol. 2, pp.315-333; and 352-63
  78. „Славофил“Енциклопедија „Британика“
  79. From Nyet to Da: understanding the Russians, page 65 by Yale Richmond, Intercultural Press; 3rd edition (January 2003)
  80. Thomas Nemeth. „Russian Philosophy“. The Internet Encyclopedia of Philosophy. Посетено на 2007-07-23.
  81. Excerpt from "Enserfed population in Russia published at Демоскоп Weekly, No 293 - 294, June 18 јули 1, 2007
  82. Riasonovsky pp.386-7
  83. Riasonovsky p.349
  84. 84,0 84,1 Transformation of Russia in the Nineteenth Century, excerpted from Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998. ISBN 0-16-061212-8.
  85. Orthodoxy, Autocracy, and Nationality, Енциклопедија „Британика“
  86. Hugo S. Cunninggam, Konstantin Petrovich Pobedonostsev (1827-1907): Reactionary Views on Democracy, General Education. Retrieved 21 јули 2007.
  87. Robert F. Byrnes, "Pobedonostsev: His Life and Thought" in Political Science Quarterly, Vol. 85, No. 3 (September, 1970), pp. 528–530.
  88. Arthur E. Adams, "Pobedonostsev's Religious Politics" in Church History, Vol. 22, No. 4 (December, 1953), pp. 314–326.
  89. For an analysis of the reaction of the elites to the revolutionaries see Manning, Roberta. The Crisis of the Old Order in Russia: Gentry and Government. Princeton University Press, 1982.
  90. 90,0 90,1 90,2 90,3 90,4 90,5 The Last Years of the Autocracy, excerpted from Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998. ISBN 0-16-061212-8.
  91. Keegan, 139.
  92. 92,0 92,1 The Russian Revolution in the History Channel Encyclopedia.
  93. See Orlando Figes: A People's Tragedy (Pimlico, 1996) passim
  94. "Tsar Killed, USSR Formed," in 20th Century Russia. Retrieved 21 јули 2007.
  95. Soviet Union Information Bureau, Area and Population. Retrieved 21 јули 2007.
  96. 96,0 96,1 96,2 96,3 96,4 96,5 Richman, Sheldon (1981). „War Communism to NEP: The Road to Serfdom“ (PDF). The Journal of Libertarian Studies. 5 (1): 89–97.
  97. Pushkareva, Natalia. „Marriage in Twentieth Century Russia: Traditional Precepts and Innovative Experiments“ (.doc). Russian Academy of Sciences. Посетено на 2007-07-23.
  98. Larissa Remennick (1991), "Epidemology and Determinants of Induced Abortion in the USSR," in Soc. Sci. Med. 33(7): 841-848.
  99. I. Deutscher, Stalin: A Political Biography, Oxford University Press, 1949, pp. 294–344.
  100. 100,0 100,1 100,2 Conquest, Robert. The Harvest of Sorrow: Soviet Collectivization and the Terror-Famine. New York: Oxford University Press, 1987. ISBN 0-19-505180-7.
  101. Viola, Lynne. Peasant Rebels under Stalin. Collectivization and the Culture of Peasant Resistance. 2nd ed. New York: Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-513104-5.
  102. Conquest, Robert. The Great Terror: A Reassessment. New York: Oxford University Press, 1990. ISBN 0-19-507132-8.
  103. The Gulag Collection: Paintings of Nikolai Getman
  104. Gregory, Paul R. & Valery Lazarev (eds.). The Economics of Forced Labor: The Soviet Gulag. Stanford: Hoover Institution Press, 2003. ISBN 0-8179-3942-3.
  105. Ivanova, Galina M. Labor Camp Socialism: The Gulag in the Soviet Totalitarian System. Armonk, NY: M. E. Sharpe, 2000. ISBN 0-7656-0427-2.
  106. „Anne Applebaum -- Inside the Gulag“. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 2009-12-07.
  107. Applebaum, Anne. Gulag: A History of the Soviet Camps. London: Penguin Books, 2003. ISBN 0-7139-9322-7.
  108. See, eg. Mein Kampf
  109. Payne, Stanley G. The Spanish Civil War, the Soviet Union, and Communism. New Haven: Yale University Press, 2004. ISBN 0-300-10068-X
  110. Radosh, Ronald, Mary Habeck & Grigory Sevostianov (eds.). Spain Betrayed: The Soviet Union in the Spanish Civil War. New Haven: Yale University Press, 2001. ISBN 0-300-08981-3.
  111. Coox, Alvin D. The Anatomy of a Small War: The Soviet-Japanese Struggle for Changkufeng/Khasan, 1938. Westport, CT: Greenwood Press, 1977. ISBN 0-8371-9479-2.
  112. Coox, Alvin D. Nomonhan: Japan against Russia, 1939. 2 vols. Stanford: Stanford University Press, 1990. ISBN 0-8047-1835-0.
  113. Roberts, Geoffrey (1992). The Soviet Decision for a Pact with Nazi Germany. Soviet Studies 44 (1), 57-78.
  114. Ericson, Edward E. Feeding the German Eagle: Soviet Economic Aid to Nazi Germany, 1933-1941. New York: Praeger, 1999. ISBN 0-275-96337-3.
  115. Leaders mourn Soviet wartime dead
  116. Gross, Jan Tomasz. Revolution from Abroad: The Soviet Conquest of Poland's Western Ukraine and Western Belorussia. Princeton: Princeton University Press, 2002. 2nd ed. ISBN 0-691-09603-1.
  117. Zaloga, Steven & Victor Madej. The Polish Campaign 1939. 2nd ed. New York: Hippocrene Books, 1991. ISBN 0-87052-013-X.
  118. Vehviläinen, Olli. Finland in the Second World War: Between Germany and Russia. New York: Palgrave, 2002. ISBN 0-333-80149-0
  119. Van Dyke, Carl. The Soviet Invasion of Finland 1939-1940. London: Frank Cass, 1997. ISBN 0-7146-4314-9.
  120. Dima, Nicholas. Bessarabia and Bukovina: The Soviet-Romanian Territorial Dispute. Boulder, CO: East European Monographs, 1982. ISBN 0-88033-003-1.
  121. Tarulis, Albert N. Soviet Policy Toward the Baltic States 1918-1940. Notre Dame, IN: University of Notre Dame Press, 1959.
  122. Misiunas, Romuald J. & Rein Taagepera. The Baltic States: The Years of Dependence, 1940-90. 2nd ed. London: Hurst & Co, 1993. ISBN 1-85065-157-4.
  123. А. В. Десять мифов Второй мировой. — М.: Эксмо, Яуза, 2004, ISBN 5-699-07634-4
  124. Mikhail Meltyukhov, Stalin's Missed Chance, М. И. Мельтюхов Упущенный шанс Сталина: Советский Союз и борьба за Европу 1939-1941 гг. : Документы, факты, суждения. Изд. 2-е, испр., доп. ISBN 5-7838-1196-3 (second edition)
  125. Gilbert, Martin. The Second World War: A Complete History. 2nd ed. New York: Owl Books, 1991. ISBN 0-8050-1788-7.
  126. Thurston, Robert W. & Bernd Bonwetsch (ed.). The People's War: Responses to World War II in the Soviet Union. Urbana: University of Illinois Press, 2000. ISBN 0-252-02600-4.
  127. Clark, Alan. Barbarossa: The Russian-German Conflict, 1941-1945. New York: Harper Perennial, 1985. ISBN 0-688-04268-6.
  128. Beevor, Antony. Stalingrad, The Fateful Siege: 1942-1943. New York: Viking, 1998. ISBN 0-670-87095-1.
  129. Glantz, David M. & Jonathan M. House. When Titans Clashed: How the Red Army Stopped Hitler. Lawrence: University Press of Kansas, 1998. ISBN 0-7006-0717-X.
  130. Beevor, Antony. Berlin: The Downfall, 1945. 3rd ed. London: Penguin Books, 2004. ISBN 0-14-101747-3.
  131. Glantz, David M. The Soviet 1945 Strategic Offensive in Manchuria: ‘August Storm’. London: Routledge, 2003. ISBN 0-7146-5279-2.
  132. This is far higher than the original number of 7 million given by Stalin, and, indeed, the number has increased under various Soviet and Russian Federation leaders. See Mark Harrison, The Economics of World War II: Six Great Powers in International Comparison, Cambridge University Press, 1998, p. 291 (ISBN 0-521-78503-0), for more information.
  133. As evidenced at the post-war Nuremberg Trials. See Ginsburg, George, The Nuremberg Trial and International Law, Martinus Nijhoff, 1990, p. 160. ISBN 0-7923-0798-4.
  134. Gerlach, C. «Kalkulierte Morde» Hamburger Edition, Hamburg, 1999
  135. Россия и СССР в войнах ХХ века", М. "Олма- Пресс", 2001 год
  136. Final Compensation Pending for Former Nazi Forced Laborers
  137. „Case Study: Soviet Prisoners-of-War (POWs), 1941-42“. Gendercide Watch. Посетено на 2007-07-22.
  138. "Soviet Casualties and Combat Losses in the Twentieth Century", Greenhill Books, London, 1997, G. F. Krivosheev
  139. Christian Streit: Keine Kameraden: Die Wehrmacht und die Sowjetischen Kriegsgefangenen, 1941-1945, Bonn: Dietz (3. Aufl., 1. Aufl. 1978), ISBN 3-8012-5016-4
  140. Gaddis, John (1990). Russia, the Soviet Union, and the United States: An Interpretive History. McGraw-Hill. стр. 176. ISBN 0075572583.
  141. Ray Salvatore Jennings "The Road Ahead: Lessons in Nation Building from Japan, Germany, and Afghanistan for Postwar Iraq Архивирано на 23 декември 2003 г. May 2003, Peaceworks No. 49 pg.15
  142. 142,0 142,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име LaFeber 1991.
  143. Mastny, Vojtech, Malcolm Byrne & Magdalena Klotzbach (eds.). Cardboard Castle?: An Inside History Of The Warsaw Pact, 1955-1991. Budapest: Central European University Press, 2005. ISBN 963-7326-08-1.
  144. Holloway, David & Jane M. O. Sharp. The Warsaw Pact: Alliance in Transition? Ithaca: Cornell University Press, 1984. ISBN 0-8014-1775-9.
  145. Holden, Gerard. The Warsaw Pact: Soviet Security and Bloc Politics. Oxford: Blackwell, 1989. ISBN 0-631-16775-7.
  146. 146,0 146,1 „Nikita Sergeyevich Khrushchev“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2007-07-22.
  147. „Leonid Ilyich Brezhnev“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2007-07-22.
  148. Steve Garber (2007-01-19). „Sputnik and The Dawn of the Space Age“. NASA. Посетено на 2007-07-22. History changed on 4 октомври 1957, when the Soviet Union successfully launched Sputnik I. The world's first artificial satellite ...
  149. Neil Perry (2001-04-12). „Yuri Gagarin“. Guardian Unlimited. Посетено на 2007-07-22. April 12 2001 is the fortieth anniversary of Yuri Gagarin's flight into space, the first time a human left the planet
  150. William E. Odom, The Collapse of the Soviet Military, Yale University Press, 1998, p јануари
  151. 151,0 151,1 LaFeber 2002, 332
  152. LaFaber 2002, 331-333
  153. "Cold War," A Dictionary of World History. Oxford University Press, 2000. Oxford Reference Online. Oxford University Press.
  154. 154,0 154,1 „Timeline: Soviet Union“. BBC. Посетено на 2007-07-22. 1991 25 декември - Gorbachev resigns as Soviet president; US recognises independence of remaining Soviet republics
  155. Peter Nolan, China's Rise, Russia's Fall. Macmillan Press, 1995. pp. 17–18.
  156. See Fairbanks, Jr., Charles H. 1999. "The Feudalization of the State". Journal of Democracy 10(2):47–53.
  157. „Russian president praises 1990s as cradle of democracy“. Johnson's Russia List. Посетено на 2007-07-20.
  158. CNN Apologetic Yeltsin resigns; Putin becomes acting president Архивирано на 13 ноември 2007 г.. Written by Jim Morris. Published 31 декември 1999.
  159. „Putin's hold on the Russians“. BBC. 2007-06-28. Посетено на 2007-07-22. In the 2000 election, he took 53% of the vote in the first round and, four years later, was re-elected with a landslide majority of 71%.

Дополнителни информации

уреди
  • The Cambridge History of Russia. 3 volumes. Cambridge, Eng: Cambridge University Press, 2006.
  • Freeze, Gregory L. (ed.). Russia: A History. 2nd ed. New York: Oxford University Press, 2002. ISBN 0-19-860511-0.
  • McKenzie, David & Michael W. Curran. A History of Russia, the Soviet Union, and Beyond. 6th ed. Belmont, CA: Wadsworth Publishing, 2001. ISBN 0-534-58698-8.
  • Riasanovsky, Nicholas V. and Mark D. Steinberg. A History of Russia. 7th ed. New York: Oxford University Press, 2004, 800 pages. ISBN 0-19-515394-4

Русија пред револуцијата

  • Christian, David. A History of Russia, Central Asia and Mongolia. Vol. 1: Inner Eurasia from Prehistory to the Mongol Empire. Malden, MA: Blackwell Publishers, 1998. ISBN 0-631-20814-3.
  • Russia : a country study / Federal Research Division, Library of Congress; edited by Glenn E. Curtis. Washington, DC: Federal Research Division, Library of Congress,1998. DK510.23.R883 1998
  • Hobsbawm, Eric. The Age of Revolution, 1789–1848 Vintage, 1996, 368 pages. ISBN 0-679-77253-7
  • Manning, Roberta. The Crisis of the Old Order in Russia: Gentry and Government. Princeton University Press, 1982.
  • Moss, Walter G. A History of Russia. Vol. 1: To 1917. 2d ed. Anthem Press, 2002.
  • Skocpol, Theda. States and Social Revolutions: A Comparative Analysis of France, Russia, and China. Cambridge U Press, 1988, 448 pages ISBN 0-521-29499-1

Во време на Советскиот Сојуз

  • Seventeen Moments in Soviet History (An on-line archive of primary source materials on Soviet history.)
  • Cohen, Stephen F. Rethinking the Soviet Experience: Politics and History since 1917. New York: Oxford University Press, 1985.
  • Fitzpatrick, Sheila. The Russian Revolution. New York: Oxford University Press, 1982, 208 pages. ISBN 0-19-280204-6
  • Gregory, Paul R. and Robert C. Stuart, Russian and Soviet Economic Performance and Structure, Addison-Wesley, Seventh Edition, 2001.
  • Lewin, Moshe. Russian Peasants and Soviet Power. Evanston: Northwestern University Press, 1968.
  • McCauley, Martin. The Soviet Union 1917–1991. 2d ed. London: Longman, 1993, 440 pages. ISBN 0-582-01323-2
  • Moss, Walter G. A History of Russia. Vol. 2: Since 1855. 2d ed. Anthem Press, 2005.
  • Nove, Alec. An Economic History of the USSR, 1917–1991. 3rd ed. London: Penguin Books, 1993. ISBN 0-14-015774-3.
  • Remington, Thomas. Building Socialism in Bolshevik Russia. Pittsburgh: University of Pittsburgh Press, 1984.
  • Service, Robert. A History of Twentieth-Century Russia. 2nd ed. Cambridge, MA: Harvard University Press, 1999. ISBN 0-674-40348-7.
  • Regelson, Lev. Tragedy of Russian Church. 1917–1953. http://www.regels.org/TRCcont.htm Архивирано на 6 јули 2009 г.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз

  • Cohen, Stephen. Failed Crusade: America and the Tragedy of Post-Communist Russia. New York: W.W. Norton, 2000, 320 pages. ISBN 0-393-32226-2
  • Paul R. Gregory and Robert C. Stuart, Russian and Soviet Economic Performance and Structure, Addison-Wesley, Seventh Edition, 2001.
  • Medvedev, Roy. Post-Soviet Russia A Journey Through the Yeltsin Era, Columbia University Press, 2002, 394 pages. ISBN 0-231-10607-6
  • Moss, Walter G. A History of Russia. Vol. 2: Since 1855. 2d ed. Anthem Press, 2005. Chapter 22.


  Статијата „Историја на Русија“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).