Ирена Пејовиќ е македонска сликарка.

Биографија уреди

Ирена Пејовиќ е родена во 1981 година, Гевгелија, живее и работи во САД. Дипломира и магистрира Ликовна уметност на Државниот универзитет „Монтклер“. Во 2016 год., Пејовиќ била дел од перформансот SWIM на американскиот уметник Роберт Витман, презентиран во Галеријата „Фридман“ во Њујорк, а реализиран во соработка на „Диа“ и со Џули Мартин, директор на „Експерименти во уметноста и технологијата“. Селектирани самостојни изложби има од држаново: Галеријата „Ненси Дрифос“ на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси; Галеријата „Карас“, Загреб, Хрватска; Галеријата „Аферо“, Неварк, Њу Џерси; Галеријата МЦ во Њујорк. Пејовиќ има добиено неколку значајни награди за својата уметност – 2018 год.: Државната награда за индивидуални уметници од Советот за уметностина Њу Џерси; 2014 год.: Наградата од Обединетата македонска дијаспора: Џон Битов Македонско културно наследство; 2013 год.: Step Beyond Travel Grant од Европската културна фондација. Вонреден професор е на Државниот универзитет „Монтклер“ и на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси, САД. [1]

Наводи уреди