Интраперсонална комуникација

Интраперсоналната комуникација претставува општење со самиот себеси. Таа е ментален акт со кој човеко разговара со себе. Оваа појава изгледа дека не е типична појава на комуникација, сепак е многу честа и содржи белези карактеристики на комуникациски процес. Се смета дека интраперсоналното комуницирање е основа за сите други комуникации меѓу луѓето. Ова комуницирање се однесува на движењето на идеите во менталните процеси на поединецот кои се одвиваат без физичко присуство на други лица. Тоа значи дека интраперсоналната комуникација е ограничена на личноста, која во општењето со својата средина, пред да изнесе некој став, пред да донесе одлука и пред да преземе некоја постапка, во себе ги става во меѓусебна комуникација своите знаења, вредности, интереси, цели и сите други содржини на својата ментална структура.