Посреднички елемент

(Пренасочено од Интерфејс елемент)

Кај програмирањето, елемент (наречен и виџет од англ. widget, од „window gadget[1]) — елемент на графички кориснички посредник (ГКП или GUI) кој прикажува информации чиј распоред корисникот може да го прилагодува според своите желби и потреби, како да речеме прозорец или поле за текст. Посредничките елементи се карактеристични по тоа што овозможуваат едно единствено место за содејствување и непосредно манипулирање со даден вид податоци. Со други зборови, посредничките елементи се основни визуелни кои, заедно со програмот, ги содржат сите податоци што програмот ги обработува и сите достапни начини на работа со тие податоци.

Разни посреднички елементи

Истражувањата на Истражниот центар во Паоло Алто (Palo Alto Research Center Inc.) вродило плоден материјал за изработка некои општи посреднички елементи за сметачот „Ксерокс Алто“ (Xerox Alto) од 1973 г. Разни наменски преработки на овие општи елементи честопати се пакуваат заедно во т.н. прибори за елементи, со чија помош програмерите создаваат графички кориснички посредници (ГКП). Највеќето оперативни системи нудат прилагодливи елементи кои програмерот треба да ги вметне во програмот, укажувајќи на очекуваните постапки и намена. Кај објектно-ориентираното програмирање (ООП) секој вид вакви елементи се утврдува како класа. Затоа многу елементи се изведени како наследство од класите.

Сроден (но поразличен) поим е програмски кориснички елемент, кој може да се најде на работната површина на сметачот. Ова е мал специјализиран посреднички програм што дава извесни визуелни информации и/или лесен пристап до често користени функции како часовник, календар, новински агрегати, калкулатор и лепенки за белешки. Ваквите елементи работат на основа на програм за кориснички елементи (англ. widget engine).

Список на чести општи елементи уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ралф Р. Свик, Марк С. Акерман (1988). „X-прибор: Уште тули за изградба на кориснички посредници, или „Виџети" под наем“. USENIX зима. стр. 221–228. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 3 јануари 2007. (англиски)