Илјас Сабриу

Политичар од Македонија

Илјас Сабриу (роден на 10 јуни 1951 година во Пирок, Тетовско) — македонски политичар.

Илјас Сабриу
Министер за труд и социјална политика
На должноста
20 март 1991 – 28 февруари 1996
Премиер Никола Кљусев
Бранко Црвенковски
Претходник нема
Наследник Насер Зибери
Лични податоци
Роден(а) 10 јуни 1951
Пирок, Тетовско
Националност Албанец
Партија ПДП

Животопис

уреди

Илијаз Сабриу завршил економски факултет во Приштина во 1973 година[1]. Како економист бил вработен во Секторот за план и анализа на Собранието на Општина Тетово од 1974 до 1982 година. Во текот на својата работна кариера бил Претседател на Извршниот совет на Општина Тетово од 1982 до 1986 година, заменик на претседателот на Републичкиот комитет за труд од 1986 до 1988 година, заменик на претседателот на Републичкиот комитет за стопанство од 1988 до 1990 година[2].

Во периодот од 20 март 1991 до 28 февруари 1996 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија.

На Парламентарните избори од 1998 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.

Наводи

уреди
Претходник
нема
Министер за труд и социјална политика
20 март 1991 - 28 февруари 1996
Наследник
Насер Зибери