Изглибе

село во Костурско, Егејска Македонија

Изглибе (грчки: Πορειά , Порија; до 1928 г. Ίσγκλιμπι, Изглиби)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Изглибе
Πορειά
Изглибе is located in Грција
Изглибе
Изглибе
Местоположба во областа
Изглибе во рамките на Костур (општина)
Изглибе
Местоположба на Изглибе во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°28′N 21°13′E / 40.467° СГШ; 21.217° ИГД / 40.467; 21.217
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвета Троица
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно512
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 8 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската котлина на десниот брег од реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 680 метри.

Историја

уреди

Во XV век во Изглибе биле евидентирани 16 христијански и 3 муслимански семејства.[3].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Изглибе имало 168 жители.[4]. Во периодот до 1900 година, селото преминало под влијание на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Изгибле се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 32 куќи.[6]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 256 жители под врховенството на Бугарската егзархија и работело бугарско училиште[7][8].

Според грчка статистика од 1905 година во селото живееле 150 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 40 семејства[9]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[10]

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 218 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 177 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Порија.[12] Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[13], по кое било предадено на бугарските сили.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 3 деца од селото биле протерани како деца бегалци[14]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 206 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 271 жител.

Селото во пописот од 1951 година броело 188 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 208 жители, во 1971 година имало 220 жители, во 1981 година имало 241 жител, додека во 1991 година имало 335 жители[16]. Денеска, населението на селото е 457 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 271 188 208 220 241 335 457 512
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Личности

уреди
Родени во Изглибе

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι
  3. Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, р. 110.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  5. Илюстрация Илинден, 1936, бр. 79, стр. 1
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  9. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  10. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  11. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  12. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  14. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-16.
  15. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-16.
  17. Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 121 - 122.