Извиено торзо
„КСБ Turning Torso“ или на македонски „Извиено торзо“, е облакодер во Малме, (Шведска). Го дизајнирал шпанскиот архитект Сантјаго Калатрава и официјално бил отворен на 27 август 2005 година. По завршување на изградбата, Тернинг Торсо бил највисока града во Скандинавија[1] и втор по големина кондоминијум во Европа.[2]
Зградата е висока 190 метри и има 54 ката. Дизајнот бил заснован на скулптурата на Сантјаго Калатрава која е наречена Твистинг Торсо.
Една од причините за изградбата на овој облакодер била повторното воспоставување на препознатливиот хоризонт на градот Малме, бидејќи во 2002 година бил отстранет Коцкумскранен („Коцкумскиот кран“), кој бил сместен на помалку од еден километар од облакодерот. Локалните политичари сметале дека е многу важно за граѓаните да имаат симбол на градот Малме - Коцкумскранен, кој бил огромен кран кој се користел за изградба на бродови. Тернинг Торсо може да се смета за споменик на новото, интернационализирано Малме.
Наводи
уреди- ↑ „Santiago Calatrava's Turning Torso Wins Council on Tall Buildings and Urban Habitat's 10 Year Award“. Architect (англиски). 2015-08-07. Посетено на 2017-02-18.
- ↑ „Twisting Tall Buildings“. CTBUH. August 2016. Архивирано од изворникот на 2017-08-08. Посетено на 2017-02-05.
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |