Ида Планина (Турција)

Ида Планина или Каздаги (Kaz Dağları, Karataş Tepesi: „гускина планина“) - планина во Турција, Мала Азија, југоисточно од урнатитните на Троја. Највисокиот врв на Ида Планина, со 1 774 м надморска висина, е Кирклар Тепеси, кој во древно време се викал Гаргарус или Гаргарон.

Ида Планина
Kazdağı, Turkey
Troas.png
Местоположба на Ида Планина на картата на древна Тројада
Највисока точка
Истакнатост1 774
Географија

Ида Планина отсекогаш била поврзана со митовите и култовите.

МитологијаУреди

Во древни времиња планината ѝ била посветена на божицата Кибела. Бројни се митолошките епизоди поврзани со Ида Планина:

  • Зевс го грабнал убавиот Ганимед на падините на Ида Планина и го однел на Олимп.
  • Афродита тука го сретнува смртниот Анхис, таткото на Енеј.
  • Хермафродит, синот на Хермес и Афродита до своето полнолетство бил одгледан тука.
  • Пријам го оставил сина си Парис тука за да го растргнат ѕверови, но го нашле овчари и го одгледале.
  • Тука е одржан и натпреварот во убавина кога Парис одлучил дека Афродита е најубава.
  • Боговите од Олимп се сместиле тука за да гледаат како се одвива Тројанската војна.