Игманскиот марш (филм)
„Игманскиот марш“ (српскохрватски: Игмански марш) — филм од 1983 година, режиран од Здравко Шотра. Главните улоги ги играат: Тихомир Арсиќ, Бранислав Лечиќ, Велимир Бата Живоиновиќ итн.[1].
Синопсис
уредиКон крајот на јануари 1942 година, Првата пролетерска бригада, која на планината Романија е опколена од многубројната германска војска, започнува борби со цел да го пробие обрачот и, минувајќи ја планината Игман, да дојде до ослободената Фоча. Маршот преку планината Игман е изведен ноќта меѓу 27. и 28. јануари, по длбок снег и голем студ. Во текот на маршот околу четириесет партизани замрзнале поради што во партизанската болница во Фоча без анестезија им биле ампутирани смрзнатите делови од телото...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |