Ивица Златевски (Волково, Општина Ѓорче Петров, 20 декември 1976Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци - Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.[1]

Ивица Златевски
20.12.1976 – 10.08.2001 (24 г.)

Роден во:Волково, Скопје, СР Македонија
Починал во:Љуботенски Бачила, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Војник од резервен состав
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва уреди

Ивица Златевски е роден на 20 декември 1976 година во скопското село Волково. Според неговите блиски, од Ивица зрачеше спортскиот дух и ентузијазам, во време кога беше убеден дека доаѓаат подобри времиња во неговиот и животот на земјата. Доаѓа од мешано семејство каде што тато му е Македонец а мајка му Србинка. Ивица завршува во „Димитар Влахов“ училиште за касап. После тоа го отслужува воениот рок во касарната „Ѓорче Петров“, каде бил шеф на готвачите. Тој никогаш не работел на струката. Се вработил после отслужувањето на воениот рок во соседството во автомеханичарски сервис. Беше горд што мајка му била Србинка и се чувствуваше пола Македонец пола Србин. Од вујко му ја земал војничката капа од српската армија и си ја понесе во Љубанци. На мајка му, Ивица и донела и слики: на едни со македонска беретка, на друга со српска.[2]

Животот го гледаше само од убавата страна. Во ридиштата крај Љубанци, на 10 август 2001 година, со силната експолизија поставена од терористите, загинува Ивица. Тој посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Цвеќе за жртвите кај Љуботенски Бачила“. Утрински Весник. 10 август 2014. Посетено на 2015-08-27.[мртва врска]
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 172 – 174.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-29.