Иван Цветановски (роден на 5 декември 1984 во Скопје, Македонија) — уставобранител[1] од настаните за 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Иван Цветановски
Уставобранител на Република Македонија
Лични податоци
Роден(а) 5 декември 1984
Скопје, СР Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник
  • Ѓурѓица Цветановска (в. 2012)
Деца 3
Установа Универзитет Св.”Кирил и Методиј” - Скопје
Занимање Собраниски службеник
Професија Безбедност
Вероисповед Православен христијанин

Животопис уреди

Основното образование Иван Цветановски го завршил во основното училиштеОУ Тихомир Милошевски“[2]‘во Општина Ѓорче Петров[3]. Средното образование го продолжил во гимназијата ,,СГГУ Здравко Цветковски“. По завршувањето на средното училиште се запишал на Универзитет Св.”Кирил и Методиј” - Скопје, Филозофски факултет – Институт за безбедност, одбрана и мир[2]. Тој магистрира во 2019 година на истиот факултет и е магистер по стратегија и одбрана. Својата професионална кариера ја започнува во Собранието на Република Македонија од април 2008 година како практикант.

Од 2009 година работи во Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски како кабинетски советник сè до 27 април 2017 година. Потоа работи во Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

 
Петтата конференција на претседатели на Парламентите од земјите на Западен Балкан, Будимпешта

На 28 ноември 2017 година, Иван Цветановски во 5 часот наутро пред своите малолетни деца бил уапсен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок Член[3] 313 од КЗ по упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година.[1] Архивирано на 28 октомври 2021 г. Тој е притворен во истражниот затвор во Скопје - Шуто Оризари. Суден е во судскиот процес за настаните од 27 април 2017 година[4] за потоа да добие амнестија со Закон за амнестија од 18 декември 2018 година[5].[2] Архивирано на 28 октомври 2021 г.

Член е на ВМРО-ДПМНЕ[6] од 2004 година кога започнува со активизам и функции во Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ[1]

Иван Цветановски е член на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација - Скопје[7] од јануари 2022 година.

Иван Цветановски е оженет, татко на три деца.

Поврзано уреди

Нaводи уреди

  1. „Уставобранител“.
  2. „Институт за безбедност, одбрана и мир“.
  3. „Член 313 од КЗ“.
  4. „Почеток на судењето за 27 април“. www.focus.mk.
  5. „Амнестија 27 април“. www.pravdiko.mk. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 2021-10-28.
  6. „ВМРО-ДПМНЕ“.
  7. „Управен одбор - ЈП Водовод и канализација - Скопје“.