Значка - американски филм, во режија на Роб Хенсон. Главните улоги ги играат: Патриша Аркет, Били Боб Торнтон и Џули Хегерти.

Содржина уреди

Грубиот шериф Дарл Хардвик има неуспешен брак зад себе, склон е кон алкохол и често ја злоупотребува својата положба. Кога во блиското мочуриште ќе биде најдено мртвото тело на транссексуалната проститутка Мона, тој го презема случајот. Работите се усложнуваат кога Дарл ќе ја запознае стриптизетата Скарлет, која тврди дека е сопруга на Мона.[1]

Наводи уреди

  1. „Значка“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 26.