Список на знамиња на Македонија

(Пренасочено од Знамиња на Македонија)

Ова е список на знамиња на Македонија во кој се вклучени вклучени националните знамиња, национални симболи и знамиња на општини, користени низ историјата и денес. За националното знаме, видете знаме на Македонија.

Република МакедонијаУреди

Знаме Датум Употреба Опис
  1995 – Знаме на Република Македонија Жолто сонце со осум краци на црвена основа.

Историски знамињаУреди

Државотворни знамињаУреди

Знаме Датум Употреба Опис
  1991 – 1995 Знаме на Република Македонија Црвено знаме со ѕвездата од Кутлеш во средина.
  1947 – 1991 Знаме на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Три еднакви хоризонтални полиња, плаво најоре, бело во средина и црвено на дното, и црвена ѕвезда во средина.
  1946 – 1991 Знаме на Социјалистичка Република Македонија Црвено знаме со жолта ѕвезда го горниот лев агол.
  1944 – 1946 Знаме на Народна Република Македонија Црвено знаме со жолта ѕвезда во средина.
  1903 Знаме на четатата на Питу Гули од Крушевското горско началство.[1] Црвено знаме од свилена ткаенина и со низ од жолта срма. Во средината над палмов венец со златна свила биле извезани две стиснати раце - симбол на единството, а над нив - запален факел. Околу симболиката било мотото "Свобода или смъртъ" и натпис "Знаме на Крушевската чета".[2]
  1903 Црвено знаме на Крушевската Република. Црвено знаме без текст. Според некои извори знамето на приверемената влада имало од едната страна исправен лав и натпис "Свобода или смъртъ", а од другата пишело: "Богъ е с нас - дерзай народе".[3]
  1876 Знаме на Разловечкото востание Црвено знаме со црвен разјарен лав на жолто-златна подлога и над него извезен натпис „МАКЕДОНІЯ“ и натпис над знамето „Станете да ви освобода“

Локални знамињаУреди

Знаме Датум Употреба Опис
  1941 – 1945 Знаме на партизанското движење Три еднакви хоризонтални полиња, плаво најоре, бело во средина и црвено на дното, и црвена ѕвезда во средина.
  1920[4][5] Знаме на ВМРО. Хоризонтални две полиња, црвено и црно.
  - Мијачко знаме Крст и кратенките ИС ХР НИ КА во бел круг на црвена позадина.
  1914 Знаме на Македонската колонија во Петроград, Русија Коњ во бел квадрат на црвена позадина и сонце во долниот лев агол над кое има натпис „ЕДИНА НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНÏА"
  1903 Охридско востаничко знаме Жена со знаме во раката и натпис „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ и натписи МАКЕДОНИЯ и IIий окрѫгъ VIтаоколия, кое се состои од три бои - бела, зелена и црвена.[3][4]
  1903 Струшкото востаничко знаме Жена со знаме во раката и натпис „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ“[5]
  1903 Знаме на Загоричани Лав со сабја во десната, пушка во левата шепа и круна на главата. Над него има натпис „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ“, а под него „20 юли, 1903, ЗАГОРИЧЕНИ“.
  1903 Востаничко илинденско знаме. Црвено знаме со натпис „20 юлий“.
  1921 Знаме на Илинденската Организација.[6] Црвено со картата на Македонија и со востаник кој држи црвено знаме со девизата на организацијата: "За нея ние се боримъ, за нея ние мремъ."

Општински знамињаУреди

ЕтничкиУреди

Знаме Датум Употреба Опис
  1991 – Неофицијално македонско етничко знаме Црвено знаме со Ѕвездата од Кутлеш .
  1990 – Неофицијално македонско етничко знаме Црвено знаме со кралска розета во средина и Ѕвездата од Кутлеш .
  1990 – Неофицијално македонско етничко знаме. Црвено знаме со стилизиран жолт лав.
  1992 – Неофицијално македонско етничко знаме Црвено знаме со стилизиран жолт лав.

Предлози за македонски знамињаУреди

Знаме Датум Употреба Опис
  1995 Предлог за Македонско знаме од 1995. Нема употреба Црвено-сино знаме со жолт двоглав орел. Има и звеѕда помеѓу главите
  1992 Предлог за Македонско знаме. Нема употреба Црвено знаме со црни линии и Ѕвездата од Кутлеш во горниот лев агол.
  1992 Предлог за Македонско знаме од 1992. Има широка употреба вон македонските институции Црвено знаме со Ѕвездата од Кутлеш и кралска розета во средина.
  1992 Предлог за Македонско знаме. Се употрбува од страна на ВМРО-ДПМНЕ Црвено знаме со стилизиран жолт лав.
  1992 Предлог за Македонско знаме. Се употрбува од страна на ВМРО-ДПМНЕ Црвено-црно знаме со стилизиран жолт лав.

Знамиња на македонците во дијаспоратаУреди

Македонците во светот првостепено ја користат Ѕвездата од Кутлеш и државното знаме. Во земјите каде што се признати помеѓу овие знамиња имаат и свои, регулирани со закон кои ги користат.

Знаме Датум Употреба Опис
  90-те – Официјално знаме на македонците во Србија, регулирано со закон Црвено знаме со Ѕвездата од Кутлеш обиколона со златен круг.
  90-те – Знаме на македонците во Словенија Ѕвездата од Кутлеш со банер на слвенечкото знаме на левата страна.
  1991 – Знаме на македонците во Хрватска Црвено знаме со седумкрако сонце и шховница во подножјето.

Општински знамињаУреди

Надворешни врскиУреди

Д-р Ѓорѓе Миљковиќ, "Илинденските знамиња и печати", Скопје, "Mенора", 2003.

БелешкиУреди

  1. Glasnik na Институтot za nacionalna istorija, Tomove 34–39, (Skopje, Macedonia), 1990, str. 39.
  2. Иванов, Иван, „Знамената на освободителното движение и въстанията в Македония и Тракия“, изд. Св. „Георги Победоносец“, София, 1998 г., стр. 45
  3. Според писмо на бугарскиот конзул во Битола д-р Бешков до премиерот на зградата се веело црвено знаме од едната страна со исправен лав со натпис "Свобода или смъртъ", а од другата: "Дерзай народе - Богъ е с нас ". Istoricheski pregled, tom 34, Bŭlgarsko istorichesko druzhestvo, Институт za istoria (Bŭlgarska akademia na naukite), 1978, стр. 85.
  4. Големото МРО не е ВМРО! (Повод: Премолчувањето на известувачите од МАНУ) Спасе Шуплиновски ....Токму на 70-годишнината од тој чин, на 17 јуни 1990 година, се одржа основачкиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што не е случајно. Оваа партија го зеде за свој симбол знамето на врховистичката ВМРО на Ванчо Михајлов: црвено-црно со златен лав... види: Utrinski vesnik - issue 1166, October 16, 2006 [1]
  5. Во официjална реч пред Македонскиот Парламент Jaни Маркадули тврди: "...Иако, да бидеме искрени, на манифестациите каде што се појавуваат партиите со предзнак ВМРО, има едни со 16-то кракото сонце, едни со лав, едни со црвено-црното знаме на Александров и т.н. [2]
  6. Членска карта со девизата и символите на Илинденската Организација

^ Охридското востаничко знаме (1903), страница "Македониjа низ вековите" на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Државниот архив на Македонија.
^ Современа слика од Националниот воено-историски музеj во Софија на страницата www.boiniznamena.com (бугарски)
^ Современа слика од Националниот воено-историски музеj во Софија на страницата www.boiniznamena.com (бугарски)
^ Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
^ Границите на Општина Дебар во Југозападниот статистички регион во 2004 се зголемени за сметка на дел од Општина Ростуше, претходникот на Општина Маврово и Ростуше, во Полошкиот регион