Знаме на Есватини

(Пренасочено од Знаме на Свазиленд)

Знамето на Есватини било усвоено на 1 октомври 1968 г..[1] како знаме на Свазиленд, како што се нарекувала државата до 2018 г. Составено е од една средишна голема лента во црвена боја, две мали жолти ленти и две поголеми сини ленти. Црвената боја ги симболизира минатите борби на народот, сината за мир и стабилност и жолтата за природните ресурси. Во средината има штит и две копја кои ја симболизира безбедноста на државата. Штитот е во бела и црна боја кои ја претставува хармонијата помеѓу белите и црните луѓе. Знамето е засновано на знамето предложено од кралот Собхуза II во 1941 година.


Знаме на Есватини
}}
Употреба државно и воено знаме државно и воено знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 6 октомври 1968
Кралското знаме на Есватини[2]

Наводи

уреди

Поврзано

уреди